Економија
Ангеловска: Амандманите да се предлагаат анонимно – битна е содржината, не политичката партија

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, на комисиската расправа за буџетот за 2020 предложи промена на процесот на доставување амандмани, односно да се искористи технологијата и истите да се предлагаат анонимно.
На тврдењето на дел од пратениците на опозицијата дека амандманите не се прифаќаат бидејќи доаѓаат од опозицијата, министерката одговори дека единствена основа врз која се предлага или одбива амандманот е квалитетот на предлогот, затоа таа предложи во иднина амандманите да се предлагаат анонимно.
„Треба да се гледа содржината на амандманот, а не од која партија е поднесен, затоа амандманите за буџетот треба да се предлагаат анонимно, а решенијата да бидат детално објаснети и поткрепени со анализа и бројки. За да не се политизира моментот дали амандманот бил прифатен или одбиен во зависност од предлагачот, предлагам да има анонимност при поднесување на амандманите и да не се знае кој амандман од кого е поднесен. A тоа технологијата денес ни го овозможува. Секое добро и издржано решение се прифаќа, без разлика од која политичка партија доаѓа“, рече Ангеловска и посочи дека кај ребалансот на буџетот за 2019, третина од прифатените амандмани биле од опозицијата.
Министерката за финансии го прифати амандманот на пратеничките Маја Морачанин и Љиљана Поповска за обезбедување средства за акредитација на централна лабараторија и нови мерни инструменти за мерни станици за мерење на аерозагадување.
„Овој амандман ќе биде прифатен видоизменет, ќе бидат обезбедени средства во износ од 5 милиони. Сите тука го разбравме значењето на оваа лабораторија, за улогата на таа лабораторија во борбата против аерозагадувањето“, рече министерката Ангеловска.
Ангеловска посочи и дека е клучно да се предлагаат издржани решенија со реални суми. Таа истакна дека има повеќе амандмани каде се предлагаат нереално мали суми за проекти кои вредат десеткратно повеќе и сумата не кореспондира со реалните потреби. Ангеловска посочи и дека при предлагање на амандманите треба да има и анализа и разработено решение за да може истото да се дискутира.
Министерката за финансии рече сите поднесени амандмани за буџетот за 2020 година се во износ од 26 милијарди денари, од кои 350 амандмани се од опозицијата и се во износ од 23,2 милијарди денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.