Економија
Бектеши: Eдностранo ќе може да се раскине концесија ако е загрозено здравјето на граѓаните

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска на прес-конференција информира за последните измени и дополнувања на Законот за минералните суровини. Како што информира министерот Бектеши, Министерството за економија веќе подолго време работеше на измена и дополнување на Законот за минералните суровини со цел да се изнајде долгорочно решение во случај кога се загрозени безбедноста и здравјето на локалното население.
„Главна цел на оваа Влада е да работи во интерес на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и да носи одлуки со кои ќе им излезе во пресрет на барањата не само на граѓаните туку и на бизнис-заедницата. Во изминатите неколку месеци до Министерството за економија пристигнаа повеќе претставки од граѓани и општини во однос на безбедноста на граѓаните во околината на населените места, каде што има концесии за минерални суровини, за што Министерството за економија и сите надлежни институции излегоа на терен и преку средби со граѓаните и надзор кај концесионерите ја увиде состојбата на терен. Во таа насока се изработени и последните законски измени, кои Министерството за економија ги достави до Владата и произлегуваат од барањата на граѓаните, но истовремено не одат на штета на бизнис-заедницата“, потенцира Бектеши.
Со законските измени се додаваат нови основи за еднистран раскин на договорот за концесија од страна на државата.
„Концесијата за експлоатација може да се раскине поради битна повреда на одредбите од договорот или на законите и прописите што се применуваат на договорот и во случај кога вршењето на експлоатацијата ги нарушува јавниот интерес, безбедноста и здравјето на населението. Во случај да се раскине договорот кога вршењето на експлоатацијата ги нарушува јавниот интерес, безбедноста и здравјето на населението, тогаш концесионерот може да поднесе барање за добивање нова концесија за експлоатација на друг локалитет и тоа директно за експлоатација и без спроведување јавен повик“, информира министерот Бектеши.
Според него, со законските измени исто така основ за едностран раскин на договорот за концесија е и кога концесионерот не го известил Министерството за економија како орган надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини дека има промени во уделите или акциите, кои одделно или во збир би довеле до промена на управувачкиот пакет во друштвото кој е мнозински сопственик кај концесионерот.
„Исто така, се додава и основ за раскинување на договорот за концесија доколку концесионерот експлоатира помалку од 30 проценти од предвидената количина минерална суровина во согласност со главниот рударски проект во текот на една година, освен доколку концесионерот достави образложение за причината за намалената експлоатација по што може да достави предлог за продолжување на намалената експлоатација за уште една година последователно“, појасни министерот и додаде дека со овие законски измени, кои денеска ќе се најдат на дневен ред на седница на Владата, се врши и усогласување на прекршочните одредби со новиот Закон за прекршоците, со кои казните за физичките лица се значително намалени, а за правните субјекти се направени сразмерно со големината на субјектот.
Меѓу новините во законот е и можноста на општините да поднесат барање за добивање концесија за експлоатација за потребите за изградба на општински пат по утврдената постапка за изградба на државни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.