Економија
Визијата станува реалност – почна продажбата на електричниот Volkswagen ID.3

Пионерскиот ID.3 на Volkswagen пристигна во нашата земја. Ова возило е симбол на новата ера за Volkswagen. ID.3 ја проширува понудата на Volkswagen како прв модел на комплетно новата генерација на електрични возила – со нула емисии, извонредна ефикасност и целосна поврзаност. Во исто време, ID.3 го отсликува ребрендирањето на Volkswagen, кое јасно ја истакнува визијата за електрична иднина.
ID.3 е сеопфатен автомобил, погоден за секојдневна употреба. Тој е компактен, а како таков, нуди карактеристики на маневрирање на мал автомобил со просторност во внатрешноста како кај поголемите возила. Тој комбинира возбудлив дизајн со иновативна технологија и значителен досег.
ID.3 од Volkswagen отвора нова ера на мобилноста. Ова е прв модел од ID серијата на возила која се карактеризира со 0 емисии на штетни гасови, импресивна динамика на возење што е карактеристична за електричните автомобили и целосна поврзаност. Како и сите идни ID модели, ID.3 се заснова на новата модуларна матрица за електричен погон (MEB), која е дизајнирана за електричен погонски систем без компромис.
ID.3 го користи новиот дизајнерски јазик, што го прави веднаш препознатлив како возило со нула емисии. Наменето за електричната иднина, носи ново ниво за квалитет на дизајн во категоријата на компактни возила. Со ID.3, Volkswagen се движи кон иднината. Природниот стил и апсолутно интуитивно искуство за возачот демонстрираат нов, електричен начин на размислување.
Внатрешноста е исто така револуционерна. Долгото меѓуоскино растојание на MEB платформата, во комбинација со многу куси превиси, резултира со просторна внатрешност на возилото. ID.3 поставува нови стандарди во компактната класа. Дигиталните, целосно ново дизајнирани елементи и контроли на дисплејот гарантираат дека секој возач интуитивно ќе го најде својот пат во ID.3. Покрај дисплејот на кокпитот, ново развиениот, централно позициониран, десет-инчен дисплеј на допир им ги дава на возачите сите клучни информации.
Сите контроли – вклучително и оние на мултифункционалниот управувач – се управуваат со употреба на функции на допир. Само електричните прозорци и светлата за предупредување за опасност сè уште работат со тактилни прекинувачи. Ова е дополнето со интелигентна контрола со природен говор. Благодарение на App Connect, ID.3 може да се поврзе со вашиот паметен телефон за неколку секунди.
Од самиот почеток на продажбата, ID.3 е достапен со три опции за големина на батеријата. Основната варијанта има корисна енергетска вредност од 45 kWh и овозможува досег до 330 километри (според WLTP). Потоа следува варијанта на батеријата со 58 kWh, што му овозможува на ID.3 да постигне досег до 420 км. Енергетската содржина на најголемата батерија е 77 kWh, а нејзиниот електричен досег е до 550 километри. Благодарение на неговата можност за брзо полнење, можно е да се наполни ID.3 за досег од околу 290 километри во рок од 30 минути, користејќи моќност за полнење од 100 kW.
Самите батерии се интегрирани во подот. Ова позиционирање има позитивен ефект врз динамиката на возењето, бидејќи го поместува центарот на гравитација значително пониско. ID.3 се карактеризира и со оптимална дистрибуција на тежина помеѓу предната и задната оска.
Запознајте го новиот ID.3 одблизу, во вашиот најблизок салон на Volkswagen.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Сите видови на ИТ и гејминг опрема во новиот Анхоч Action – продажен салон

Најголемата македонска ИТ компанија „Анхоч“, свечено го отвори својот нов ексклузивен салон, наречен Анхоч Action, со локација во Скопје Capitol Mall.
На отворањето, забележителен беше големиот интерес кај посетителите од сите генерации, кои со нетрпение чекаа да го посетат новоотворениот продажен салон и да го збогатат своето домашно катче со некој од најактуелните ИТ производи, сепак Анхоч беа спремни за предизвикот и за пофалба е имплементираниот систем на нумерирани купувачи со цел да се избегне групирање на купувачите во и пред салонот, на тој начин сите мерки за заштита и превенција од Ковид-19 беа запазени.
И секако баш во нивниот стил и овој пат веднаш можеше да се забележи многу современ дизајн и концепт во салонот, за кого од „Анхоч“ велат дека како и секогаш ќе останат доследни на професионалната услуга и големата понуда на квалитетни производи, бидејќи задоволството на нивните клиенти е најголемиот успех.
Анхоч Action е обезбеден со ексклузивна гејминг зона и посебна аудио соба дизајнирани специјално за љубителите на гејминг и аудио опрема.
Гејминг зоната беше особено популарна кај помладата популација, во која можеше да се тестира и спореди најразлична гејминг опрема од најпознатите светски брендови, додека за аудиофилите беше интересна аудио собата, каде во пријатен амбиент можеа директно да ја пробаат и почувствуваат моќта на аудио опремата од најразлични модели на звучници и аудио системи.
„Анхоч“ во моментов е најголемата македонска ИТ компанија, со најголем избор на лаптопи, таблети, смартфони и останата ИТ опрема, присутна веќе 27 години на македонскиот пазар со 17 продажни локации и 140 вработени во сите поголеми градови низ Македонија.
(ПР)
Економија
Групацијата за обновливи извори на енергија: Малите хидроелектрани се иднината како најефикасен и најзначаен обновлив извор на енергија

Групацијата на обновливи извори на енергија (ГОИЕ) при Стопанската комора на Северна Македонија денеска одржа онлајн прес-конференција претставувајќи ги своите заложби за одржливо искористување на ресурсите и презентирајќи ги придобивките од работата на малите хидроелектрани како еден од најефикасните и најзначајни обновливи извори на енергија.
Според д-р Александар Дединец од истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој на МАНУ, во стратегијата за енергетска транзиција во Македонија до 2040, наместо сегашните 17 %, обновливите извори треба да учествуваат со 43 проценти од вкупното производство, што ќе значи 55 % намалување на емисијата на стакленички гасови во споредба со состојбата од 1990 година.
„Македонија не е многу богата со ресурси, затоа секој обновлив ресурс што ни е на располагање треба да се искористи, вклучувајќи ги водните потенцијали преку работата на малите хидроелектрани“, смета Дединец.
Во предностите на малите хидроцентрали тој го потенцира производството на чиста енергија, како и дека не предизвикуваат аерозагадување, не генерираат гасови, водата ниту се троши ниту се загадува, а емисијата на CO2 e нула.
Од Групацијата за обновливи извори објаснуваат дека малите хидроелектрани придонесуваат за децентрализација на енергетскиот систем и намалување на увозот на електрична енергија, истовремено создаваат работни места на локално ниво, но придонесуваат и за локалната економија воопшто преку даноците и придонесите кон државата. Неоспорно е и нивното индиректно економско влијание преку ангажирање надворешни експерти и компании, меѓутоа една од главните економски придобивки е дека обезбедуваат одржлив развој на енергетскиот систем, полесни се и поевтини за проектирање и имаат исклучително долг век на траење.
Според Самоил Целески од ЕМК „Мали хидроелектрани“, свесни се за предизвиците со кои се соочува локалното население во однос на изградбата.
„Факт е дека секоја човечка активност има влијание на природната околина. Меѓутоа, со почитување на добрите градежни практики за справување со таквите ефекти, воспоставување патеки за риби, заштитни градежни објекти, рекултивација, пошумување и секако неприкосновено почитување на регулативата, тоа влијание може да се сведе на минимум“, рече Целески појаснувајќи дека за 5 години природата самостојно се враќа во првобитната состојба, а градежниот опфат за една мала хидроелектрана не надминува 3 хектари.
Во контекст на сушењето на реките, тој посочи дека МХЕ, всушност, не ја зема водата, туку само ја користи нивната енергија.
Од Групацијата на обновливи извори на енергија потенцираа дека се залагаат за доследно почитување на законите и регулативите, како и за нивно унапредување, останувајќи партнер на државата со отвореност за дијалог со институциите и невладиниот сектор. Потенцираа и дека Групацијата и компаниите членки вложуваат и ќе вложуваат во општествено одговорни проекти и најавија понатамошни инвестиции во локални еколошки проекти, а ги претставија и новите канали за комуникација, веб-страницата www.goie.mk и фејсбук-страницата на ГОИЕ.
(ПР-текст)
Економија
Ексминистрите Никола Поповски и Трајко Славески напишаа книга за економијата низ различни перспективи

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат книгата „Лево-десно, економијата низ две перспективи“ од универзитетските професори Никола Поповски и Трајко Славески, поранешни министри за финансии на Република Македонија.
Во јавноста се познати концепциските разлики на авторите, па дури и нијансите во нивните економски, а понекогаш и општествени сфаќања.
„На страниците од ова дело Поповски и Славески дебатираат за дваесет важни теоретски или практични економски прашања и проблеми. Внимателното читање ќе покаже на многу сличности во сфаќањата, но и на важните разлики. Со коавторството на ова дело познатите универзитетски професори пробиваат и некои видливи или невидливи бариери во општеството“, велат од Матица.
Иницијативата за подготовката на ова дело е на Зоран Јовановски, кој е автор на предговорот кон изданието.
Поповски беше министер од редовите на СДСМ, додека Трајко Славески на чело на оваа функција застана во владата на ВМРО-ДПМНЕ, во 2006 година.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет4 недели
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш