Економија
Анѓушев до компаниите: Државата сака да ви врати дел од средствата што сте ги направиле како инвестиција
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, во Стопанската комора на Македонија, пред претставници на компании, членки на комората, ги презентираше измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, усвоени неодамна, како и мерките од предлог-законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, кој само пред неколку дена е поставен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).
Како што информираат од владината прес-служба, Анѓушев нагласил дека економијата во земјата се развива во добра насока, а како доказ за тоа го навел растот на бруто-домашниот производ од 4,1% во првиот квартал и од 3,1% во вториот квартал на 2019 година.
„Знаете дека оваа година го изменивме и модифициравме Законот за финансиска поддршка на инвестициите врз база на барањата од стопанството, односно од коморите и компаниите. Законот е за поддршка на индустријата. Согласно податоците со кои располагаме, околу 4.000 компани ги исполнуваат условите да аплицираат за мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Ве поттикнувам да аплицирате, искористете ги мерките, државата сака да ви помогне во делот на тоа што веќе сте го направиле како инвестиција, да ви врати дел од средствата. Без разлика колкави се вашите инвестиции, ќе добиете назад дел од средствата така како што кажува законот“, потенцира вицепремиерот.
Анѓушев во своето излагање се осврна и на мерките планирани со Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, кои, како што рече, исто така се произлезени како барање и потреба на стопанството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

