Економија
Болки во зглобовите? Дали се сите препарати исти?
БОЛКИ ВО ЗГЛОБОВИТЕ? ДАЛИ СЕ СИТЕ ПРЕПАРАТИ ИСТИ? ДАЛИ И КАКО ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ ОРИГИНАЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ? ЗОШТО Е CH ALPHA БРЕНД КОЈШТО ГО ОСВОИ СВЕТОТ, ГЕРМАНСКАТА СИЛА И МОЌ НА КВАЛИТЕТ Е ГАРАНЦИЈА ЗА СИГУРЕН ТРЕТМАН НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ?

Во последно време како компанија се соочуваме со тенденција на зголемена потрошувачка на препарати на колагенска основа но и сеопшта беспоштедна битка на препарати, на сите полиња од сите можни неможни средства, преку разни медиуми, било печатени било електронски. Како генерални застапници на компанијата Гелита и брендот CH Alpha сакаме да ја информираме јавноста и потрошувачите за неколку елементи со што ќе придонесеме за реално , точно и навремено информирање околу нашиот бренд со оглед на нивниот пристап на сите медиуми и можните забуни на пазарот. Ние за жал толку можеме, нашата сила се состои во вистината и за неа ќе се бориме, без разлика на условите на пазарот.

Имено, постојано сме соочени со промена на препаратот водејќи се од максимата – ЕВЕ, ОВА Е ИСТО, АМА Е ОД ДРУГА ФАБРИКА, или сме слушнале ваму, сме слушнале таму,земи го ова исто е и сл…
Ние не сакаме на ниту една компанија да и го оспориме правото да се бори на пазарот. Тоа е многу јасен постулат на економска битка на пазарот и тука не можеме ништо, но тоа не значи дека ние не треба да ги истакнеме фактите, а тие се:
1. CH Alpha е носител на супстанцијата Фортигел којашто е оргинатор на компанијата Гелита. Друга Гелита нема и друг Фортигел и во светот и кај нас нема. И тоа е факт.Тој е вграден во неколку светски колегански производи, а самата компанија оргинатор го има вградено во CH Alpha
2. CH Alpha нема контра препарат кој е ИСТ. Може другиот да е подобар, може да е полош, НО ИСТ НЕ Е. И тоа е факт.
3. Тоа што имаат колагенска основа не значи дека се исти. Ако имаме две спортски блузи, од кои едната е од АДИДАС, не значи дека и блузата од СПОТРЕКС е иста. Може да е подобра, може да е полоша, НО НЕ Е ИСТА.
4. Исто така, друга генерика, друг состав не може да биде ‘‘ИСТО Е И ОВА‘‘
5. Со сиот респект кон сите останати, но да се биде врвен германски бренд докажан директно и да бидеш оргинатор на голем број колаггенски продукти кои се користат е врвен дострел во оваа област
6. Играта од типот исто е, ама е од друга фабрика нанесува штета и на самата фабрика, а највеќе штети на самиот потрошувач. Ние немаме право да оспоруваме некој да продава, но имаме право, користејќи ги јавните медиуми да кажеме дека играта од типот земав CH Alpha од некоја соседна земја која што е иста, а не е иста, немаме само право туку и должност да кажеме дека тоа не е исто.

Се надеваме дека ова многу кратко објаснување ќе се сфати само и само како реална наша обврска да помогнеме сите потрошувачи кои се одлучиле да користат од нашиот препарат да не бидат изманипулирани со исклучително вешти методи дека користат нешто исто, а тоа да е далеку од вистината.
Ќе завршиме со нашиот слоган,
Никогаш не се помирувајте со обичноста, посебно не со здравјето..
Со почит,
Хелиос Медикал
П.С Нам ни е совршено јасно дека една аптека или систем којшто продава сака да понуди нешто што во тој момент дмета ДЕКА Е ИСТО, но исто така ни е јасно дека на тоа мораме да реаираме кога некој се служи со ментална игра од типор ЕВЕ ВИ, ПОВЕЛЕТЕ, ИСТО Е, ОВА Е НАША CH ALPHA!!!

(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)

