Економија
(Видео) Битиќи во Битола: Исплативме 506 милиони денари финансиска помош за пелагониските компании
„Во Пелагонискиот регион исплативме над 506 милиони денари, поддршка за 77 компании за периодот 2018-2022 година, со што допринесуваме за рамномерен развој“, изјави заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, при посетата на компанијата Цермат во Битола, поддржана преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции (ЗФПИ).
Вицепремиерот Битиќи заедно со управителот на компанијата, Зоран Ристевски прошета по производствените капацитети на компанијата, за која рече дека е една современа европска компанија која ги следи светските трендови со постојано усовршување во производството на сладолед и континуирано воведува и нови производи, како што се замрзнато овошје и зеленчук, лиснато тесто, замрзната риба, млечни и кондиторски производи, препознатливи дома, во регионот и но и во земјите на ЕУ.
„Особено се радувам кога гледам европски дух, современ начин на функционирање на нашите компании како што е примерот со Цермат, каде секој производ е изработен од високо квалитетни суровини по оригинален рецепт и најсовремена технологија со меѓународниот стандард за храна IFS. Токму затоа со првиот договор за финансиска поддршка за периодот 2017-2021 година, компанијата Цермат добива финансиска поддршка, со акцент во делот „развој и истражување“ со исплатени над 48 милиони денари“, изјави Битиќи.
Вицепремиерот рече дека финансиската помош ја охрабри Цермат за нов инвестициски циклус, во кој влезе 2021 година, со времетраење на проектот до крајот на 2025 година, со исплатена финансиска поддршка од над 6 милиони и 400 илјади денари.
„Компаниите како Цермат имаат значителен импакт на локалниот економски развој на Битола и на регионалниот развој, и создаваат солидно платени работни места, и токму затоа во Пелагонискиот регион исплативме над 506 милиони денари поддршка за 77 компании за периодот 2018-2022 година, со што допринесуваме за рамномерен развој“, рече Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи информираше дека само минатата година се потпишаа преку 270 нови договори за поддршка со компании кои влегоа во инвестициски циклуси од околу 145 милиони евра, и ќе креираат повеќе од 3.700 работни места во наредните пет години или до завршувањето на нивните договори.
„Владата ќе продолжи да ги поддржува домашните компании за технолошки развој, дигитализација, внесување на иновации и поголема конкурентност на меѓународните пазари, бидејќи вака ги развиваме за нивните вработени, кои ги гарантираат нивните работни места и отвораат нови“, рече Битиќи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 16.2.2026 година.
Од 24.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,520 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 34,520 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,380%, кај дизелот за 2,624%, кај екстра лесното масло за 2,351% и кај мазутот зголемувањето е за 2,274%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4252%.
Економија
Работилница на македонската и грчката регулаторна комисија за енергетика: во фокусот поврзувањето на пазарите за електрична енергија
Регулаторното искуство во поврзување на пазарите за електрична енергија беше фокусот на третата заедничка работилница помеѓу Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY).
“Откако се донесе Законот за енергетика, во РКЕ се формирани тимови од инженери, економисти и правници кои работат интензивно на подзаконската регулатива што ќе обезбеди усогласување на домашната легислативата со европската. Ова е само еден од предусловите за да започне практичната интеграција на домашниот пазар со регионалните пазари, а потоа и со Европскиот пазар за електрична енергија. Регулаторната работилница за нас е можност да размениме искуства и знаење, затоа што грчкиот регулатор веќе го има затворено овој процес.“ посочи Лирим Сулејмани, заменик претседател на РКЕ.
Од Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY) ги презентираа регулаторните чекори кои што ги презеле при спојување со европскиот енергетски пазар, нагласувајќи дека ова е интензивен процес што бара блиска и ефикасна соработка на засегнатите страни за да се постигне јасна и транспарентна транзиција.
РКЕ и РАЕ минатата година во февруари склучија Меморандум за соработка во областите: енергија, вода и отпад со цел размена на регулаторна експертиза.
Економија
Божиновска со концесионерите во Прилеп: Развојот на рударството продолжува со јасни правила, повисоки стандарди и поголема контрола
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на работната посета на Прилеп одржа заедничка работна средба со најголемите концесионери од регионот, посветена на актуелните состојби во рударскиот сектор, предизвиците со кои се соочуваат компаниите и можностите за понатамошен развој.
На состанокот присуствуваа претставници на повеќе компании кои имаат значајна улога во експлоатацијата и преработката на минерални суровини. Во отворена дискусија се разговараше за тековната динамика на работа, инвестициите во модернизација на производството, предизвиците поврзани со административните постапки, како и потребата од предвидлива и стабилна регулаторна рамка која ќе овозможи долгорочно планирање и нови вложувања.
Министерката Божиновска нагласи дека државата има јасен интерес рударството да се развива како силен економски сектор, но исклучиво со целосно почитување на законските обврски, еколошките стандарди и безбедносните правила.
„Партнерството со компаниите е важно, но уште поважно е довербата на граѓаните. Затоа развојот мора да оди паралелно со одговорност, транспарентност и засилен надзор“, истакна Божиновска.
Концесионерите ја поздравија иницијативата за почести директни средби со институциите, оценувајќи дека ваквиот пристап овозможува побрзо решавање на отворените прашања и подобра координација во секторот.
На средбата беше потенцирана и потребата од засилен инспекциски надзор на терен, при што беше нагласено дека отворањето на новата канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп ќе придонесе за поефикасна контрола, еднакви услови за работа и дополнително зајакнување на стандардите во индустријата.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на континуиран дијалог со индустријата, со цел создавање стабилна деловна средина, одржлив економски раст и јасни придобивки за локалните заедници.

