Економија
Ангеловска на тркалезна маса на Светската банка за поддршка на приватниот сектор во Ковид-19
Министерката за финансии Нина Ангеловска учествуваше на настан на Светска банка од висок профил – Тркалезна маса на тема “Политики за поддршка на приватниот сектор“ за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19. Целта на овој онлајн настан е да собере високи претставници од областа на финансии и економијата за да зборуваат за своите искуства и мерките кои ги преземаат за справување со последиците од КОВИД- 19 кризата и ефектите врз стопанството.
На тркалезната маса, покрај Ангеловска учествуваа министри за финансии, за економија, за инвестиции, гувернери на централни банки, како и високи претставници на Светска банка – Сејла Пазарбасиоглу потпретседател за рамномерен развој, финансии и институции, Мари Пангетсу, оперативен директор за развој и партнерство и други високи претставници.
Светска банка останува наш посветен партнер, како во поволни економски услови, кога ни е поддршка во мерките кои се преземаат за развој на економијата и општеството, така и сега – кога преземаме мерки за надминување на последиците на КОВИД-19 кризата, најголемата економска криза по Големата депресија. Инаку преку Светска банка се обезбедени дел од средствата за мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, со која околу 20.000 или една третина од сите компании во земјава кои вработуваат преку 130.000 лица, да ги задржат вработените и да исплатат пристојни плати во време на кризата, во услови кога нивните приходи се намалија за над 30 проценти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

