Економија
„Гугл“ ќе исплати 3,8 милиони долари отштета за дискриминација на жените од Азија

Министерството за труд на САД соопшти дека „Гугл“ се согласил да плати 3,8 милиони долари отштета по обвинувањата за дискриминација на жените од Азија.
Најголем дел од износот ќе им се исплати како обесштетување за 2.565 жени вработени во „Гугл“ како инженери, како и на 3.000 кандидатки или кандидати од азиско потекло што не биле избрани на тие позиции, соопшти синоќа Министерството за труд.
„Гугл“ соопшти дека дискриминацијата е забележана за време на рутинската внатрешна анализа и дека компанијата се согласила да ја плати таа сума со цел да ја поправи ситуацијата, истовремено негирајќи дека го прекршила законот.
„Сметаме дека секој треба да биде платен според работата што ја работи, а не според тоа кој е и ние вложуваме големи суми за да го направиме процесот на вработување и обесштетување фер“, изјави портпаролот на „Гугл“ за агенцијата „Франс прес“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 23,5 милиони евра од кредитната линија „Ковид 3”

Од бескаматната кредитна линија „Ковид 3”, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, заклучно со 5 март се исплатени 23,5 милиони евра за 2.053 корисници кои ги исполниле условите од јавниот повик, соопшти Развојната банка.
Со други зборови, заклучно вчерашниот ден се исплатени 96,7% од корисниците на кои им се одобрени кредитните барања за оваа линија.
Досега, одобрени се вкупно 2.122 кредитни барања на вкупен износ од 24,3 милиони евра. Овие микро и мали трговски друштва, трговци-поединци и занаетчии имаат вкупно 16.009 вработени.
Според структурата, 1.172 кредитни барања се од мали компании, додека 792 барања се од микро компании. Вкупно 116 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 42 кредитни барања се од занаетчии.
Најголем дел од одобрените 2.122 кредитни барања доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 31%, а по него следат Полошкиот регион со 14% и Југозападниот и Југоисточниот регион со по 12 отсто. Од Источниот и Пелагонискиот регион се по 10% од одобрените кредитни барања, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион се 5% од одобрените кредитни барања.
„Кредитните барања се обработуваат хронолошки, според времето на пристигнување, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје продолжува со процесирањето на кредитните барања сè до утврдување на исцрпеност на расположливиот буџет на мерката кој изнесува 31 милиони евра“, се наведува во соопштението.
Економија
(Видео) Заев: Повеќе од 30 проценти од произведената енергија е од обновливи извори

Триесет проценти од произведената енергија е од обновливи извори на енергија и тука сме блиску до европскиот просек, истакна премиерот Зоран Заев.
„Со инвестиции во обновливи извори на енергија имаме основани причини дека ќе постигнеме повеќе од 50% на севкупното производство на енергија да бидат од обновливи извори на енергија“, рече Заев одговорајќи на новинарско прашање на тема енергетика.
Според него, целосното прилагодување и промена на јагленот како главен извор на производство на енергија со обновливи извори на енергија е еден од главните приоритети во државата.
Заев потсети дека сериозни капацитети и ресурси се насочени кон оваа дејност и, како што додаде, тоа се најголемите инвестициски потенцијали што во моментов се случуваат ќе се случуваат во следните години.
Премиерот Заев објасни дека најбрза инвестиција за најбрз можен начин за раст на БДП е инвестицијата во енергија посебно во обновливите извори на енергија.
„Овде спаѓаат фотоволтаиците, за кои во моментот најмногу се инвестира. Сакам да знаат граѓаните дека тие не одат веќе со фидинг тарифи, ниту со премиум тарифи, туку одат слободни на пазар. Вториот аспект се ветерниците во државата, каде се постави инвестиција вредна преку 500 милиони евра. Издадовме три лиценци за коишто се извадени веќе одобренија за градба, односно 30 мегавати во Богданци, 36 во Свети Николе и во Демир Капија уште 30-тина мегавати, значи некаде околу 100 мегавати се произведуваат само преку ветерници“, рече премиерот.
Заев истакна дека очекува тендерот за Чебрен да биде успешен поради добрите услови кои ги дава државата за обновливи извори на енергија.
Економија
(Видео) Димитриеска-Кочоска: Владата нѐ однесе во банкрот, секое четиричлено семејство е задолжено со 2.400 евра

Владата нѐ однесе во банкрот, секое четиричлено семејство за една година е задолжено со 2.400 евра плус камати, обвини Гордана Димитриеска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Не е помината ни една година од првото затворање на економијата и прогласување на пандемијата, а Македонија е задолжена со над 1 милијарда и 150 милиони евра нов нето-долг. Или едно четиричлено семејство има нов долг за една година од речиси 2,400 евра плус камати. Повторувам 2.400 евра плус камати ќе врати едно четиричлено семејство за една година. Секој може да пресмета и да процени колку доби изминатава година, а колку ќе треба да враќа. Затоа што треба да ни е јасно на сите дека тој долг е наш, на сите нас, но и на нашите поколенија и сите заедно ќе го враќаме“, рече таа.
Дека народот е исплашен, додаде Димитриеска-Кочоска, дека нема пари, дека нема доверба во оваа Влада за подобро утре, покажуваат и податоците од Државниот завод за статистика за БДП за 2020 година, кои беа објавени пред некој ден.
„Приватната потрошувачка во 2020 година е намалена 5,6 % на годишно ниво, а само во последното тримесечје на годината 4,3 %. Уште повеќе загрижува податокот за бруто-инвестициите, кои во 2020 година се намалени 10,2 % во однос на 2019 година, а само во последниот квартал од 2020 година – 13 %. Ова јасно покажува дека оваа Влада немаше никакви капитални инвестиции, а приватниот сектор беше значајно погоден од кризата, без изгледи да влезе во инвестиции. Напоменувам, падот на бруто-инвестициите во 2020 година е повисок од оној што го имавме за време на воениот конфликт во 2001 година кога беше 6,1 %“, рече таа.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“