Контакт

Економија

Влада: ЕСМ произведе струја во целост за домаќинствата, саниран дефектот – Осломеј вратен на мрежа

Објавено пред

АД ЕСМ на 27.10.2022 година произведе 10.986 MWh електрична енергија и целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи.

dobivaj vesti na viber

Во Термоелектраните произведени се 7.587 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.399 MWh.

Производството на електрична енергија во АД ЕСМ за потребите на регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи) и понатаму се одвива непречено во двата блока на РЕК Битола и во Подружницата Енергетика.

Во РЕК Осломеј заврши санацијата на дефектот во котелот и термоелектраната е вратена на мрежа денес, порано од што беше планирано.

Економија

Влада: Изминатото деноноќие произведени 12.580 MWh електрична енергија, задоволени потребите на домаќинствата

Објавено пред

На денешната прес-конференција на портпаролите на Влада, портпаролот Душко Арсовски го презентираше енергетскиот биланс за производството на електрична енергија на АД ЕСМ за 6.12.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека АД ЕСМ на 6.12.2022 година произведе 12.580 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. Во термоелектраните произведени се 10.100 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.480 MWh.

Воедно портпаролот Арсовски додаде дека во изминатото деноноќие преку „ЕСМ продажба“ набавени се 3.350 MWh електрична енергија. Како што подвлече тој, станува збор за електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.

Портпаролот Арсовски рече дека податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 6.12.2022 година.

Прикажи повеќе...

Економија

Нови цени на горивата од полноќ

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,95 % во однос на одлуката од 5.12.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 8.12.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 42,171 (денари/килограм)

Прикажи повеќе...

Економија

Шеста година по ред ОКТА додели стипендии за постдипломци на УКИМ

Објавено пред

Во рамките на програмата „Нова Ггенерација“, ОКТА и годинава им додели стипендии на студенти на втор циклус студии во учебната 2022/2023 година од факултети на државниот Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Стипендистите беа избрани од страна на комисија составена од претставници на компанијата и на соодветните факултети. Стипендиите ги добија по една постдипломка од Машинскиот и од Технолошко-металуршкиот факултет. Стипендистите имаа можност да го посетат седиштето на компанијата, при што се сретнаа со главниот извршен директор Вук Радовиќ.

dobivaj vesti na viber

„Среќни сме што соработката со УКИМ и поддршката на постдипломците прерасна во една успешна традиција. Благодарение на оваа програма, главен бенефит имаат студентите, но и општеството добивајќи темелно образовани професионалци кои ќе можат да го дадат својот придонес во развојот на заедницата. Стипендистите ќе имаат можност да бидат дел и од Практикантската програма на нашата компанија каде што ќе се стекнат со практично знаење под менторство на искусни професионалци. Навистина сме горди затоа што сме дел од еден процес на создавање нова генерација стручно образовани кадри коишто се нашата иднина“, рече главниот извршен директор на ОКТА Вук Радовиќ на средбата со годинешните стипендисти.

Неколку години континуирано ОКТА ја спроведува програмата „Нова генерација“ која има за цел да го поддржи образовниот процес во државата и да им помогне на младите талентирани и амбициозни луѓе во надградба на нивниот образовен и професионален развој. Како дел од програмата досега околу 40 постдипломци се стекнаа со стипендии на факултетите на УКИМ кои имаат наставни програми сродни со дејноста на компанијата.

„Верувам дека го искажувам чувството на сите мои колешки стипендистки, дека сме среќни што ја добивме поддршката на една компанија каква што е ОКТА. Со неа ни се олеснува понатамошното образование, но таа значи и обврска повеќе да бидеме што поуспешни во студиите, која верувам дека ќе ја оправдаме“, рече една од постдипломките на свечената средба во просториите на компанијата.

Покрај стипендирањето на студенти од втор циклус студии на УКИМ, изминатите години ОКТА има доделено стипендии и на седум постдипломци за студии на универзитетите во Пиреја и на Крит. Дополнително, преку практикантската програма, во редовната работа на компанијата досега учествувале и над 100 практиканти.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

Путин: Русија ќе ги брани своите интереси со сите расположливи средства

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва ќе се обиде да ги брани своите интереси „со сите расположливи средства“,...

Македонија3 часа

Претседателот Пендаровски на Самит во Брисел: ЕУ е најдобрата алтернатива и патеката од која нема да се откажеме

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел учествуваше на Самитот ЕУ – Западен Балкан во организација на аналитичкиот центар (тинк –...

Македонија3 часа

(Интервју) Наќе Чулев: Немаме гаранција дека не нè прислушкуваат

Состојбата во безбедносниот сектор е крајно хаотична. Македонија стана логистичка база за поддршка во издавање документи, државјанства, банкарски сметки на...

Македонија4 часа

Ленин Јовановски: Се повлекувам од протестот на превозниците, но блокадите остануваат

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски се повлекува од протестот на превозниците и од сите процеси кои ќе следат понатаму...

Македонија8 часа

Повторно закани за бомби во скопските училишта

Поради закана за поставена бомба и утрово наставата е прекината во девет скопски средни училишта. Учениците се евакуирани, а на...

Економија8 часа

Потпишани четири договори на компании од Македонија и Бугарија, вредни над три милиони евра

На иницијатива на министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, денес во Скопје се...

Македонија9 часа

Вооружени лица нападнаа чувар и запалија неколку банкомати во Чаир

Неколку вооружени лица рано утрово го нападнаa чуварот во трговскиот центар „Поинт ретаил парк“ и запалиja неколку банкомати. Утрово полицијата...

Свет9 часа

Лукашенко нареди преместување на воените сили на границата со Украина

Белорусија денеска и утре планира да премести воена опрема и безбедносни сили. Државната новинска агенција Белта објави дека Белорусија преместува...

Свет9 часа

Во Германија уапсени 25 десничари и поранешни војници кои планирале државен удар

Во рации низ Германија уапсени се 25 луѓе осомничени дека се обиделе насилно да ја соборат владата. Германските медиуми наведуваат...

Македонија10 часа

Град Скопје со нов јавен повик за линиите 20 и 22, „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ нема да може да конкурираат

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, најави јавен повик кој треба да биде објавен денеска, а се однесува на линиите од...

Македонија10 часа

Продолжуваат блокадите во Скопје, хаос во сообраќајот

Трет ден по ред хаос во Скопје поради блокадите од страна на приватните превозници. Блокирани се неколку клучни крстосници во...

Регион22 часа

Вучиќ од Тирана: Подобро да се биде на масата отколку на менито

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по пристигнувањето на самитот на лидерите на ЕУ за Западен Балкан во Тирана, изјави дека...

Македонија23 часа

(Видео) Ковачевски од Тирана: ЕУ покажа дека е посветена на проширувањето

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, на самитот Западен Балкан – ЕУ во Тирана изрази задоволство што првпат ваков самит на сите...

Македонија1 ден

Владата го поништи државјанството на Онишченко

Владата на денешната седница одлучи да се поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија....

Македонија1 ден

Агелер: Тим за санкции од Вашингтон ќе сузбива корупција во Македонија

Тим од Вашингтон допатувал во Македонија за да врши мониторинг врз правосудството и коруптивните актери. За ова на „Твитер“ објави...

Македонија1 ден

Пенов за блокадите во Скопје: Ова е самоволие, граѓаните трпат преголема штета

Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, одби да каже кои се мерките кои државата ќе ги преземе за да ги...

Свет1 ден

Кремљ: Потребен е долгорочен мир, но во моментов нема шанси за разговори со САД

Од Кремљ пристигна одговор на коментарите на американските претставници, во кои Русија тврди дека е потребен фер и долгорочен мир,...

Регион1 ден

Урсула фон дер Лајен: Западен Балкан повторно оди напред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска пред Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана истакна дека напредокот повторно е...

Македонија1 ден

Потпишан договор за поевтини роаминг-услуги за земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на Самитот Западен Балкан – Европска Унија во Тирана заедно со лидерите од Западен...

Свет1 ден

Армијата на Белорусија започна вежби за борбена готовност

Вооружените сили на Белорусија почнаа вежби за борбена готовност за сите категории воен персонал. Како што соопшти Министерството за одбрана...