Економија
Заев: Обезбедуваме сигурност на инвестициите преку владеење на правото и борба против корупцијата
Обезбедуваме сигурност на инвестициите со воспоставување владеење на правото и борбат против корупцијата, владините стратегии се за обезбедување економска сигурност на граѓаните, истакна премиерот Зоран Заев на панел-сесијата на тема: „Светот во време на криза: Економски реформи и глобални односи во Југоисточна Европа “, на која учествуваше заедно со ЕУ-амбасадорот Дејвид Гир и со Кејт Мари Брна, амбасадор на САД во земјата.
Истовремено, Заев упати честитки за организацијата на годинешниот самит „Македонија 2025“, кој од 1 до 3 декември 2020 декември, поради околностите предизвикани од пандемијата на Ковид-19, првпат се одржува во хибриден формат фокусирајќи се на светот за време и по глобалната здравствена и економска криза и изразувајќи верба дека како и секоја година и оваа ќе произлезат квалитетни заклучоци, кои понатаму ќе придонесат кон имплементација на важни проекти и активности, со оглед на, како што нагласи премиерот Заев, нагласената потреба од наметнување на современите трендови и фокусирање кон економските реформи, кои ќе придонесат кон одржлив и инклузивен економски развој.
Осврнувајќи се на процената за состојбата во поглед на економските реформи и најголемите достигнувања и можности за успех, како и најголемите предизвици за успех и подобрувањето на владеењето на правото, премиерот Заев истакна дека Владата посветено работи на ублажување на ефектите од пандемијата наведувајќи ги веќе донесените четири економски пакети за заздравување на економијата потенцирајќи дека се работи и на економско планирање за подобрување на состојбите на среден и на долг рок.
„Нашите заложби се на долг рок креирање стабилен предвидлив деловен амбиент за да може да се реализираат предвидените инвестициски проекти, со гаранција на инвестициите како одраз на зголемување на правната сигурност. Во време кога се соочуваме со економска неизвесност и сè уште разновидни сценарија за кризата, предизвикот за реалниот сектор е голем. Во справувањето со предизвиците важна е придружната улога на јавниот сектор, која е предуслов за амбиент за развој на претприемаштвото и иновациите“, рече премиерот Заев.
Заев истакна дека Владата ја смета платформата за просперитетна иднина донесена од „Македонија 2025“ и дека е компактибилна со владините стратегии, при што се истакнуваат предностите и предизвиците со цел економски прогрес и економска благосостојба на граѓаните во Северна Македонија.
Тој нагласи дека приоритет се човечкиот капитал и образованието. Притоа тој ја спомена „Младинската гаранција“, преку која се вработија и млади луѓе во согласност со потребите на пазарот на трудот.
„Преку рекомбинирање на образовниот систем, кој треба да продуцира квалификувана работна сила во согласност со потребите на пазарот на трудот, веднаш по тоа, доаѓаат економските перформанси, водењето бизнис во државата и во делот на привлекувањето на странските инвестиции, но и во делот на поддршка на оние капацитетни економски дејности што постојат во нашата земја и како области, но и како конкретни компании што може да генерираат сериозен раст на економијата“, нагласи премиерот Заев на денешниот самит „Македонија 2025“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

