Контакт

Економија

(Видео) Заев: Од компанија во стечај, поранешен „Фени“ има плати за 30% повисоки од просекот во државата

Објавено пред

Стечајната постапка во „Фени“, денеска „Еуроникел индустри“, не само што е најуспешна постапка во нашата историја, со расчистени долгови кон сите доверители, вклучително и кон вработените, туку денеска е компанија која со извоз од 200.000.000 милиони евра, учествува со 1,8% во вкупниот БДП на државата, и исплатува за 30% повисоки плати од просекот на своите работници, истакна премиерот Зоран Заев, на годишнината од работата на фабриката под раководство на новите сопственици, компанијата „ГСОЛ“ од Швајцарија.

„Со новата производствена линија, инвестиција вредна 15 милиони евра која ја пуштаме во работа денеска, ‘Еуроникел индустри’ од Кавадарци идната година планира извоз на фероникел во вредност од 300 до 320 милиони евра, што е еднакво на 2,7% учество во домашниот БДП, што е неверојатно остварување кога се очекува годишната вредност на нашиот БДП да достигне блиску 4%“, нагласи премиерот Заев во Кавадарци.

Тој кажа дека фабриката вработува 1.000 луѓе и додаде дека оваа компанија е столб во креирањето на бруто-домашниот производ и е, на еден начин, мотор на економскиот развој.

„Денес ‘Еуроникел индустри’ е производител на висококвалитетен никел, којшто успешно ги освојува пазарите во Европа, Азија и Америка. Тоа се пазарите на кои се извезува целокупното производство, со што компанијата се вбројува меѓу најголемите извозници од Северна Македонија“, рече Заев.

Економија

Пендаровски на средба со економските советници во Варшава, Анкара, Минхен и Абу Даби

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со Илија Псалтиров, Сузана Тунева, Бекри Ајдини и Абдилџемил Саити, економски советници во амбасадите на Република Северна Македонија во Варшава, Анкара и Абу Даби и конзулатот во Минхен.

Новоименуваните економски советници го информираа претседателот Пендаровски за своите планови за претставување на потенцијалите на Република Северна Македонија како дестинација за инвестирање, за промоција на извозните потенцијали, како и за промоција на државата како туристичка дестинација.

Претседателот Пендаровски изрази уверување дека со нивниот ангажман четворицата економски советници ќе дадат придонес во насока на зајакнување на економската дипломатија и на привлекување директни странски инвестиции, што ќе придонесе за обезбедување нови работни места и економски раст.

Претседателот Пендаровски на четворицата економски советници им посака успех во претстојниот ангажман и изрази очекување за конкретни резултати во искористувањето на економските потенцијали меѓу нашата држава и државите што економските советници ги покриваат.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Поцкова: Иако се прави ребаланс на буџет, пари за здравството нема

Објавено пред

Иако се прави и ребаланс на буџет, пари за здравството нема, а истото функционира на основ на донации, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Јадранка Поцкова, на собраниската седница на која се дебатира за ребалансот на буџетот за 2021 година.

„Врз основа на планираното и ребалансот на буџетот за годинава излегува дека дефицитот излегува 6,5 од бруто-домашниот производ, а раст од 4,1 посто. Вака високопозиционираниот раст е многу висок и тешко се постигнува затоа што младите се иселуваат, нема продуктивност, не се реализираат капиталните инвестиции“, рече Поцкова.

Пратеничката укажа дека разликата меѓу приходи и расходи се зголемува на сметка на граѓаните или истата ќе ја плаќаат тие.

„Со вакво проектирање секое семејство се задолжува за дополнителни 500 евра или задолжувањето е за купување на социјален мир . Токму тој социјален мир скапо ќе го чини секој граѓанин“, рече Поцкова.

Според Поцкова, за оваа влада секоја година е економска.

„На крајот излегува дека само цените се повисоки и ништо друго нема. Има само предизборен поткуп и грабеж на народните пари“, кажа Поцкова и додаде дека Македонија има еден од најлошите резултати за инвестиции.

„Сите држави од регионот имаат повеќе инвестиции од Македонија. Директните странски инвестиции во Македонија изнесуваат ни повеќе ни помалку од 1,9 проценти од БДП, додека, пак, во соседството бројките се следни, Босна и Херцеговина има странски директни инвестиции во 2020 година во вредност од 2,1 процент од БДП, Косово 4, Србија 4,8, Албанија 5,7, Црна Гора 11 проценти“, рече Поцкова.

Пратеничката се осврна и на тоа дека во ребалансот требало да има пари за здравството особено поради ковид-пандемијата.

„Дали нашето здравство го заслужува ова? Здравството се базира на донации, значи државата одвои многу малку средства за оваа област“, рече Поцкова.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Чаракчиев: Силно инвестираме во инфраструктурата, се гради низ целата држава

Објавено пред

СДСМ е силно посветен на реализација на капитални инфраструктурни проекти кои го унапредуваат квалитетот на животот на граѓаните. Како никогаш досега се инвестира во развој на патната инфраструктура низ целата држава, нагласи пратеникот од редовите на СДСМ, Коле Чаракчиев.

Според него, за првпат по 50 години се реконструира патот преку Националниот парк Галичица кој ги поврзува Охрид и Преспа.

Првата фаза е делницата на патниот правец од Царина Отешево до превојот на Галичица во должина од 14,9 километри, по што продолжува и реализацијата на втората фаза од превојот на Галичица до приклучок на патниот правец Охрид – Свети Наум во должина од 15 километри, објасни Чаракчиев.

Дополни дека е завршена реконструкцијата на регионалниот пат Битола – Нижеполе – Ски центар „Стрежево“ во должина од 5,5 километри, во вредност од 36 милиони денари.

„Рехабилитиран и пуштен во употреба е регионалниот пат Крупиште – Пробиштип во должина од 18 километри. Го довршивме автопатот Миладиновци – Штип кој добро знаете како беше оставен и незавршен, нефункционален без технички прием и пуштање во употреба. Ја изградивме првата фаза од експресниот пат од Штип до Крупиште, ја пуштивме во употреба и првата фаза од експресниот пат Штип – Радовиш, во вкупна должина од 40.5 км, а во септември очекуваме да се пушти во употреба и делницата од Бучим до Радовиш. Вкупна сума на овој проект е над 46 милиони евра“, напомена пратеникот од СДСМ.

Тој додаде дека Владата предводена од СДСМ вложила преку една милијарда евра за подобрување на патната инфраструктура низ целата држава со цел граѓаните да возат побезбедни и модерни патишта.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Maкедонците сè уште се вакцинираат на белградскиот саем

Македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот саем. „Меѓу 300 и 500 граѓани се вакцинираат дневно на местото на...

Македонија19 минути

Напад врз новинар ќе се смета како напад врз службено лице, се воведува и кривично дело „демнење“

Министерот за правда Бојан Маричиќ објави дека во Владата поминале измените на Кривичниот законик, со кои заштитата на медиумските работници...

Македонија31 минута

Заев по повод 20 години од Рамковниот договор: Успешна историја благодарение на партнерите ЕУ, САД и НАТО

Владата денеска одржа тематска седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Во своето обраќање на седницата премиерот Заев потенцира...

Македонија1 час

Дејан Георгиевски ѝ донесе олимписко сребро на Македонија

Дејан Геoргиевски го прекина 20-годишниот пост на Македонија и од Олимписки игри ќе го донесе досега најблескавиот медал во 30-годишната...

Македонија2 часа

Регистрирани 39 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на...

Македонија4 часа

Заев: 17 октомври е датумот за локалните избори

И покрај дилемите за тоа дали кампањата за локалните избори ќе се поклопи со претстојниот попис, премиерот Зоран Заев денеска...

Европа5 часа

(Видео) Силна експлозија го потресе Леверкузен: Жителите добиле предупредување за екстремна опасност

Силна експлозија ги потресе куќите во германскиот град Леверкузен. Снимките од социјалните мрежи покажуваат како се крева огромен облак од...

Македонија6 часа

Само 0,02 отсто од вакцинираните со две дози во Македонија заболеле од коронавирус

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле со коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Ова, додаде тој,...

Европа6 часа

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската...

Спорт6 часа

Георгиевски обезбеди сребро на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо, во категоријата над 80 килограми. Во полу-финалето, Георгиевски го...

Македонија8 часа

Спасени планинари од Чешка на Шар Планина

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се...

Свет18 часа

(Видео) Песочна бура проголта град во Кина

Песочна бура висока речиси 100 метри зафати град во северозападна Кина, при што целиот град остана покриен со прашина. На...

Европа19 часа

Украинскиот напад ќе заврши со колапс, одговори Русија по изјавите за нова офанзива на Киев

Коментирајќи ја позицијата на поранешниот заменик-министер за привремено окупираните територии на Украина, Јуриј Гримчак, кој повика на подготовка на армијата...

Европа19 часа

Стапката на заразени од коронавирус во Европа се зголемува, предупредува СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека стапката на ширење на коронавирусот е забрзана во некои европски земји, пренесуваат светските...

Европа20 часа

(Видео) Јужна Европа се бори со пожари, најлошо е во Грција и Италија

Шумските пожари, потпомогнати од горештините и силните ветрови, денеска зедоа замав во јужна Европа, а некои северни земји ги расчистуваат...

Регион21 час

Радев: Нема да дозволиме кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република...

Македонија1 ден

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Економија1 ден

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија1 ден

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија1 ден

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Досие