Контакт

Економија

(Видео) Заев: Со новиот Закон за енергетика можност домаќинствата и компаниите да инсталираат фотоволтаични централи

Објавено пред

Владата на Република Македонија преку новиот Закон за енергетика ја отвори можноста секое домаќинство на кровот од својата семејна куќа, како и секоја компанија да има можност да инсталира фотоволтаична централа и за сопствени потреби да произведува електрична енергија, а понатаму вишоците струја да ги продава на слободниот пазар, рече премиерот Заев на промотивниот настан во организација на ЕВН, на којшто беше претставена нова понуда на фотоволтаични системи за домаќинствата и бизнисите.

„Особено ми е драго што новиот Закон за енергетика веќе ги дава првите позитивни резултати. Преку овој проект на „ЕВН Македонија“ овие системи на фотоволтаични централи стануваат достапни за граѓаните и компаниите. Сончевата енергија е еколошки чиста и неисцрпна. Целта е да го намалиме увозот на електрична енергија и да го зголемиме домашното производство. Да го подобриме квалитетот на живот и да овозможиме услови да се намалуваат трошоците за граѓаните, но и за компаниите, со цел да обезбедиме поголема конкурентност и развој на стопанството. Повеќе пари да остануваат кај граѓаните“, порача Заев.

EVN photovoltaic

Употребата на ваквите високотехнолошки системи, како што рече Заев, ќе придонесе за зголемување на домашното производство на електрична енергија, и за почиста и поздрава животна околина, пониски трошоци и подобар квалитет на живот за граѓаните.

„Државата ќе изнаоѓа различни методи и начини како да ги поттикне домаќинствата пред сè, а компаниите имаат доволно сила бидејќи профитабилно тоа ќе им се врати за да може да го мултиплицираме овој проект насекаде низ Македонија.

Целта беше ЕВН, најголемата компанија во Македонија, да го направи првиот исчекор и да ги поттикне и другите компании на ваква општествена одговорност.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Европа18 минути

(Видео) Шпанската влада одобри пакет мерки за домување; Санчез ги претстави

Иселувањето на 87-годишна жена од нејзиниот стан во Мадрид предизвика протести низ Шпанија и го зголеми притисокот врз премиерот Педро...

Забава20 минути

(Фото) Правило број еден за мал стан: Изберете кујнски елементи и ормари како овие

Опремувањето на мал стан често е вистински тест за креативноста, бидејќи секој квадратен метар мора да има своја намена. При...

Македонија23 минути

„Предупредувавме, сега се случува: Ново задолжување од 250 милиони евра за до крај на годината!“, велат од СДСМ

„Се случува тоа што СДСМ и претседателот Филипче предупредија. Владата на арамијата Мицкоски не може да ја заврши годината без...

Спорт23 минути

(Видео) Последното танго на Меси – За крај гол и две асистенции

Репрезентацијата на Аргентина се збогува од Лионел Меси, а еден од најдобрите фудбалери во историјата се збогува со дресот на...

Свет29 минути

Три години од масакрот на 7 октомври во Израел: „Сите што беа на власт мора да си заминат“

Израел ја одбележува третата годишнина од најсмртоносниот ден во својата историја со низа комеморации и протести на повеќе од 400...

Забава39 минути

(Фото/Видео) „Најубавото девојче на светот“ денес изгледа поинаку: Гордо го покажа своето лице во Париз

Тилан Блондо го привлече вниманието на Модната недела во Париз, воодушевувајќи ја публиката со своето појавување, и покрај негативните коментари...

Забава59 минути

„Беше обострано“: Мајкл Даглас за големата брачна криза со Кетрин пред 13 години

Кетрин Зета-Џонс е 25 години помлада од Мајкл Даглас; тие се во брак од 2000 година и, и покрај разликата...

Свет1 час

Ким му го честита роденденот на „најдрагиот пријател“ Путин: „Ќе победи во светата војна“

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ѝ вети на Русија „непоколеблива поддршка“ во честитката по повод роденденот на рускиот претседател Владимир Путин,...

Свет1 час

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп најави дека „многу наскоро“ ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин во врска со смртта...