Економија
Агенцијата за странски инвестиции поттикнува вклучување на општините во процесот за привлекување нови инвеститори
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ одржа работен состанок со претставници на општините и компании од Пелагонискиот Плански Регион, на кој ја презентира иницијативата за нивно активно ангажирање во насока на обезбедување нови можности за заинтересираните инвеститори, како и забрзување на постапките за реализација на нови инвестиции.
Директорот Павлески побара од претставниците на локалната самоуправа да направат ревизија на нивните планови и да идентификуваат локации што може да се понудат на заинтересирани инвеститори за гринфилд-инвестиции.

Дополнително, ги повика и стопанствениците што имаат неискористени објекти да ги понудат на Агенцијата, која ќе ги понуди на заинтересирани инвеститори што бараат локации и можности за браунфилд-инвестиции.
Агенцијата се понуди да се јави како фасцилитатор на процесите и интеракциите на општините со други државни институции за забрзување на добивањето на сите потребни одобренија за инвеститорите.

На стопанствениците им беа презентирани и можностите што ги нудат порталите развиени од Агенцијата, каде што се нудат три клучни бенефити. Портал кој овозможува странските инвеститори да пронајдат, да стапат во контакт и да обезбедат домашни доставувачи, портал за презентација на извозната понуда на македонските компании и портал за браунфилд-инвестиции, на кој заинтересираните инвеститори може да пронајдат и да упатат барање за расположлива конкретна локација.

На презентацијата беа претставени и мерките за унапредување на индустриската политика и за поттикнување на инвестициите што се нудат преку Законот за финансика поддршка на инвестициите.
Агенцијата овие настани ги смета за клучни во вмережување на компаниите од регионите, идентификување на полињата за соработка и начините на кои Агенцијата може да им помогне да бидат уште поконкурентни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23% во однос на одлуката од 22.12.2025 година.
Од 30.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 72,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,649 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,042 ден/кг и сега ќе изнесува 33,649 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,908%, кај дизелот за 1,970%, кај екстра лесното масло за 1,282% и кај мазутот зголемувањето е за 5,201%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1801%.
Економија
Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во третиот квартал од 2025 година
Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција, извести Народната банка.
На крајот на третиот квартал од 2025 година:
„На 30.9.2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.494 милиони евра (или 27,1% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во третиот квартал од 2025 година, е намален за 106 милиони евра, или за 2,3%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67%.

Во текот на третиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 250 милиони евра и изнесува 8.738 милиони евра, што претставува 52,7% од проектираниот БДП за 2025 година“.
Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следната врска.
Економија
Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители.
Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта.
Министерството за земјоделство соопшти дека нивна цел останува зајакнувањето на домашното производство и поддршката на земјоделците.
Фото: pexels

