Црна хроника
Уапсен маж од Кавадарци, возел под дејство на алкохол

Вчера во 19.20 часот на улицата „Страшко Пинџур“ во Кавадарци полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода 43-годишниот Л.Т. од Кавадарци.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „пежо” со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Л.Т. и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,77 промили алкохол во крвта.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Поднесено обвинение за мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот и избега

Обвинителството поднесе обвинение против мотоциклистот кој на 1 јули усмрти пешак на кејот на Вардар, на пешачка зона, и избега.
Тој ќе одговара за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и занеукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
На 1 јули годинава, во вечерните часови, обвинетиот управувал мотор „Кавасаки“ по пешачка патека на улицата „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, наменета исклучиво за движење на пешаци.
Моторот го управувал без воопшто да поседува возачка дозвола и спротивно на сообраќајните прописи, без да ја прилагоди брзината на движење. Имено, иако брзината на движење на моторот била 35 километри на час, што е помала од максимално дозволената на пат во населено место, сепак на наведената локација таа била поголема од безбедна брзина, имајќи предвид дека станува збор за пешачка патека на која моторот можел единствено да го турка, а не и да го вози.
Затоа не успеал навреме да запре и удрил во телото на пешакот Југослав Николовски, роден 1957 година. При ударот, пешакот и сопатникот на моторот се здобиле со телесни повреди, а обвинетиот го оставил моторот и без да им укаже помош избегал од местото на несреќата.
Повредениот пешак со тешки телесни повреди бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје каде починал, додека сопатникот на моторот се здобил со телесни повреди.
Јавниот обвинител, со поднесеното обвинение, до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Црна хроника
Уапсени Србинки и Украинки во ноќен клуб во Гостивар

Во ноќен клуб во Гостивар полицијата уапси четири странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престој.
Според информациите на МВР, ноќеска во периодот од 01.05 до 02.10 часот полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле акциска контрола во ноќен клуб на улица „Илинденска“ во Гостивар, сопственост на Ј.А.(49) од Гостивар.
При тоа биле затекнати 15 женски лица, од кои 11 македонски државјанки и четири странски државјанки, на возраст од 31 до 42 години, од Србија и Украина.
Странските државјанки биле приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка поради злоупотреба на туристичкиот престој и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Црна хроника
Приведен возач од струшко, „летал“ со 176 км на час каде дозволената брзина е 80 км на час

Вчера во 08.45 часот полициски службеници го привеле М.Т.(58) од с.Горни Татеши, струшко, поради пречекорување на дозволената брзина со патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки на магистрален пат Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане.
При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека тој го управувал возилото со 176 километри на час на место каде со знак брзината е ограничена на 80 киломентри на час.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.