Црна хроника
Претреси во Кочани и кочанско, пронајдена дрога, приведени пет лица

Полицијата приведе пет лица од Кочани и кочанско, кај нив била пронајдена марихуана.
Според информациите на МВР, на 3 мај уапсени се М.Ц.(21) од с.Облешево, кочанско, С.М.(26) од с.Чешиново, кочанско, А.Р.(26) од Кочани, Н.М.(20) од Кочани и Д.М.(19) од Кочани.
При претреси во домовите на М.Ц. и С.М. во Облешево и Чешиново, извршени со судски наредби, била пронајдена и одземена марихуана.
Додека, полициски службеници од ОВР Кочани кај Н.М. и Д.М. пронашле и одзеле марихуана, која претходно ја купиле од А.Р..
Исто така, со судска наредба се извршени претреси во домовите на А.Р. и Н.М.. По целосно документирање на случаите, ОВР Кочани ќе поднесе соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претседателот на ФК „Слога“ нападнал фудбалер на ФК „Карбинци“

Инцидент се случил вчера на градскиот стадион во Виница.
Според информациите на МВР, М.Д.(35) од с.Стар Караорман, штипско, фудбалер на ФК „Карбинци“, пријавил во полиција дека околу 15 часот во службени простории на ФК „Слога“ од Виница, на Градскиот стадион во Виница, пред започнување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Слога“ Виница и ФК „Карбинци“, бил физички нападнат од Д.М.(42) од Виница, претседател на ФК „Слога“.
Додека траел инцидентот, комесарот за безбедност на ФК.„Слога“, Н.К.(40) од Виница ја држел затворена вратата за влез на другите фудбалери од екипата на ФК „Карбинци“.
Во врска со настанот, во полициска станица е извршен службен разговор со Д.М. и Н.К.. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Четири малолетнички физички нападнале и ограбиле девојче во Аеродром

Четири малолетнички физички нападнале и ограбиле 13-годишно девојче во Аеродром.
Според информациите на МВР, А.Л.(47) од Скопје пријавил дека на 03.05.2025 околу 21.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, неговата 13-годишна ќерка била физички нападната од четири малолетнички кои ги познавала, кои притоа и одзеле пари и лични работи.
За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Мртво новороденче донесено на Детска клиника, мајката се породила дома

Вчера во 07.15 часот во СВР Скопје, од Детската клиника при Комплексот клиники „Мајка Tереза“ во Скопје било пријавено во полиција дека околу 06.20 часот кај нив било донесено мртво новороденче.
Лекар констатирал смрт, а, според пријавеното, 25-годишната мајка од Скопје во раните утрински часови се породила во својот дом во Скопје, по што таа и бебето биле пренесена на клиниката.
За настанот бил известен јавен обвинител, а телото на бебето било дадено на обдукција, велат од МВР.