Контакт

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Матни тендери во време на пандемија

Објавено пред

СДСМ во време на пандемија склучуваат матни тендери, а граѓаните немаат ни за леб, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„За три години откако СДСМ е на власт Македонија доби хибриден режим, три години неспособност, криминал и сиромаштија. Македонија поради неодговорноста на власта на СДСМ и Заев уште пред почетокот на кризата создаде буџетска дупка од 120 милиони евра со што секое семејство во Македонија го задолжи со 250 евра нов долг. Таа дупка, поради ненавремените и лоши мерки се проценува дека ќе порасне до крајот на година на речиси 1 милијарда и 300 милиони евра.

Додека СДСМ си тера предизборен маркетинг секој ден граѓани заболуваат и умираат од корона вирусот. Епидемијата за жал ја користат и за догазување на достоинството на граѓаните или за некој нов матен тендер. Розовите очила во СДСМ ќе ги донесат до изборен пораз кој што ќе им биде неминовен, кога и да се одржат изборите“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Економија

„Боинг“ отпушта 12.000 работници

Објавено пред

Американскиот производител на авиони „Боинг“ најави дека во следните недели ќе отпушти околу 12.000 работници, објави агенцијата „Ројтерс“.

Според агенцијата, раскинување на договорите деновиве ќе добијат 6.670 вработени, а 5.520 се согласиле да го раскинат договорот со меѓусебна согласност.

Американската компанија исто така објави дека ќе го намали бројот на вработени во сите свои производствени капацитети ширум светот за околу десет проценти, така што отпуштени би можеле да бидат скоро 16.000 луѓе. Сепак, не е точно прецизирано во кои погони најпрво ќе бидат отпуштени работници.

Компанијата влезе во криза по две фатални несреќи на нивниот нов авион „Боинг 737 Макс“. Кризата дополнително се продлабочи со остар пад на побарувачката за авиони како резултат на пандемијата на коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Економија

Парична помош за оние кои останале без работа во периодот од 11 март до 30 април

Објавено пред

Работниците кои поради коронакризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе можат брзо да дојдат до помош за полесно да го премостат периодот на невработеност. Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, тие ќе добиваат паричен надоместок преку Агенцијата за вработување во времетраење од два месеца. Надоместок ќе добиваат невработените лица на кои работниот однос им престанал во периодот од 11 март до 30 април 2020 година.

„Владата одговори на потребата на граѓаните на кои им е неопходна парична поддршка затоа што го загубиле работното место во здравствено-економската криза. Со дополнување на Уредбата со законска сила за примената на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност , се обезбедува нивна материјална сигурност преку олеснување во поглед на основот по кој работниците останале без работа“, велат од МТСП.

Податоците на Агенцијата за вработување покажуваат дека во изминатиов период на голем број од невработените им бил прекинат работниот однос врз основа на потпишана спогодба, отказ или лична изјава. Со новата уредба, сите тие добиваат право на паричен надоместок.

Во Уредбата е предвидено паричниот надоместок да се исплатува во висина од 50 отсто од месечна нето плата на работникот исплатена за последниот месец, но не повеќе од 80 проценти од просечната месечна нето плата по работник во Република Северна Македонија, објавена за последниот месец.

За да добие паричен надоместок, невработеното лице треба да достави барање во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на новата Уредба, до надлежниот центар за вработување на Агенцијата за вработување.

Грижата за секој граѓанин е системска и губењето на работното место не дозволуваме да заврши во сиромаштија. Невработените лица имаат право на материјално обезбедување и тоа можат да остварат на брз и едноставен начин.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Мицкоски: Владата на Заев до крајот на годината ќе го задолжи секое семејство за 1.500 евра

Објавено пред

Владата на Заев до крајот на годината ќе го задолжи секое семејство за 1.500 евра, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој рече дека СДСМ во првите четири месеци од годинава го зголемил долгот на граѓаните за 1,8 отсто од БДП.

„Наместо да имаме намалување на јавниот долг, ќе имаме зголемување на јавниот долг само во првите четири месеци од 1,8 отсто. Секое семејство го задолжија за приближно 25.000 денари, само во првите четири месеци од почетокот на годината. Тука ќе потсетам – не е опфатена помошта кон стопанството и не е опфатена помошта кон граѓаните. За тоа ќе имаме дополнителен буџетски дефицит. Или до крајот на годината зголемувањето на долгот, на јавниот долг во однос на домашниот бруто-производ ќе изнесува точно 5 проценти. Или ако се додадат на дополнителните 1,8 отсто во првите четири месеци, тогаш вкупниот зголемен долг на крајот од 2020 година, без задолжувањето за помош на стопанството и граѓаните, ќе изнесува околу 7 проценти од БДП или тоа е околу 95 илјади денари зголемен долг за секое семејство, или 1.500 евра зголемен долг за секое семејство само за една година“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека во извештајот на Министерството за финансии, кој опфаќа реализација на буџетот во првите 4 месеци, т.е. периодот од 1 јануари до 30 април 2020 година, е покажано дека дефицитот изнесува рекордни 200 милиони евра или приближно малку повеќе од 12 милијарди денари.

„Како е тој дистрибуиран по месеци – во јануари 20 милиони, во февруари – март 50 милиони и рекордни 80 милиони евра во април. Тоа е доволен показател дека Владата немала ниту во еден момент намера да им помогне на граѓаните и бизнисот, туку единствена цел била поткуп, т.е. обид за поткуп и милост од граѓаните да го заборават сето она што беше погрешно направено изминативе три години пандемија под раководство на СДСМ и Зоран Заев“, рече Мицкоски.

Тој рече и дека во првите четири месеци од 2020 година, во услови на техничка Влада, реализацијата на капиталните инвестиции е околу 13 проценти од она што било планирано на почетокот на годината.

„Во 2019 година за истиот период реализацијата на капиталните инвестиции била 11,25 проценти кога немаме техничка влада. Да потсетам, тоа е период кога исто така имаме изборен циклус, а тоа се претседателските избори. Во 2018 година реализацијата на капиталните инвестиции е 14,23 проценти, во 2017 година во истиот период, во првите 4 месеци кога исто така имаме техничка влада, капиталните инвестиции се реализирани со интензитет од 27 проценти во однос на тие што биле планирани на почетокот на годината.
Во 2016 година, кога исто така имаме техничка влада, капиталните инвестиции се реализирани во износ од приближно 19 проценти од она што било планирано на почетокот на годината. Разликата е евидентна и лагите се распрснуваат како меур од сапуница, а бројките се немилосрдни и ги демантираат лагите на оваа Влада предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Кафулињата и рестораните почнуваат со работа, сѐ уште е забрането организирање на свадби и родендени

Со одлука на Владата од денеска почнуваат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие...

Македонија14 минути

Филипче: Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите,...

Економија17 минути

Парична помош за оние кои останале без работа во периодот од 11 март до 30 април

Работниците кои поради коронакризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе можат брзо да дојдат до...

Регион46 минути

Кипар ќе ги плати трошоците за одмор на сите туристи кои ќе заболат од Ковид-19

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе остане позитивен на коронавирус...

Македонија15 часа

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа16 часа

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа19 часа

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион19 часа

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија20 часа

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија20 часа

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Македонија21 час

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти...

Македонија21 час

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците....

Македонија21 час

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека...

Македонија23 часа

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет23 часа

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен, денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Свет24 часа

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирусот

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен....

Македонија1 ден

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот покрај олабавувањето...

Економија1 ден

Србија забрани слетување на „Монтенегро ерлајнс“ на аеродромот во Белград

На авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдиле...

Македонија1 ден

Од денеска нема полициски час, од утре со работа почнуваат кафулињата

По 66 дена, од денеска се укинува полицискиот час во земјата воведен поради коронавирусот. Владата вчера на седница донесе и...

Забава1 ден

Андреа Бочели: Мојата сопруга, децата и јас оздравевме од коронавирусот и дониравме плазма

Италијанскиот пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели (61) беше заразен со коронавирус, но оздраве, пишуваат локалните медиуми. Музичарот вели дека...

Досие