Економија
(Видео) Заев: Следува странска инвестиција во Охрид, a има и два заинтересирани инвеститора за „Еурокомпозит“

Премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница за пратенички прашања соопшти за нова канадска инвестиција во Охрид, како и новина за комбинатот „Еурокомпозит“, за којшто, како што рече, има два заинтересирани странски инвеститори, но и за 100-тина инвеститори кои се пред одлуки за инвестирање во Македонија, со што очекува намалување на невработеноста во државата.
„Доаѓа позитивен амбиент за Република Македонија, илјадници граѓани ќе најдат работа во Македонија и се надевам дека ќе имаме драстично намалување на невработеноста“, рече Заев, кој најави и добра перспектива за работа на фабриката „Еурокомпозит“ во скоро време.
„Новина за ‘Еурокомпозит’ во однос на порано е што има понуди“, истакна премиерот.
Тој посочи дека денови или месец се во прашање до донесувањето одлуки.
„Транспарентно сакам да соопштам, има понуда од турска компанија и од српска компанија, двете се кредибилни и работат оружје, познати меѓународни компании се, меѓународно интегрирани и веруваме дека со тоа ќе имаат иднина. Јас сум убеден дека ќе има успешна трансформација на ‘Еурокомпозит’ Прилеп за да можат работниците кои работат да имаат своја иднина до своето пензионирање, но секако и за самиот комбинат да работи успешно и да произведува квалитетни производи, коишто се бараат на пазарот“, соопшти Заев на седницата.
Тој истакна дека Владата е насочена првенствено кон решенија за вработените.
„Понудите што ги бараме се да бидат покриени сите заостанати придонеси, сите заостанати плати и да бидат исплатени добавувачите. Наш примарен таргет ни се вработените и нивните побарувања. Ако добиеме понуди што ќе ги покријат доминантно заостанатите побарувања на работниците, плати, придонеси по основ на плати, ќе ги прифатиме понудите“, рече премиерот, кој изрази оценка дека е можен договор со заинтересираните инвеститори.
Соопшти дека Владата има и алтернативно решение.
„Државата има и друга алтернатива, да издвои 3 милиони евра и да ги плати сите тие обврски и да постави добар менаџмент којшто е меѓународно интегриран и упатен во оваа работа, за да продолжи работата на ‘Еурокомпозит’“, објасни Заев и посочи дека наследеното прашање со ‘Еурокомпозит’, Владата сака да го реши трајно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.