Контакт

Економија

Заев од Македонска Каменица: Почнува реконструкција на патот кој го поврзува градот со рудникот „Саса“

Објавено пред

Претседателот на СДСМ и мандатар за составување на Влада, Зоран Заев, денес имаше повеќе теренски активности во Македонска Каменица.

dobivaj vesti na viber

Тој најави целосна реконструкција на патот од Македонска Каменица кон рудникот „Саса“ во должина од 10 километри.

„Проектот е вреден 2,27 милиони евра кои се обезбедени преку ЕБДР. Минатата година е завршена комплетната проектна документација, а од денес се пристапува кон комплетно санирање на патот кој не е реконструиран повеќе од 40 години. Дополнително ќе се работи и на изградба на придружни елементи“, соопшти СДСМ.

Од партијата велат дека ова е еден од капиталните проекти во источна Македонија, кои заедно со реконструкцијата на делот Крупиште, Узем-рудник Тораница и овој пат ја комплетираат главната патна инфраструктура во овој регион.

Економија

Некои од горивата од ноќеска поевтинуваат

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52 % во однос на одлуката од 2.9.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,683%, кај дизелот за 1,869%, кај екстра лесното масло за 2,561% и кај мазутот има намалување за 3,570%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,6747%.

Од 7.9.2024 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 95                  74,50 (денари/литар)

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 98                             78,50 (денари/литар)

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            69,50 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               68,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                 44,780 (денари/килограм)

 

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V),  Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат

Прикажи повеќе...

Економија

Благ пад на светските цени на храната во споредба со јули

Објавено пред

Светските цени на храната благо паднаа во август во споредба со јули, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

dobivaj vesti na viber

Светскиот индекс на цените на храната за август изнесува 120,7 поени, што е нешто помалку од 121 во јули, соопшти ФАО. Ова резултира со пад на индексот на цените на месото, шеќерот и житото, а во исто време е забележан и раст на растителните масла и млечните производи. Вредноста на индексот на цените на месото во август изнесува 119,5 поени, што е 0,7 отсто помалку од јули, а пад е забележан и кај живината, свинското и овчото месо.

Како што е наведено, индексот на цените на шеќерот падна 4,7 отсто, на 113,9 поени во август, пред сѐ, поради подобрувањето на производствените изгледи за сезоната 2024/2025 на Тајланд и во Индија по врнежите што се значајни за културите на шеќерна трска. Вредноста на индексот на цените на житото беше на ниво од 110,1 поен, 0,5 отсто помалку од јули, откако неколку месеци по ред цените на пченицата паѓаат поради слабата побарувачка и силната конкуренција меѓу извозниците, пренесува „Танјуг“.

Растителните масла поскапеа и индексот на цените на овие производи месечно се зголеми 0,8 отсто, на 136 поени, особено поради повисоките цени на палминото масло, кои растат веќе три месеци по ред. Најмногу поскапува просечната цена на млечните производи, 2,2 отсто месечно, на 130,6 поени. Во август е забележан значителен пораст на цените на путерот, како и на обезмасленото млеко, сирењето и другите производи.

Прикажи повеќе...

Економија

Поврзување на Македонија и Србија преку интерконекторот за гас – тема на средбата на потпретседателите Николоски и Стоилковиќ со министерката Бедовиќ Хандановиќ

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и заменик претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ во Белград остварија средба со министерката за рударство и енергетика Дубравка Бедовиќ Хандановиќ.

dobivaj vesti na viber

„Имавме изворедна посета на Република Србија овие два дена, се сретнавме со целокупниот државен врв, политичките односи се одлични, треба да бидат следени и надградени и од добри економски односи, од односи кои ќе значат подобри и поплатени работни места и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Србија.

Денеска целиот фокус на разговорите го посветивме на економијата од сите аспекти на економијата. Во делот на енергетиката разговаравме за изградба на интерконектор или гасно поврзување меѓу Македонија и Србија што треба да следи после гасното поврзување или интерконекторот меѓу Македонија и Грција“, кажа по средбата, потпретседателот Николоски во своето обраќање пред медиумите.

„На тој начин ќе се изгради целокупен гасовод кој што ќе оди од Грција преку Македонија и Србија до Унгарија, Австрија и Централна Европа и ќе се заврши еден проект кој што генерации политичари пред нас го спомнувале за изградба на гасовод низ Македонија со кој што Македонија ќе го заземе централното место во делот на снабдување со гас на Централна Европа, што во услови на криза на Истокот и воена агресија во Украина ќе значи уште повеќе за македонската економија затоа што прво ќе може снабдувањето со гас во Македонија да се диверзифицира и да имаме три или четири извори на гас за Македонија а не само еден и второ многу поважно е низ Македонија да оди транзит гас кој што ќе оди до големите европски држави со што македонското стопанство со само тоа што ќе наплаќа транзит на гас ќе остварува големи приходи, а стратешки Македонија ќе ја постави на мапата да не биде избегнувана и од една страна каде што некои други влади сакаа Македонија да ја направат слепо црево во делот на инфраструктурата и во делот на поврзувањето, ние сакаме да ја направиме центар во поврзувањето.

Така што клучен гасовод кој што оди до Централна Европа, изградба на брза пруга со 200 km на час која што исто така оди до Централна Европа, завршување на Коридор 8 во делот на автопатско поврзување со Бугарија и Албанија и во перспектива и железничко, како и изградба на мултимодуларен комплекс кај Трубарево каде што треба да изградиме пристаниште на суво како што се нарекува, каде што треба да се претовара целата роба која што ќе доаѓа од солунското, драчкото и атинското пристанште, мислам дека македонската економија во следните 10-15 години ќе ја стави во центарот на Балканот, што е наша основна задача, да ја покренеме Македонија, луѓе да доаѓаат во Македонија а не да си одат, да има повеќе работни места и да има добро платени работни места.

Можам да ја оценам посетава како навистина успешна, сега очекуваме посета на премиерот Вучевиќ во Македонија на крајот на септември или почетокот на октомври, а до крајот на годината да имаме заедничка седница на двете влади, а од следната година да имаме по две седници на влади заеднички како уште повеќе би ја подобрувале економската и политичка соработка“, изјави министерот Николоски.

На новинарско прашање за изградба на брзата пруга, министерот Николоски одговори:

„Тоа е еден од првите приоритети на кој што јас трошам многу време и енергија. Нашата цел е да во многу брзо време да ја испроектираме и да ја изградиме брзата пруга, не сакам да давам рокови но ако успееме во рамки на извесните два мандати кои што ќе ги има оваа оваа влада, зашто да нема и три, ќе е одлична работа за Македонија. Некаде таму помеѓу 2030 и 2032 година да имаме функционална брза пруга со 200 кm на час што ќе значи препород за цела Македонија“, истакна Николоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 минути

Загина кумановец: со мотоцикл излетал од патот

Вчера во 16.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола- Ресен се случила сообраќајна несреќа, во...

Свет1 час

(Видео) Се урна мост, возила паднаа во река: се зголемува бројот на жртви поради тајфунот „Јаги“

Обилните дождови продолжија во северниот дел на Виетнам откако тајфунот „Јаги“ ја погоди таа земја, кој предизвика лизгање на земјиштето,...

Свет2 часа

Захарова: „Русија веќе победи“

Одбивањето на повеќето земји да ја поддржат антируската линија и имплементацијата на најсложените механизми за одржување на стабилност претставуваат победа...

Македонија2 часа

Антикорупциска и Јавното обвинителство да испитаат зошто Филипче како министер криел имот што го поседува, а како пратеник годинава го пријавил, бара ВМРО-ДПМНЕ

Манипулациите се карактеристика за СДС. Кога ќе се види што Венко Филипче пријавувал како министер, а што како пратеник може...

Свет2 часа

Трамп: Ќе депортираме мигранти без документи, тоа ќе биде крвава приказна

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера ја засили својата антиимиграциска реторика предупредувајќи дека отстранувањето на мигрантите од САД би било...

Свет3 часа

Израелски пратеник: Почетокот на војната со Либан е прашање на денови, предградијата на Бејрут ќе бидат како Газа

Нисим Ватури, член на израелскиот Кнесет, тврди дека е „прашање на денови“ кога ќе избие вистинска војна меѓу Израел и...

Свет3 часа

Повеќе од 20 приведени во истрагата за убиството на осумгодишно девојче во Турција: меѓу нив членови на потесното семејство

Турските власти досега приведоа 23 лица во рамки на истрагата за смртта на осумгодишното девојче Нарин Гуран во Дијарбекир, чие...

Свет16 часа

Исчезнатото осумгодишно девојче Нарин Гуран е најдено убиено и фрлено во торба (ВИДЕО)

Безживотното тело на осумгодишното девојче Нарин Гуран, кое исчезна во турската провинција Дијарбекир на 21 август, беше пронајдено во поток...

Македонија16 часа

Поминаа три години од пожарот во модуларната болница во кој изгореа 14 луѓе

До денес изминаа точно три години од пожарот во модуларната болница во Тетово во кој животот го загубија 14 луѓе,...

Македонија21 час

Мицкоски: Kако нација имаме две големи цели, да го победиме разочарувањето и да го сузбиеме криминалот

Тогаш битката беше како ќе се исправиме на нозе, денеска битката е како ќе направиме големи чекори напред, истакна премиерот...

Култура21 час

Почина актерката Снежана Стамеска

На 79 годишна возраст денеска почина актерката Снежана Стамеска, соопштија од Драмскиот театар Скопје. Стамеска беше првенка на Драмски театар...

Македонија22 часа

Казни за нерегистрирани производители на сирење и месо во Прилеп

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) казни нерегистрирани производители на сирење во Прилеп и Скопје, како и месарница поради неводење...

Топ23 часа

Фатени бегалци барани со потерница за тешки кражби

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 06 часот во Скопје, на територија на општина Кисела Вода,...

Македонија1 ден

Во текот на вчерашниот ден 38 пожари на отворено, активни се уште три

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 38 пожари на отворен простор, од...

Македонија1 ден

Денес се одбележуваат 33 години од независна Македонија

Под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ денеска со повеќе активности во организација на Владата, се одбележува Денот на...

Македонија2 дена

Дождот не го изгасна целосно, но го стави под контрола големиот пожар во Мариово

Дождот кој заврна попладнево помогна да се стави под контрола големиот пожар во Мариово, но сепак сѐ уште не е...

Македонија2 дена

Неисправни се двата полициски хеликоптери и двата ер-трактори, се чека дождот да го изгасне пожарот кај Мариово (ВИДЕО)

Неисправни се двата полициски хеликоптери и тие не можат да учествуваат во големиот пожар во прилепскиот дел од Мариово чиј...

Регион2 дена

Легендарниот рокер Бора Чорба погребан со хитот “Погледај дом свој анџеле“

Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (72) денес е погребан.  Семејството, колегите, но и бројни пријатели и...

Топ2 дена

Го убиле соседот кој претходно ги пречекал во Кочани и со кој заедно пиеле

ОВР Кочани поднесе кривична пријава до ОЈО Кочани против Ѓ.Б. (32) и Љ.С. (48), двајцата од Кочани поради основи на...

Македонија2 дена

Гужва на „Богородица“ продолжениот викенд направи долги колони за влез во Грција

На граничните премини Богородица, Дојран и Табановце за излез од државата се чека повеќе од еден час, додека на останатите...