Економија
Винарницата „Сковин група“ продолжува да ја пишува својата 41-годишна успешна приказна
Винарницата „Сковин група“ продолжува да ја пишува својата 41-годишна успешна приказна, изјави генералниот директор на винарницата „Сковин група“, Александар Тренчевски, на денешната презентација по повод новите предизвици на винаријата.

„Винарницата ‘Сковин група’ продолжува да ја пишува својата 41-годишна успешна приказна. Македонија се протега на медитеранскиот појас за кој легендите, летописите и митовите велат дека е татковина на виното. Овде овој божествен напиток кој го бодрел духот и на античките божества, и на народните херои, и на поетите, се произведува повеќе од пет илјади години. Нему и сладострасниците и научниците со право му припишуваат цела дузина не само хранливи, гозбени и лековити вредности, туку и некои таинствени својства, способности да ги развие креативните сили на човековиот дух. Виното ги вдахнува даровите на природата и некои импулси на својата фантазија, култура и човечност. На територијата на Македонија се менувале кралства и империи, доминирале или се провлекувале разни религии и цивилизации, но култот спрема виното никогаш не ја губел својата постојаност, трајност и привлечност. Плодовите на таа традиција живеат и денес. Оваа македонска приказна за квалитетното македонско вино ја препознаа и нашите пријатели од Сингапур, кои решија да инвестираат во овој божествен напиток. За таа цел е формирана ‘Балкан холдингс’ ПТЕ.ЛТД. во Сингапур, којашто пред една година го купи асетсот и правата на брендот Сковин продолжувајќи ја вековната традиција на производство на вино од скопското виногорје, традиција која датира уште од древниот Рим“, рече Тренчевски.

Тој кажа дека „Сковин“ во моментов е во период на интензивно развивање и унапредување.
„Винарницата ‘Сковин група’, како најголема скопска винарница, е винарска визба со капацитет од 17,5 милиони литри вино, коe гo пласира на 18 светски пазари, на 5 континенти. Вината на винарницата ‘Сковин група’ имаат добиено 53 меѓународни награди и признанија за квалитет на многубројни вински саеми и фестивали, а годинава винарницата ‘Сковин група’ се стекна и со признанието Супербренд на Македонија. Најголем дел од своето вино винарницата ‘Сковин група’ го пласира во регионот и на пазарот на Европската Унија. Други знaчајни пазари на винарницата ‘Сковин група’ се и оние на Далечниот Исток, како Русија, Јапонија и Кина, со кои има воспоставено долгорочна соработка, а извезеното количество во овие земји од година во година сè повеќе се зголемува. Вината на винарницата ‘Сковин група’ можат да се најдат и во прекуокеанските земји, како Австралија, Канада, Сингапур и САД“, изјави генералниот директот на винарницата ‘Сковин група’.

Една од главните карактеристики и предности на винарницата „Сковин група“, додаде тој, се сопствени лозови насади кои овозможуваат да се контролира квалитетот на грозјето Македонија.
„Македонија е земја која е позната по квалитетот на црното грозје, а виновите насади на Сковин се простираат на 575 хектари од кои најголемиот дел се лоцирани во регионот на Маркова Сушица, на југозападната падина на Водно, а другиот дел се лоцирани во Тиквешкиот Регион, во месностите Сопот и Сирково. Квалитетот на нашите производи е наша голема грижа, како што е наша грижа и развојот на компанијата. Но грижа на винарницата ‘Сковин група’ се и нашите вработените, чија заслуга е растот на компанијата и палетата нови производи. Новите сопственици задржаа 45 вработени од ‘Сковин’ АД. И покрај кризата поради Ковид-19, со која се соочува не само нашата земја туку и целиот свет, успеавме не само да ги задржиме сите вработени, туку и да го зголемиме нашиот тим за уште 30 нововработени и во моментов броиме вкупно 75 вработени. Веруваме дека ќе расте компанијата, ќе се зголемува нашиот тим и дека Македонија ќе ја препознае нашата искрена намера да ја продолжиме вековната традиција. Очекуваме и веруваме во фер натпревар со нашите конкуренти. Знаеме дека уште долго ќе уживаме во вкусот на овој божествен напиток. Најдобрите вина се оние што ги пиеме заедно со луѓето кои ги сакаме. Да наздравиме со винарницата ‘Сковин група’ во име на традицијата, пријателството, љубовта. Да наздравиме за животот“, изјави генералниот директор на винарницата ‘Сковин група’, Александар Тренчевски.

Главниот енолог и директор на производство, Венера Гелебешева-Крстиќ, кажа дека со цел да се задоволат различнте вкусови на потрошувачите, винарницата ‘Сковин група’ има широка палета производи, повеќе од 24 различни типови и категории на вина и два типа на ракии.
„Во делот на вината застапена е со различни типови на квалитет на вина, почнувајќи од трпезни вина, вина со стандарден квалитет наменети за пошироката публика и, секако, она што е круна, е палетата на висококвалитетни и врвни вина. Цел ни е оваа палета на висококвалитетни и врвни вина сè повеќе да ја прошируваме. Тука би ги издвоила најпрепознатливите и први врвни вина воопшто на македонскиот пазар, а тоа се вранецот Марков Манастир и Скупи куве. Најнови висококвалитетни вина се Кратошија, Пино ноар и Санџовезе.
Во делот на ракиите продолжуваме со двата наши најпознати бренда Жолта ракија Сковин, која во многу скоро време ќе се ребрендира во Жолта ракија Скупи и секако дел од нашата програма е добро познатата ракијата Марков манастир. Ги унифициравме етикетите, шишињата, тапите – Сковин добива препознатлива амбалажа, вино со проверен квалитет. Палетата нови производи, како и старите познати вина, со сега уште подобар вкус и квалитет веќе неколку месеци можат да се најдат на македонскиот пазар, како и на пазарот од ексјугосовенските земји, земјите од Западен Балкан и Азија и во Јапонија. Развојот не завршува овде. Постојаното развивање е основната идеја околу која винарницата ‘Сковин група’ ги води сите активности па во следниот период можете да очекувате уште многу новитети од вашата омилена винарска визба ‘Сковин’“, кажа Гелебешева-Крстиќ.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.
Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.
Економија
Четири години стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детското село
„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ се моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.
СОС Детско село е организација која во моментов дава поддршка за околу 400 деца и младинци кои се без родители/родителска грижа или кои се во ризик да ги загубат своите родители. Организацијата, која годинава одбележува 25 години од основањето и од згрижувањето на првото дете во земјава, низ годините има помогнато на стотина деца, овозможувајќи им поддршка, љубов, топол дом, чувство на припадност и сигурност, квалитетно образование, посигурна иднина и можност да имаат поубаво детство.



Јулијана Накова-Гапо, национална директорка на СОС Детско село, истакна дека поддршката од „Алкалоид“ и „Бекутан“ претставува многу повеќе од финансиска помош – таа е израз на доверба, долгорочна посветеност и заедничка визија за создавање подобра иднина за децата.
„Горди сме што заедно со ’Бекутан’ градиме приказна на љубов, сигурност и иднина исполнета со надеж. Преку концептот на кумство на една куќа со пет згрижени деца, покрај покривањето на секојдневните трошоци, вложуваме и во нивните образовни и развојни активности, што е од суштинско значење за нивното растење во самостојни и одговорни личности. Ова партнерство е и пример како компаниите можат да бидат вистински херои во животите на децата без родителска грижа“, изјави Накова-Гапо за време на посетата на оваа организација од претставници на компанијата.



Соработката на „Алкалоид“ со македонската гранка на организацијата СОС Детско село започна во декември 2022 година, кога една од куќите на локалитетот во населбата Ченто беше именувана „Бекутан куќа“, за која компанијата ги покри трошоците за секојдневното функционирање. Во 2023 година, по повод 45-годишниот јубилеј на брендот „Бекутан“, беше издвоен одреден процент од продажбите на оваа детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари донирани за оваа организација. На Хуманитарниот пикник на компанијата организиран во 2024 година, вработени на „Алкалоид“, членови на нивните семејства и нивни пријатели донираа близу 2 милиони денари наменети за СОС Детско село.



Активностите на компанијата со СОС Детско село ќе продолжат и во тековната година, а се разгледуваат и нови форми на соработка. „Децата се нашата иднина и наша заедничка одговорност. Ниту едно дете не треба и не смее да биде оставено без грижа, поддршка и можност за развој. Како поединци, како заедница убаво е да помогнеме! Преку одговорно делување и заедничка посветеност придонесуваме кон создавање стабилна и инклузивна заедница“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје. Организацијата СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и разни форми на партнерства со цел да обезбедат средства за реализација на програми и активности за поддршка на ранливите групи на деца без или кои се во ризик да ја загубат родителската грижа.
(ПР)

