Црна хроника
Приведен крадец во Радовишко, следува соодветна пријава

Вчера во Полициската станица Радовиш е извршен службен разговор со 21-годишниот А.А. од село Злеово, радовишко, кој претходно беше приведен поради учество во физичка пресметка со уште три лица во село Злеово.
Во разговорот тој признал дека во периодот од јануари до мај 2025 година на подрачје на Радовиш извршил една „тешка кражба“ и едно „одземање на моторно возило“, а извршил и две кривични дела „одземање на моторно возило“ на подрачје на Струмица.
Од него се одземени предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела, запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен возач во Штип, управувал возило со 2,27 промили алкохол во крвта

Вчера вечер во Штип, полициски службеници го лишија од слобода С.Т.(52) од с.Долни Липовиќ, радовишко.
При сообраќајна контрола на ул.„Маршал Тито“ во Штип е сопрено патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,27 промили алкохол во крвта.
Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Прегазено 13-годишно девојче во Скопско, возачот избегал

Тринаесетгодишно девојче вчера било удрено со автомобил во скопско Батинци, а возачот избегал.
Според информациите на МВР, вчера околу 09 часот на сервисна улица која ги поврзува регионален пат Скопје-ХЕЦ Козјак и село Батинци, скопско, патничко возило удрило во малолетничка од село Црн Врв, скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 13-годишната малолетничка, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Планинари од Германија и од Холандија се изгубиле на границата со Косово

Двајца планинари од Германија и Холандија се изгубиле на границата помеѓу Македонија и Косово.
Според информациите на МВР, вчера во 19.31 часот во Секторот за меѓународна полициска соработка, од Интерпол Германија е пријавено дека на граничната линија помеѓу Македонија и Република Косово се изгубиле две лица- државјани на Германија и Холандија, кои планинареле во близина на граничната линија.
Известени се СВР Тетово, Центар за управување со кризи и Регионалниот центар за гранични работи Север.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.