Економија
Ангеловска-Бежоска: Денарот беше и останува еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија

Денарот беше и останува еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија, изјави гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, по повод 29 години од монетарното осамостојување.
Навраќајќи се наназад кон минатото, додава таа, слободно може да кажеме дека монетарното осамостојувањето се одвиваше во исклучително тежок период, чија главна одлика беше високата макроекономска нестабилност.
„Честите девалвации на курсот, кога речиси немаше девизни резерви, заедно со структурните проблеми, ја распламтуваа инфлацијата, која достигнуваше и четирицифрено ниво, а сето ова имаше силни ефекти врз економијата и животниот стандард на граѓаните. Економијата бележеше пад сѐ до 1996 година кога првпат по осамостојувањето, беше остварен економски раст од 1,2 %. Оттаму, несомнено, за воспоставување стабилен макроекономски амбиент биле неопходни голема храброст, посветеност и професионализам на тогашниот тим на Народната банка. Напорите на Народната банка, заедно со другите носители на политики и на академската заедница, одиграа клучна улога за прекинување на инфлациската спирала и стабилизирање на курсот на домашната валута. Во 1995 година беше официјализирана монетарната стратегија на стабилен девизен курс на денарот – стратегија за која и тогаш и сега постои широк консензус дека преставува еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија“, вели Ангеловска-Бежовска.
Според неа, веќе 24 години се ползуваат благодатите на макроекономската стабилност.
„Нашата економија е мала, трговски и финансиски отворена и оттаму подложна на надворешни шокови. И покрај многуте надворешни, но и внатрешни шокови, Народната банка постојано успева да ја одржува инфлацијата на умерено ниво, слично на европското. Ниската инфлација е од исклучително значење за заштитата на реалната куповна моќ на граѓаните, но и за одржувањето на конкурентноста на нашиот извоз, без кој малите економии како нашата не може да остварат повисок и одржлив раст“, вели гувернерката.
Значаен придонес за одржувањето ниска и стабилна инфлација, како основна цел на централната банка, вели таа, дава и стабилниот курс на домашната валута во однос на еврото.
Според неа, претпазливата монетарна политика, како и добрата координација со другите макроекономски политики, доведоа до речиси непрекинат раст на девизните резерви, кои денес се на историски највисокото ниво и директно ја зацврстуваат стабилноста на девизниот курс.
Потврда за здравата политика што ги спроведува Народната банка, додава Ангеловска-Бежовска, е историскиот исчекор со обезбедување пристап до девизна ликвидност од Европската централна банка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.