Контакт

Економија

„Етихад ервејс“ забележа загуба од 1,2 милијарда долари во 2018 година

Објавено пред

Авиопревозникот „Етихад ервејс“ со седиште во Абу Даби соопшти дека во 2018 година направил загуба од 1,28 милијарда долари, што е трета година по ред компанијата да забележи загуби од над милијарда долари на годишно ниво.

Приходите на „Етихад“ изнесувале 5,86 милијарди долари, што е послаб резултат отколку во 2017 година кога „Етихад“ пријавил приход од 6 милијарди долари.

Во 2017 година „Етихад“ регистрирал загуби од 1,52 милијарда долари, а во 2016 – 1,95 милијарда долари.

Во изминатите три години „Етихад“ забележа вкупна загуба од 4,75 милијарди долари.

Најголем дел од загубите се резултат на порастот на цената на горивата и условите на пазарот, а „Асошиетед прес“ оценува дека големите загуби се резултат и на купувањето акции во авиопревозници од Европа и Австралија.

„Етихад“ е малцински сопственик и во националниот авиопревозник на Србија, „Ер Србија“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Владата ја одобри програмата за финансиска поддршка за жените од рурални средини

Објавено пред

На денешната 136. седница Владата го прифати предлогот на Министерството за земјоделство, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и UN Woman, за програма за изменување на Националната програма за развој на земјоделството и рурален развој за период од 2018-2022 година.

Како што информираат од владината-прес служба, во насока на поддршка на жените од руралните средини, со измената се предвидува поддршка во вид на неповратна финансиска поддршка во висина од 180 илјади денари за инвестиции кои што ќе придонесат за развој на руралните средини.

Прикажи повеќе...

Економија

Отворен конкурс за учество на летната школа „Биди банкар“

Објавено пред

Охридска банка „Сосиете женерал“ го отвара конкурсот за учество на летната школа наменета за млади банкари „Биди банкар“.

Летната школа ќе се одржи во Охрид од 1 до 28 јули, а аплицирањето за учество почнува денес и трае до 31 мај.

Школата ќе се одржи трета година по ред и е наменета за сите студенти од последната година на студии.

Овој проект е уникатен затоа што е единствен од ваков тип во нашата држава, а банката ги покрива трошоците за престој и храна за избраните учесници.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Економија

„Форд“ отпушта 7.000 вработени

Објавено пред

Американската автомобилска компанија „Форд“ соопшти дека ќе затвори 7.000 работни места во администрацијата или околу 10 отсто од својата глобална работна сила со фиксни месечни примања.

Компанијата се одлучила на ваков потег во рамките на напорите за намалување на трошоците. Според процените на „Форд“, отказите би требало да ѝ донесе заштеда на компанијата од речиси 600 милиони долари годишно.

Вработените од денеска ќе почнат да примаат известувања за најавените кратења, а целиот процес би требало да заврши до крајот на август.

Во Северна Америка ќе бидат укинати речиси 2.400 работни места.

Извршниот директор на „Форд“, Џим Хакет, во електронска порака до вработените напишал дека укинувањето на работните места ќе биде реализирано низ доброволно напуштање на работата и откази.

„За да успееме во нашата конкурентна индустрија и да го позиционираме ‘Форд’ да победи во иднината што забрзано се менува, мораме да ја намалиме бироктратијата, да ги зајакнеме менаџерите, да го забразаме процесот на носење одлуки, да се фокусираме на највредните работи и да ги намалиме трошоците“, напишал Хакет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Прво внатрешни консултации во СДСМ и ДУИ, па ќе продолжат разговорите за нови кадри во Владата

Премиерот Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, остварија средба со која започнаа разговорите за детектирање одредени слабости кај...

Македонија13 часа

Влада: Препораката Охрид да стане загрозено светско наследство е стимул за зголемена работа и акција

Владата пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во Охридскиот...

Забава15 часа

Копров ѝ се извини на Србија: Жирито беше составено од анонимуси, а не од еминентни автори

Композиторот Григор Копров преку социјалната мрежа „Фејсбук“ ѝ се извини на српската нација поради тоа што од нашето жири не...

Македонија16 часа

Претседателот ги потпиша указите за 21 закон

Претседателот Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување 21 закон, кои не беа потпишани од поранешниот претседателел Ѓорге Иванов. Меѓу потпишаните...

Македонија17 часа

Владата бара од Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на судските службеници од 2016 година

Владата бара од Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на вработените во судската служба од 2016...

Свет18 часа

САД привремено ја укинаа забраната за „Хуавеј“ за 90 дена

По одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја стави компанијата „Хуавеј“ на црната листа за тргување со американските компании,...

Македонија18 часа

(Видео) Независните од ВМРО-ДПМНЕ не кажуваат дали ќе гласаат за одземање на имунитетот на Груевски

Независната група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ не кажува како ќе гласа на седницата за одземање на имунитетот на експремиерот и поранешен...

Регион18 часа

Србија воведе доживотна затворска казна

Српските пратеници ги усвоија измените на Кривичниот законик, со кои се укинува затворската казна од 30 до 40 години и...

Европа21 час

Се распаѓа австриската влада, сите министри од ФПО поднесоа оставки

Австриската екстремнодесничарка Партија на слободата (ФПО) објави дека сите нејзини министри во коалициската влада формирана во декември 2017 година со...

Спорт23 часа

Почина Ники Лауда

На 71 годишна возраст почина легендата на Формула 1 , Ники Лауда. „Со длабока тага објавуваме дека нашиот сакан Ник,...

Спорт1 ден

Ѓоковиќ за 6 месеци заработи 5,2 милиони долари!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со пласманот во финалето на Мастерсот во Рим дополнително ја зголеми заработката за изминатите 6 месеци....

Македонија2 дена

Протест против изградбата на Али-пашината џамија: Во Охрид се случува атак врз достоинството и чувствата на охриѓани

Жителите на Охрид предводени од граѓанското здружение „Совест“ излегоа на мирен протест пред општината каде го изразија својот револт од,...

Македонија2 дена

„Анима мунди“: Здружение формирано пред 2 месеца ќе биде во раководните структури во ЈП „Лајка“

Иако градоначалниокот на Скопје, Петре Шилегов, ветуваше дека во новото јавно претпријатие „Лајка“ за третман на бездомните животни ќе бидат...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ бара расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ  поднело иницијатива до собраниската комисија за финансирање и буџет за надзорна расправа за склучените договори за консултантски, адвокатски и...

Македонија2 дена

Отворена постапка за неовластено снимање на разговорот на Павле Богоевски

Скопската полиција  достави известување до Oсновното јавно обвинителство Скопје кон кое е приложен записник за примена кривична пријава со кој...

Македонија2 дена

Директорката на Детската клиника поднесе оставка

Директорката на ЈЗУ „Универзитетска клиника за детски болести“, Катарина Ставриќ, од лични причини поднела оставка од функцијата за време на...

Топ2 дена

Едно лице загина во сообраќајната несреќа на патот Кичево – Охрид

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Кичево – Охрид. Како...

Македонија2 дена

(Видео) Заев и Хан на Виенскиот економски форум: Политичката стабилност отвора можности за нови инвестиции во земјата

Премиерот Зоран Заев, денеска, во Виена имаше свое воведно обраќање на отворањето на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори –...

Македонија2 дена

(Видео) Во јуни ќе се одржи првата Парада на гордоста во Скопје

Првата Парада на гордоста за правата на ЛГБТ-заедницата во земјата ќе се одржи на 29 јуни, информираа од организационот одбор...

Македонија2 дена

Горан Трајковски даде оставка од директорската функција

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски, во петокот доставил барање до Собранието за престанок на функцијата...

Досие