Економија
Дали знаете како да се справите со загадениот воздух и вирусите во вашиот дом?
Загадувањето на воздухот е несомнено еден од најголемите проблеми со кои сите се соочуваме, особено во зимските денови кога нивото на ПМ 2,5 и ПМ 10-честичките е на екстремно високо ниво.
Единствениот начин да се заштитиме себеси и нашето здравје е да обезбедиме поквалитетен воздух за нас и нашите најблиски, со тоа што ќе најдеме начин како да го прочистиме воздухот во домот.
Прочистувачите на воздух на Daikin се дизајнирани да се грижат за вас и да обезбедат чист воздух и здрава средина во вашиот дом. Нивната задача е ефикасно да ги отстранат и уништат хемиските загадувачи и штетните честички кои кружат во воздухот, а можат да го загрозат вашето здравје.
Во деновите кога загадувањето со ПM честички во воздухот е на загрижувачко високо ниво, ние ви ги претставуваме прочистувачите на воздух од програмата на Daikin.
Станува збор за уреди во кој е вградена Flash Streamer технологијата, која ефикасно ги уништува вируси, полен, фунги и останати алергени.

Станува збор за уреди во кој е вградена Flash Streamer технологијата, која ефикасно ги уништува вируси како SARS-CoV-2, полен, фунги и останати алергени.
Истражување што го спроведе Daikin Industries во соработка со професорот Шигеру Киува од катедрата за биомедицински науки на Универзитетот во Токио и група истражувачи предводени од проф. Шигеру Морикава од одделот за микробиологија на Универзитетот за науки во Окајама, покажува дека Flash Streamer технологијата на Daikin го уништува и SARS-CoV-2 вирусот до 99.97% по 3 часа озрачување на вирусот.

Flash Streamer технологијата е она што ги прави прочистувачите на воздух на Daikin толку ефикасни. Во споредба со стандардното плазма-празнење, опсегот на Flash Streamer на Daikin е поголем, што им олеснува на електроните да се судираат со кислородот и азотот од воздухот, а сето тоа е значително брзо и совршено безбедно за вас и вашето семејство.
Прочистувачите за воздух на Daikin имаат моќ ефикасно да ги елиминираат честичките од прав, чад, првутот, ситните влакна од миленици и спорите од мувла. Шест слојниот моќен систем за разградување го редуцира чадот од цигари, непријатните мирси и органски хемикалии, кои се штетни за вашиот дом и животната средина и можат да го иритираат вашиот респираторен систем.
Електростатскиот HEPA филтер ги отстранува респираторните надразнувачи и загадувачи, бактерии и вируси, кои се причина за појава на голем број заболувања. Предноста на овој филтер е тоа што се менува еднаш на 10 години, за разлика од HEPA филтрите со активен јаглен кои се препорачува да се заменат по една година користење.


Прочистувачите за воздух на Daikin се одличен избор за луѓе кои страдаат од астма и алергии, а докажано можат да ги ублажат симптомите на отежнато дишење и хроничен бронхитис, правејќи го воздухот чист, свеж и здрав.
Дополнително, четири литарскиот резервоар во моделот Ururu со функција за навлажнување е направена со цел да ви овозможи целосна контрола врз одржување на оптимално ниво на влажност на воздухот во вашиот дом, спречувајќи ги негативните ефекти кои настануваат како последица од сувиот воздух во текот на зимските денови, како што се сувост на кожата, грлото и ноздрите.
Прочистувачите за воздух на Daikin се совршено компакти, лесни за одржување, ефективни и неверојатно тивки при работа, идеални за поставување во ноќен режим.
Daikin преставува синоним за иновативност, квалитет и професионалност. Нашите решенија за прочистување на воздухот се направени со цел да овозможат чист воздух за дишење и да ги оптимизираат нивоата на удобност со цел да ги намалите ризиците по здравјето.
Дознајте повеќе за карактеристиките и спецификациите на прочистувачите на линкот: daikin.mk/procistuvaci.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 16.2.2026 година.
Од 24.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,520 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 34,520 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,380%, кај дизелот за 2,624%, кај екстра лесното масло за 2,351% и кај мазутот зголемувањето е за 2,274%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4252%.
Економија
Работилница на македонската и грчката регулаторна комисија за енергетика: во фокусот поврзувањето на пазарите за електрична енергија
Регулаторното искуство во поврзување на пазарите за електрична енергија беше фокусот на третата заедничка работилница помеѓу Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY).
“Откако се донесе Законот за енергетика, во РКЕ се формирани тимови од инженери, економисти и правници кои работат интензивно на подзаконската регулатива што ќе обезбеди усогласување на домашната легислативата со европската. Ова е само еден од предусловите за да започне практичната интеграција на домашниот пазар со регионалните пазари, а потоа и со Европскиот пазар за електрична енергија. Регулаторната работилница за нас е можност да размениме искуства и знаење, затоа што грчкиот регулатор веќе го има затворено овој процес.“ посочи Лирим Сулејмани, заменик претседател на РКЕ.
Од Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY) ги презентираа регулаторните чекори кои што ги презеле при спојување со европскиот енергетски пазар, нагласувајќи дека ова е интензивен процес што бара блиска и ефикасна соработка на засегнатите страни за да се постигне јасна и транспарентна транзиција.
РКЕ и РАЕ минатата година во февруари склучија Меморандум за соработка во областите: енергија, вода и отпад со цел размена на регулаторна експертиза.
Економија
Божиновска со концесионерите во Прилеп: Развојот на рударството продолжува со јасни правила, повисоки стандарди и поголема контрола
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на работната посета на Прилеп одржа заедничка работна средба со најголемите концесионери од регионот, посветена на актуелните состојби во рударскиот сектор, предизвиците со кои се соочуваат компаниите и можностите за понатамошен развој.
На состанокот присуствуваа претставници на повеќе компании кои имаат значајна улога во експлоатацијата и преработката на минерални суровини. Во отворена дискусија се разговараше за тековната динамика на работа, инвестициите во модернизација на производството, предизвиците поврзани со административните постапки, како и потребата од предвидлива и стабилна регулаторна рамка која ќе овозможи долгорочно планирање и нови вложувања.
Министерката Божиновска нагласи дека државата има јасен интерес рударството да се развива како силен економски сектор, но исклучиво со целосно почитување на законските обврски, еколошките стандарди и безбедносните правила.
„Партнерството со компаниите е важно, но уште поважно е довербата на граѓаните. Затоа развојот мора да оди паралелно со одговорност, транспарентност и засилен надзор“, истакна Божиновска.
Концесионерите ја поздравија иницијативата за почести директни средби со институциите, оценувајќи дека ваквиот пристап овозможува побрзо решавање на отворените прашања и подобра координација во секторот.
На средбата беше потенцирана и потребата од засилен инспекциски надзор на терен, при што беше нагласено дека отворањето на новата канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп ќе придонесе за поефикасна контрола, еднакви услови за работа и дополнително зајакнување на стандардите во индустријата.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на континуиран дијалог со индустријата, со цел создавање стабилна деловна средина, одржлив економски раст и јасни придобивки за локалните заедници.

