Контакт

Економија

Бугарски инвеститор во финални преговори за купување на Еуростандард банка

Објавено пред

Еуростандард банка е во сериозни неколкумесечни преговори со бугарски инвеститор заинтересиран да ја купи, брифираат вработени во банката. Вработените тврдат дека преговорите влегле во финална фаза, а бугарскиот инвеститор веќе почнал консултации со државните институции, кои треба да ја одобрат купопродажбата.

Од Еуростандард денес ниту потврдија ниту демантираа дека се во преговори со бугарски инвеститор. Најавија одговори на прашањата од „Макфакс“ за продажбата на банката, но до објавувањето на текстот не ги одговорија.

За можното купување на банката по покажаниот интерес за акциите, не сакаа да зборуваат ниту од Комерцијална банка. Оваа банка пред две недели преку Македонската берза извести дека ја разгледува можноста за преземање акции издадени од Еуростандард за што веќе направиле контакт со раководството за размена на информации.

„Во оваа рана фаза постапката не претставува намера за преземање и во ниеден аспект нема обврзувачки карактер, освен да го изрази првичниот интерес во рамките на претходната постапка да се стекнат информации врз основа на кои би се дефинирала евентуална намера за преземање во иднина. Поради тоа, ова известување не треба да се толкува како официјална намера за преземање на акциите издадени од Еуростандард банка АД Скопје“, извести Комерцијална банка пред две недели кога некои од медиумите пренесоа дека Комерцијална банка ја купува Еуростандард банка.

Акционерите на Еуростандард позитивно одговорија на интересот на Комерцијална за преземање на акциите. Тие преку соопштение известија дека преземањето ќе придонесе за подобрување на услугите и производите што ги нуди банката.

Од Комерцијална банка не одговорија на прашањето дали во бугарскиот инвеститор гледаат конкуренција за преземање на Еуростандард.

Економија

Ангеловска: За побрз економски раст – повеќе жени на раководни позиции

Објавено пред

Бројот на вработени мажи во Република Северна Македонија е повисок за над 150 илјади во однос на вработените жени, додека жените учествуваат со поголем процент во неактивното население. Само 2,6% од жените се работодавачи во земјава. Поактивното вклучување на жените во деловниот сектор и на раководни позиции, ќе придонесе за побрз економски раст и одржлив развој, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на панелот од високо ниво “Паметна родова економија“, кој се одржува во рамки на Годишните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон.

„Знаеме дека жените ширум светот се пообразовани од мажите. Исто така, знаеме дека жените низ целиот свет се помалку активни во деловниот сектор. Имаме многу мал процент на бизниси што ги водат жени. На пример, во Северна Македонија само 2,6% од жените се работодавачи. Исто така, имаме поголем удел на мажи кај вработеното население, додека поголем удел на жени кај неактивното население. Мислам дека ако можеме да ги охрабриме жените да бидат поамбициозни, да се стремат кон повисоко, тогаш ова ќе биде важен фактор за економски раст. За да нашите економии се развиваат, многу е важно да вклучиме повеќе жени на лидерски позиции“ рече Ангеловска.

На панелот на кој зборуваше Ангеловска, говореа и министерката за финансии и економија на Албанија Анила Денај, извршната директорка на Агенцијата за развој на Франција Реми Ру и заменик директорката на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија Катерина Матернова. Модератор на настанот беше директорката на Светска банка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер. Таа истакна дека само 17% од имотите во Северна Македонија се поседувани од жени или имаат жени ко-сопственици и дека ситуацијата е слична во другите земји на Западен Балкан, како и дека овој податок не се должи на законска регулатива, туку социјални норми.

Прикажи повеќе...

Економија

Светска банка ќе даде поддршка од 120 милиони долари за финансирање на пет проекти

Објавено пред

Светска банка ќе даде поддршка од околу 120 милиони долари за финансирање на пет проекти со кои ќе се подобри локалната инфраструктурата, да се модернизира пензискиот сектор и земјоделството, ќе се подобри енергетската ефикасност на јавните институции и ќе се обезбеди пристап до висококвалитетни широкопојасни услуги. За ова стана збор на состанокот помеѓу делегацијата предводена од министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска со потпретседателот на Светска банка (СБ) за Европа и Централна Азија Сирил Милер, со директорот на СБ за Западен Балкан Линда Ван Гелдер и со извршниот директор на Групацијата на СБ за Конституенцата Кун Дејвитсе, за време на Годишните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои се одржуваат во Вашингтон.

Од Министерството за финансии соопштија дека до почетокот на следната година треба да се потпише договорот со Светска банка (СБ) со која ќе се обезбедат 70 милиони евра за реализацијата на Проектот за изградба и рехабилитација на локални патишта. Преку Проектот за изградба и рехабилитација на локални патишта општините со проекти за локалните делници ќе можат да ги искористуваат средствата за да ја подобрат локалната инфраструктура.

Преку Проектот за енергетска ефикасност во вредност од 25 милиони евра ќе се вложува во подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти во општините и на објектите на јавните институции.

Проектот за модернизација на земјоделството е во вредност од околу 46 милиони евра, од кои 4,5 милиони евра ќе бидат грант средства. Преку овој проект ќе се подобри конкурентноста на земјоделскиот сектор преку советодавен едношалтерски систем и земјоделски откупни центри, а истовремено ќе се јакнат и капацитетите за спроведување на ИПАРД. Се очекува договорот за овој проект да се потпише со Светска банка на почетокот на 2020 година.

Исто така, во рамки на поддршката која ни ја дава Светска банка за пензиските реформи е и Проектот за модернизација на пензискиот сектор. Со овој проект ќе се модернизира пензиската администрација, ќе се воспостави единствен регистар на социјално осигурување, ќе се зајакне системот на вработување и професионална рехабилитација на лицата со инвалидност. Се очекува проектот да се потпише на почетокот на следната година.

До средината на следната година треба да се потпише и договор со Светска банка за финансирање на проектот Дигитална Македонија во износ од 30 милиони евра со кој ќе се овозможи пристап до висококвалитетни широкопојасни услуги.

Прикажи повеќе...

Економија

Општина Гази Баба додели субвенции за набавка на печки на пелети

Објавено пред

Општина Гази Баба продолжува со доделување на субвенции за набавка на печки на пелети. И оваа година општината надоместува дел од трошоците при набавка на овој тип на грејните тела во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари.

Според градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски пред присутните посочи дека со користењето на печките на пелети, а со тоа и незагадувачки материјали за греење, граѓаните директно придонесуваат за подобра животна средина.

„Според нашите истражувања, домашните ложишта кои користат загадувачки и несоодветни грејни материјали, се најголемите загадувачи на нашата околина.Токму затоа, оваа мерка општина Гази Баба и во иднина ќе ја реализира за што повеќе жители да можат да ја искористат и директно да влијаат за почиста средина, а со тоа да се подигне и свеста кај граѓаните за користење на еколошки огревни материјали“, рече Георгиевски.

За овие две години, општина Гази Баба додели вкупно 100 субвенции за набавка на печки на пелети.  Покрај оваа мерка, Владата ќе ги субвенционира граѓаните и за купување на инвертер клими со што дополнително ќе се придонесе до намалување на загаденоста како во град Скопје, така и во општините.
 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет30 минути

(Видео) Тестиран првиот лет во историјата од Њујорк до Сиднеј без прекин

Авион на австралискиот авиопревозник по 19 часа лет, утрово слета во Сиднеј. Тоа беше прв нон-стоп лет од Њујорк до...

Свет1 час

Трамп ја повлече одлуката самитот на Г7 да се одржи во неговиот хотел на Флорида

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече одлуката следниот амит на Г7 да се одржи во неговиот хотел „Дорал“ во близина...

Свет1 час

Турција планира да врати два милиони бегалци во Сирија

Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, изјави дека Турција сака силите на сириската Влада да се повлечат од пограничното подрачје,...

Македонија1 час

Лидерите на средба кај Пендаровски за предвремени парламентарни избори

Лидерите на најголемите политички партии денеска попладне во вила Водно ќе имаат лидерска средба, на која повика претседателот Стево Пендаровски...

Свет2 часа

Туск доби писмо од Џонсон за одлагање на брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск потврди дека синоќа добил писмо од британскиот премиер Борис Џонсон во кое се бара...

Свет2 часа

Во Барселона повторно судири меѓу полицијата и демонстрантите

Во Барселона синоќа продолжија судирите помеѓу полицијата и демонстрантите, откако Мадрид го одби барањето на каталонскиот лидер, Квим Тора, кој...

Свет15 часа

Турција ги предупреди САД: Исполнете ги своите обврски или ја обновуваме операцијата во Сирија

Турскиот министер за одбрана, Хилуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја обнови операцијата „Извор на мир“ во...

Свет18 часа

Џонсон: Предлог законот за брегзит ќе го испратам во парламентот идната недела

Британскиот премиер Бори Џонсон им порача на пратениците дека од Брисел нема да бара ново одлагање. Тој треба да побара...

Свет18 часа

Одложено конечното решавање на брегзит

Британските пратеници усвоиjа амандман со кој се бара одложување на гласањето за договорот за брегзит. За одлуката за пролонгирање на...

Топ19 часа

Во стан во Карпош пронајден мртов маж

Во стан на ул.„Вич“ во скопската населба Карпош, вчера утрото бил пронајден починат 54-годишнен маж, М.Ш., соопшти МВР. По наредба...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Очекувам да се договориме за избори, ако Заев не се премисли

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека очекува утре на лидерската средба да биде постигнат договор за предвремени парламентарни избори,...

Македонија23 часа

(Видео) Заев предлага предвремени избори што е можно побрзо

Премиерот Зоран Заев предлага одржување на предвремени парламентарни избори што е можно побрзо. Во своето прво обраќање откако Европската Унија...

Вести23 часа

(Видео) Вонредна состојба во Чиле по насилните протести поради поскапувањето на јавниот превоз

Чилеанскиот претседател, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако во градот со шест милиони луѓе синоќа избувнаа немири во...

Македонија24 часа

Инспекциски надзор во училиштето во Гостивар каде учениците ја поздравија воената операција во Сирија

Во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, каде што учениците со војнички поздрав ја поздравија турската офанзива во Сирија,...

Македонија24 часа

Измама во ФК Куманово 1903, претседателот затаил данок од речиси милион денари

Полицијата поднесе кривична пријава против претседателот на правното лице „Фудбалски клуб Куманово 1903“, против сметководителка и против правното лице Здружение...

Свет1 ден

Почна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

Авиокомпанијата „Квантас“ вчера вечер го почна најдолгиот комерцијален лет во светот што ќе ги поврзе Њујорк и Сиднеј и ќе...

Економија1 ден

Светска банка ќе даде поддршка од 120 милиони долари за финансирање на пет проекти

Светска банка ќе даде поддршка од околу 120 милиони долари за финансирање на пет проекти со кои ќе се подобри...

Европа1 ден

(Видео) Полицијата ја презеде контролата над улиците во Барселона, уапсени 27 лица

Каталонската и шпанската полиција ја презедоа контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови по синоќешните насилни протести. Полицијата...

Македонија1 ден

САД: Разочарани сме од одлуката на ЕУ за Северна Македонија

САД изразија разочараност затоа што Европскиот совет не додели датум за преговори за Северна Македонија и за Албанија.Стејт департментот наведува...

Спорт2 дена

Батистута повторно на операција: Ги молев лекарите да ми ги ампутираат нозете

Аргентинската фудбалска легенда, Габриел Батистута открива дека ги молел лекарите да му ги ампутираат нозете по големите проблеми со повредите...

Досие