Економија
Бељули: Со активни мерки за вработување ќе го намалиме јазот помеѓу понудата и побарувачката на работна сила

Проблемот со невработеноста и недостатокот на работна сила во Република Северна Македонија е доста комплексен и е условен од повеќе фактори. И покрај тоа што во Агенцијата за вработување во месец август 2024 година, евидентирани се 99.142 активни баратели на работа, работодавачите сè почесто изразуваат загриженост поради тешкотиите во наоѓање квалификувани работници. Една од причините поради која работодавачите се соочуваат со потешкотии при пополнување на слободните работни места е недостатокот на работници со соодветно образование и соодветни квалификации“, кажа директорот на Агенцијата за вработување на Северна Македонија, Сељатин Бељули на првата трибина од Платформата 100 % за тебе.
Според директорот, 61% (60194) од евидентираните баратели на работа се без образование или со завршено основно образование. Тие во најголемиот број не поседуваат никакви знаења и вештини за извршување на конкретни работни задачи, односно тоа се лица без никакво занимање. Тоа ги прави овие лица тешко вработливи, а долгорочното отсуство од пазарот на трудот, дополнително го отежнува нивното вклучување на истиот.
„Од друга страна, голем број од овие невработени лица се корисници на социјална парична помош, бидејќи Законот за социјална заштита ги обврзува да се пријавуваат во Агенцијата за вработување како активни баратели на работа“, потенцираше Бељули и кажа дека тоа значи дека тие имаат некаков приход по основ на парична помош во семејството, со кој покриваат основни животни трошоци, а сето ова ја намалува нивната мотивација да се вклучат во некои обуки за подигање на нивните знаења и вештини кои ќе им овозможат побрза интеграција на пазарот на трудот. „Токму тука е и предизвикот на Агенцијата за вработување и другите надлежни институции за да креираме и преземеме мерки за нивна активација и интеграција на пазарот на трудот, со што ќе се намали нивната пасивност и зависност од социјална парична помош“, кажа директорот на Агенцијата за вработување.
Директорот потенцираше дека исто така работодавачите се соочуваат и со други потешкотии при пополнување на работните места, како што се: недостаток од поседување на практични знаења и вештини за извршување на работните задачи во конкретното занимање; недостаток од основни или напредни компјутерски вештини; непознавање на странски јазици (за работни места каде овие знаења се неопходни) и сл.
„Меѓутоа, би сакал и да напоменам дека многу често и понудената плата од страна на работодавачите е причина за слабиот интерес за пополнување на работните места. Работодавачите најчесто бараат работници кои, покрај дипломата за завршено образование, треба да поседуваат и низа сертификати за стекнати знаења и вештини надвор од процесот на формалното образование. Но, наспроти тоа, недоволно ги вреднуваат нивните знаења и понудената плата за потенцијалните кандидати за вработување не е соодветна. Тоа се главно причините поради кои се јавува јазот помеѓу понудата и побарувачката на работната сила, па оттука е и клучната улога на Агенцијата за вработување и нејзините активности се насочени кон поуспешно поврзување на понудата и побарувачката на работна сила“, кажа Бељули и потенцираше дека во изминатите 100 дена откако е именуван за директор на Агенцијата за вработување покренати се повеќе иницијативи за развивање активности за вклучување на ранливите категории на пазарот на трудот, особено младите лица и долгорочно невработените.
„Во насока на намалување на невработеноста, Агенцијата за вработување спроведува голем број активни програми, мерки и услуги за вработување, како дел од годишните оперативни планови. Од година во година се одделуваат се повеќе средства за реализација на активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот, а со тоа се повеќе граѓани добиваат можност да се вклучат на пазарот на трудот. Со програмите и мерките за вработување се обезбедува: од една страна, креирање на нови работни места (како што се Програмата за самовработување, Програмата за поддршка за креирање на нови работни места, каде спаѓаат Субвенционирано вработување, Вработување и раст на правни субјекти и Поддршка за вработување на лица со попреченост). Oд друга страна, програми и мерки кои овозможуваат зголемување на вработливоста на невработените лица, преку подигање на нивните знаења и вештини (како што се Програмата за практикантство, и различни видови на обуки, односно обуки за побарувани занимања, Обука за стручни квалификации според барањата на работодавачите, Обука на работно место кај конкретен работодавач, Обуки за напредни ИТ вештини и др.)“ кажа директорот.
Според него, Агенцијата за вработување развива и спроведува и услуги за зголемување на конкурентноста на работната сила и задоволување на потребите на пазарот на трудот. Притоа, се применува индивидуален пристап во работењето ориентиран кон потребите на невработените лица и работодавачите.
„Во овој контекст би ги споменал услугите за вработување за невработените лица, и тоа: Посредување при вработување по барање на работодавач, Помош при барање работа, Организирање инфо средби, Мотивациски обуки, Професионална ориентација и кариерно советување, Советување и мотивација за корисници на гарантирана минимална помош и друго. Во наредниов период ќе бидат анализирани сите ефекти од досегашната имплементација на мерките за вработување и ќе се земат предвид при креирање на новиот ОП за 2025 година. Нашата цел не е само да се пресликаат досегашните мерки, наша цел е да се креираат мерки кои ќе дадат ефекти и одржливост на работните места, да се избалансира понудата и побарувачката на работната сила, земајќи ги предвид дигитализацијата и праведната транзиција кон зелена економија. Притоа, посебен фокус ќе биде вклучувањето на младите лица, со цел да спречиме одлив на младата работна сила во странство и да се создадеме услови нашите студенти кои студираат во странство практично да го спроведат своето знаење во државава“, кажа Бељули.
Директорот потенцираше дека сите овие активности ќе бидат координирани во тесна соработка меѓу надлежните министерства од областа на пазарот на трудот и образовниот сектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од 60 милиони евра

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од 60 милиони евра, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој кажа дека со ова се поставува почетокот на еден нов, енергетски посигурен, економски поефикасен и стратешки поисплатлив период за сите нас.
„Ова не е само инвестиција во цевки и бетон, туку уште еден значаен влог во енергетската независност и стабилност на земјата, во нејзиниот целокупен економски развој и во нејзината просперитетна иднина. Преку реализацијата на овој проект, како и најавените поврзувања со гасоводните системи на останати наши соседи, стануваме значајна енергетска крстосница, што очекувам дека ќе донесе конкретни придобивки за целиот регион, а пред сè за македонските граѓани и домашната економија“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека овој гасоводен интерконектор ќе донесе нови извори на природен гас, стабилно снабдување за индустријата и домаќинствата, пониски цени за граѓаните, поголема конкурентност за компаниите и една силна порака- конечно стануваме дел од европската енергетска мрежа.
Мицкоски информира дека со овој проект ќе бидат изградени 66,7 километри гасовод на македонска територија, со цевки со дијаметар од 700 милиметри. Почетниот капацитет е 1,5 милијарди кубни метри гас годишно, кој што може да се зголеми и до 3 милијарди.
Вкупната вредност на проектот е околу 3,7 милијарди денари, или околу 60 милиони евра.
Економија
Министерството за финасии: 16 меѓународни финансиски институции и комерцијални банки доставија писма за изразување интерес за финансирање на брзата пруга

Шеснаесет меѓународни финансиски институции и комерцијални банки доставија до Министерството за финансии писма за изразување на интерес за финансирање на пректот за брзата пруга од Коридорот 10, извести МФ.
Министерството за финансии во наредниот период ќе врши анализа и евалуација на пристигнатите понуди за финансирање на проектот за брзата пруга долж Коридорот 10.
Имено, Министерството за финансии достави писмо за барање интерес до 24 финансиски институции. Рокот за одговор беше 7 јули 2025 година. За реализација на проктот се бараа 1,91 милијарда евра.
Министерството за финансии го испрати барањето за изразување на интерес до меѓународните финансиски институции и комерцијални банки врз основа на Заклучок на Владата. Заедно со барањето Министерството за финансии испрати до меѓународните финансиски институции и банките и образложение за проектот подготвено од Министерството за транспорт и врски и МЖ Инфраструктура, а кое исто така беше разгледано од страна на Владата, се додава во соопштението на МФ.
Економија
Обезбедете ја иднината со Mint Ins животно осигурување

Што ако сè се смени за миг? Дали сте подготвени за неочекуваното? Животот не доаѓа со гаранции, понекогаш е доволен само еден миг за сè да се промени. Затоа постои животното осигурување: како ваша поддршка кога најмногу е потребна.
Со полиса за животно осигурување добивате чувство на сигурност, стабилност и грижа за иднината. Тоа е ветување дека вашите најмили ќе бидат заштитени и тогаш кога Вие нема да можете да бидете тука.
Во Mint Ins, не нудиме само осигурување. Ние Ви нудиме мирна совест, финансиска стабилност и чувство на контрола над иднината, за Вас и вашите најблиски.
Што е животно осигурување и зошто е важно?
Животното осигурување е еден од најценетите и најзастапени облици на осигурување во економски развиените земји, и тоа не без причина.
Овој вид на осигурување нуди двојна корист: од една страна обезбедува финансиска заштита за најблиските кои зависат од вашите приходи, а од друга страна служи и како форма на долгорочно штедење.
Полисата за животно осигурување претставува сигурност во случај на непредвидени настани и можност за акумулација на средства. Токму затоа, животното осигурување е паметен избор за секој што сака да се погрижи за иднината – и својата и на своето семејство.
Осигурувањето на живот значи:
· Сигурност – За вашето семејство, дури и кога Вас ве нема.
· Штедење – Акумулација на капитал за иднина.
· Спокој – Знаејќи дека сте презеле одговорност.
Зошто е важно да имате животно осигурување?
Животното осигурување е едно од најважните начини да се заштитите себе а и Вашите најблиски. Тоа е Ваша безбедносна мрежа, финансиска поддршка за Вашето семејство ако се случи нешто неочекувано, но и алатка за штедење, планирање и инвестирање во иднината.
· Финансиска заштита за семејството – Во моменти кога е најтешко, парите не треба да бидат проблем. Животното осигурување обезбедува стабилност за Вашите најблиски.
· Штедење со цел – Многу полиси комбинираат осигурување со акумулација на капитал – ваши пари, за Вашите цели.
· Мирна совест – Нема цена за спокојство. Кога знаете дека сте обезбедиле иднина, сè друго е полесно.
Видови на Mint Ins животно осигурување
Како лиценцирано брокерско друштво во осигурување, ние ги споредуваме и ви ги нудиме најдобрите полиси од водечките осигурителни компании во Македонија. Еве што можете да изберете:
Индивидуално осигурување со штедење
Индивидуалното осигурување на живот има штедна компонента бидеќи Вашите вложени средства се повратни. Овој вид на осигурување комбинира ризик и инвестиција, по истекот на рокот, добивате акумулиран износ.
Ризико животно осигурување
Најосновен и најдостапен вид на осигурување на живот што се вклучува само во случај на смрт за времетраењето на договорената полиса. Ризико животното осигурување е без штедење, идеално ако сакате чиста заштита.
Детско осигурување со штедење
Детското осигурување со штедење претставува двојна заштита за Вашето дете (осигурување и штедење). Преку овој вид на осигурителна полиса започнувате со градење капитал за иднината на Вашето дете од образование, стан, до сопствен бизнис.
Осигурување со еднократна уплата
Преку осигурувањето со еднократна уплата на премија вие добивате можност да вложите еднаш и да не морате да мислите повторно на животното осигурување. Изберете осигурување со еднократна уплата на премија без месечни обврски, со покритие што трае.
Колективно осигурување за компании
Бенефит што ги мотивира вработените и ја гради лојалноста. Колективното осигурување се вклучува по барање на работодавците со цел да обезбедат заштита на вработените од евентуална несреќа со последици по нивното здравје и живот.
Како да ја изберете вистинската полиса за животно осигурување
· Размислете долгорочно
Колку порано започнете – толку подобро. Премиите се пониски, а полисата може да акумулира повеќе вредност со тек на време.
· Поставете реални цели
Дали сакате само заштита, или и штедење? Полиса за себе, за дете, или за целото семејство? Почнете од она што Ви е навистина важно.
· Размислете за целокупната вредност
Најевтината полиса не е секогаш најдобра. Проверете што вклучува, кој е обемот на покритие и дали има дополнителни бенефити.
· Изберете доверлив партнер
Mint Ins работи со најдобрите компании на пазарот и е тука да ве советува објективно – без притисок, без скриени намери.
· Проверете дали има флексибилност
Животните околности се менуваат. Добра полиса треба да Ви дозволи да ја прилагодите премијата, рокот или корисниците во текот на времето.
Зошто Mint Ins?
Во Mint Ins, целиот процес е по Ваша мерка:
1. Индивидуален пристап: Ги слушаме Вашите потреби.
2. Споредба на понуди: Работиме со сите водечки компании во Македонија.ж
3. Брз и дигитализиран процес: Преку Mint App, сѐ е едноставно.
4. Професионална поддршка: Тука сме кога е најважно.
Mint Ins е Вашиот партнер за животно осигурување, професионално, сигурно и секогаш на Ваша страна.
Животно осигурување – најдобрата одлука што ќе ја донесете денес
Животното осигурување не е трошок, тоа е долгорочна инвестиција во иднината и безбедноста на вашето семејство.
Не чекајте животот да ве изненади. Преземете контрола и заштитете ги оние што ги сакате. Без разлика дали барате основна заштита или штедење за иднината, во Mint Ins ќе добиете професионален совет, прилагодена полиса и континуирана поддршка.
Контактирајте нѐ на телефон 15 107, емаил [email protected], или посетете не во една од нашите филијала. Заедно ќе најдеме решение што навистина Ви одговара.
ПР