Економија
Битиќи и Николовски во Гевгелија извршија увид на најзначајниот водоснабдителен проект браната Конско

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Гевгелија извршија увид на завршите активности од изградбата на најзначајниот и најголем водоснабдителен проект браната Конско.
Браната Конско е целосна инвестиција на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вредна 40 милиони евра, што претставува и најголем капитален водостопански објект, во последните 50 години, финансиран од Министерството. Градежните активности се во завршна фаза и согласно динамиката треба да завршат до крајот на овој месец, по што би следувале тестирањата на системите и потоа официјалното пуштање во употреба на овој важен проект.
Изградбата на браната Конско е важен проект во развојот на македонското земјоделство, во наводнувањето на земјоделските површини, но важна и за развој на туризмот и јакнењето на економијата во целиот регион.
Преку нов систем за наводнување и вештачко езеро, со браната Конско за 5 пати се зголемува наводнувањето на земјоделските површини, со капацитет за наводнување на 8.000 хектари плодно земјиште. Во целост се обезбедува потребната вода за наводнување на земјоделските површини во текот на целата година за 6.500 хектари земјоделско земјиште во јужниот дел од државата.
„За мене лично овој проект остава личен и историски белег. Започнавме со градба во 2018 година, поставувајќи го камен темелот и еве денес до финална реализација на овој проект во 2023 година. Бенефитите од изградбата на браната Конско, покрај развој и наводнување на земјоделското земјиште, се многубројни за сите граѓани од овој регион. Па така оваа брана обезбедува редовно снабдување со квалитетна вода за пиење, потоа во производството на електрична енергија. Но она што е и можеби најзначајно е обезбедувањето на вода и редовен торур за дотур на Дојранското Езеро”, истакна министерот Николовски.
Овој голем капитален проект го поттикнува развојот на земјоделството, влијае врз развојот на економијата во Општина Гевгелија, и унапредувањето на здравјето и квалитетот на живот на граѓаните од целиот овој регион.
„Со доаѓањето на оваа Влада во 2017 година една од нашите главни заложби беше да создадеме конкурентно земјоделство, кое ќе резултира со зголемување на производството на храна, а тоа пак ќе има импакт и врз регионалниот економски развој кој Владата го стимулира и преку финансиска поддршка на новите инвестиции”, истакна заменик претседателот Битиќи.
„Нема стабилно и квалитетно земјоделство без доволно вода. Една од петте клучни цели на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во оваа 2023 година беа и капиталните инвестиции во водостопанството. Оваа година со буџет од 884,9 милиони денари ги продолжуваме проектите со изградбата на браната Речани и Равен, изградбата на трета фаза од Јужновардарска долина и ги работевме малите системи за наводнување во Конопница и Теарце, а ги завршивме системите Чаушица, Славишко Поле, Пишица и Зајас.
Посветено продолжуваме и во следната 2024 година да вложуваме во изградба и реконструкција на системите за наводнување, обезбедувајќи стабилно и редовно наводнување до секоја една земјоделска површина“, се наведува во соопштението на Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.
Економија
Дурмиши од Струга: Инвестираме 40 милиони евра за граѓаните да останат и напредуваат дома

Денеска во Струга, Министерството за економија и труд и Агенцијата за вработување ја одржаа јавната презентација на Оперативниот план за вработување 2025. Настанот привлече голем интерес кај граѓаните, бизнисите и локалните институции, а главниот фокус беше ставен на мерките што директно ја засилуваат вработеноста и ја стимулираат економијата.
На презентацијата присуствуваше и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, кој порача дека Владата вложува во граѓаните – нивните идеи, капацитети и амбиции.
„Не нудиме празни ветувања, туку конкретни мерки, средства и поддршка. Оперативниот план е алатка за секој кој сака да започне, да се дообучи или да се вработи. Целта е јасна – да создадеме можности тука, дома“, истакна министерот Дурмиши.
Планот за 2025 година предвидува инвестиција од 40 милиони евра, насочена кон повеќе од 10.000 граѓани, а oд Министерството велат дек досегашниот одѕив покажува дека мерките веќе го даваат посакуваниот ефект.
Мерката за практикантство обезбедува вклучување на 1.352 млади лица до 29 години, од кои 40 преку онлајн практикантство. Секој учесник ќе добива месечен надомест од 12.000 денари во период од три месеци.
„Субвенционираното вработување за микро, мали и средни претпријатија веќе има над 2.000 апликации – доказ за високиот интерес на приватниот сектор да учествува во креирање нови работни места“, велат од Министерството.
Се додава и дека финансиската поддршка за започнување сопствен бизнис е успешно затворена со над 6.000 апликации, а во тек е селекцијата на корисниците, додека мерката 3.1 – Обука кај познат работодавач и понатаму останува една од најефикасните алатки за вработување.
„Овие бројки не се само статистика – зад секоја апликација стои приказна, надеж и одлука да се направи чекор напред. Нашата задача е да ја поддржиме таа одлука со реални алатки“, додаде министерот Дурмиши.
Настанот во Струга е дел од поширока теренска кампања, со која Министерството и Агенцијата за вработување ги претставуваат мерките директно пред граѓаните. Следуваат презентации во Гостивар, Кичево, Сарај, Липково и други општини со висока стапка на невработеност.