Контакт

Економија

Бектеши: Во буџетот има повеќе средства за капитални инвестиции, обновливи извори на енергија и домашниот туризам

Објавено пред

Министерот за економија Крешник Бектеши, денеска на прес-конференција во Владата го презентираше pредлог-буџетот на Министерството за економија за 2022 година.

dobivaj vesti na viber

Министерот се осврна на проектите коишто е предвидено да ги реализира Министерството за економија следната година.

„Како резултат на пандемијата која предизвика здравствено-економска криза во целиот свет и кај нас минатите две години моравме да ги промениме приоритетите и најголем дел од bуџетот на Министерството за економија беше насочен кон поддршка на најпогодените сектори и најпогодените граѓани од пандемијата. Мерките коишто се реализираа низ шест пакети кризни мерки кои го донесовме и кои во голем дел се реализираа преку Министерството за економија го дадоа посакуваниот резултат. Морам да кажам и дека почнувајќи од вториот квартал годинава нашата економија оди во нагорен правец. Следната 2022 година ќе биде година на економско заздравување и забрзување на растот преку инвестиции“, рече Бектеши.

Тој нагласи дека главна карактеристика на целиот bуџет на државата е развојната компонента, со што се обезбедува непречено финансирање на функциите на државата, и силна финансиска поддршка за економското заздравување и забрзаниот, инклузивен и одржлив економски развој. Покрај тоа, како што истакна Бектеши, планирани се повисоки средства за капитални инвестиции, како и активности за подобра ефикасност и ефективност во нивното користење.

Буџетот на Министерството за економија за 2022 година е предвидено да изнесува 1,24 милијарди денари. Од овие средства 151 милиони денари се предвидени за плати и надоместоци на вработените. За капитални расходи се предвидени 733 милиони денари што е за скоро четири пати повеќе споредено со 2021 година, а 214 милиони денари за субвенции.

Во програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност за 2022 година предвидени се субвенции за граѓаните во вкупна вредност од 80 милиони денари, што е за 30 милиони денари повеќе споредено со средствата предвидени во 2021 година.

И оваа година Министерството за економија ќе покрива дел од трошоците за: Купени и вградени сончеви термални колектори во домаќинствата, за замена на ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата, купување печки на пелети во домаќинствата, дополнителни средства оваа година се наменети и за финансиска поддршка за производство на електрична енергија од повластени производители кои користат премија со оглед на фактот што забрзано се градат фотоволтаичните централи на приватно земјиште за што во изминатите две години беа објавени два огласи од страна на Министерството за економија, а дел од нив се веќе и пуштени во употреба.

За развојот на туризмот, промоција на Северна Македонија на светската туристичка мапа и поддршка на домашниот туризам следната година се предвидени 38.500.000 денари.

Во овој дел подолжуваат мерките за:  поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи, субвенции за туристички цели на селски домаќинства, поддршка на активен туризам, субвенции за дигитализација на туристичкиот сектор.

Следната 2022 година тројно е зголемен буџетот на Министерството за економија за субвенции за приватни претпријатија за што се предвидени 20,8 милиони денари и најголем дел од овие средства или 9 милиони денари се предвидени за имплементација на активности за паметна специјализација.

Во 2022 година зголемен е и буџетот за поддршка на претприемништвото, за што се предвидени вкупно 62,3 милиони денари, додека во 2020 година беа предвидени за оваа намена 50 милиони денари.

За поддршка на претприемништвото во 2022 година ќе биде обезбедена финансиска поддршка за: мерки за поддршка на претприемништвото и мали и средни претпријатија, кофинансирање на проекти за занаетчиски комори и развој и промоција на занаетчиството.

„Со цел за зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата, како и намалување на загадувањето на воздухот, што е еден од нашите приоритети и оваа година, продолжуваме со мерката за субвенции за вградување на уред на погон на ТНГ метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата. За оваа мерка се предвидени 11 милиони денари“, рече Бектеши.

Во Буџетот на Министерството за економија за 2022 година за изградба на гасоводната мрежа се предвидени 625 милиони денари, средства кои што АД НЕР планира да ги обезбеди преку емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда. Ова е неколкукратно зголемување споредено со минатата година кога за оваа намена беа одвоени 140 милиони денари.

Со овие 625 милиони денари предвидени се меѓу другото: Проект за реализација на гасификација на Република Северна Македонија – фаза 1; Пуштање во употреба на магистрален гасовод во Република Северна Македонија – Делници Клечовце- Неготино (Кавадарци), Неготино (Кавадарци) – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар. Предвидени се и идни проекти за изградба национален гасоводен систем; Интерконективни гасоводи со соседните држави; Меѓународни проекти за гасификација и регионална соработка.

Со предложениот буџет за 2022 година се обезбедува и поддршка и развој на малите и средни претпријатија, подобрување на деловната клима и зголемување на конкурентноста, поддршка и развој на енергетиката, поддршка на туризмот и угостителството, раст на инвестициите во енергетскиот сектор, зголемување на користењето на природниот гас и искористување на сончевата енергија во домаќинствата.

Економија

Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Објавено пред

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.

dobivaj vesti na viber

„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.

„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Економија

Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Објавено пред

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.

dobivaj vesti na viber

Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.

Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:

Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова

Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Економија

Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.

dobivaj vesti na viber

Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.

„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Евакуација во Психијатриската болница Бардовци, пожарот го зафати дворот

Попладнево избувна пожар во населбата Геге кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште шест кандидати за градоначалници

Покрај кандидатурата на Орце Ѓоргиевски за градоначалник на Скопје, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за уште шестмина кандидати кои...

Македонија8 часа

Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети – целта беше отворање јавна дебата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за немажени и неженети, појаснувајќи дека изјавата имала за цел да...

Македонија9 часа

Орце Ѓорѓиевски е кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, да биде кандидат за градоначалник на Градот...

Македонија12 часа

(Видео) Пожарите ќе се гаснат со пренаменети армиски и полициски возила кои 8 години биле запуштени, рече Мицкоски

Полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години биле целосно запуштени, се пренаменети за да ги гаснат шумските пожари....

Македонија12 часа

(Видео) Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, истакна дека ова лето државата е подготвена да се справи со...

Забава13 часа

Македонецот Никола Станишиќ победник на „Ѕвездите на Гранд“, во финалето ја запеа „Ако утре ме нема“ од ДНК и им ја посвети на жртвите од „Пулс“

Македонецот Никола Станишиќ е победник на регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, освојувајќи ја титулата со најмногу гласови од публиката...

Свет16 часа

Илон Маск: Основав нова партија

Илон Маск најави основање на нова политичка партија во САД под името „Американска партија“, еден ден откако на социјалната мрежа...

Свет16 часа

„Најдобриот разговор досега“ – Зеленски по телефонскиот повик со Трамп за системите „Патриот“ и одбраната на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша својот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп како најдобар во целиот овој период,...

Македонија1 ден

ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на...

Топ1 ден

Претставувајќи се како божји човек кој крши магии, скопјанец дошол до 400.000 евра од сопружници, барале помош за синот

Педесетчетиригодишен маж од селото Трубарево, скопско, е приведен поради сомнеж за измама, со што се стекнал со противправна имотна корист...

Македонија1 ден

(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,...

Македонија1 ден

„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската...

Топ1 ден

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка...

Топ2 дена

17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало...

Свет2 дена

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на...

Македонија2 дена

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија2 дена

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт2 дена

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија2 дена

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...