Економија
(Видео) Трипуновски: СДСМ ги уништи земјоделските задруги, ветуваме сериозна поддршка и враќање на задругите во Македонија
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска беше во работна посета на струмичкиот регион.
При посетата Трипуновски оствари средби со здруженија на пчелари и со претставници на двете асоцијации на земјоделски задруги кои што се во регистарот од струмичкиот регион.
Како што соопшти Трипуновски, на средбите е разговарано за сите отворени прашања и предизвици и како во наредниот период да се одржи и развива пчеларството како сточарска гранка и за задругарството како битен елемент од земјоделскиот сектор.
„Со последните законски измени, кои што ги направи власта, престана да важи законот за задруги, односно задругите се уредуваат во еден посебен закон кој што е под министерството за економија и тука обврска на министерството за земјоделство требаше да биде да направи дополнителни измени на законот за земјоделство и рурален развој каде што ќе се допрецизираат условите, работењето и контролата врз земјоделските задруги, тој закон се уште не е поминат, што значи дека се воспоставува еден правен вакуум и веќе имаме една нефункционалност на системот“, изјави Трипуновски.
Во регистарот на министерството за земјоделство има 79 регистрирани земјоделски задруги, но само триесетина се активни и ги исполнуваат условите да бидат корисници на мерките од изминатите години, додека останатите се мали земјоделски задруги кои што не ги исполнуваат условите.
Програмите кои што ги имаше министерството за земјоделство од 2017 година па наваму, секоја година беа предвидени средства, иако со опаѓачки тренд, меѓутоа многу мал дел од тие средства беа дадени на земјоделските задруги за да ги окрупниме, да ги зајакнеме, да ги модернизираме со земјоделска механизација за да бидат конкурентни. Задругарството е битен сегмент и тој е покажан како позитивен пример ширум светот и затоа во минатото беше воспоставен овој закон се со цел да ги организираме земјоделците по тип на производство за да можат да бидат рентабилни на пазарот, додаде Трипуновски.
Трипуновски најави повторно разгледување и враќање во важност на законот за земјоделски задруги.
„На оваа дискусија денеска ние ќе работиме заедно и ќе се договараме како во иднина да го враќаме овој закон за земјоделски задруги затоа што тоа е една од битните алки во решавањето на пласманот на нашиот квалитетен земјоделски производ. Не треба некое друго министерство да ја работи оваа материја бидејќи ова е малку поспецифично и би сакал да ветам пред сите земјоделци во иднина задругарството ќе биде сериозно помогнато со финансиски средства, што ќе значи модернизација на целото производство, создавање на услови за работа, окрупнување, помош при осигурување и сите они работи кои што се во интерес на овие задруги за да ги поставиме на една вистинска и правилна основа“, заврши Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
АЛКАЛОИД АД Скопје ќе исплати за 14,3 % поголема дивиденда во однос на минатата година
АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 30.03.2026 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.
Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 26.02.2026 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2025 година во износ од 720,00 денари бруто односно 648,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 630,00 денари бруто односно 567,00 денари нето е поголема за 14,3%.
За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 1 милијарда денари. Во согласност со предлог одлуката, исплатата на дивидендата ќе започне од 13.05.2026 година.
(ПР)
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците
Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,02 п.п., при што во јануари таа изнесува 2,20%, известува Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,48 п.п. и изнесува 4,73%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска
Економија
Николоски: Растот на превезена стока во товарниот сообраќај е силен поттик за економијата и нови работни места
Вкупното количество на превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот кварат од 2025 година е за 66, 7 проценти зголемен во споредба со истиот период 2024 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, информира министерот за транспорт, Александар Николоски.
Според него, големиот раст на превезнена стока во товарниот сообраќај е силен поттик за економијата и нови работни места.
„Државната статистика забележува и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23, 7 проценти во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година. Единствено се забележува намалување на железничкиот превоз за 13,4 проценти и тоа се должи на започнатите инфраструктурни проекти на железничката мрежа долж Коридор 10“, вели Николоски.
Ток, исто така, наведе дека во истиот пресметковен период во патничкиот транспорт превезени се вкупно 925 илјади патници, додека во воздухопловниот превоз регистрирани се 889 153 патници што, како што вели, покажува засилен раст како резултат на политиките за финансиска подршка што ги спроведува Министерството за транспорт за воведување на нови авиолинии.
Најмногу од патниците во делот на авиосообраќајот се превезени преку редовни авиолинии, а раст се забележува и кај чартер летовите.
Единствено намалување во четвриот квартал од 2025 година има во железнички превоз на патници и тоа според статистиката превезени се 34 илјади патници.

