Контакт

Економија

За пет дена завршува рокот за поднесување барања за субвенции за Програмата за директни плаќања 2020 година

Објавено пред

До крајот на оваа недела, односно заклучно со петок, трае рокот за поднесување барања за субвенции за Програмата за директни плаќања 2020 година.

dobivaj vesti na viber

Во овој период се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади. Исто така до крај на месецот барање за добивање  финансиска поддршка може да достават и сите кои се занимаваат со сточарско производство, односно одгледуваат говеда, овци, кози, пчели свињи, а може да се аплицира и за финансиска поддршка за заклани животни во кланица.

Барањата за добивање финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот на веб-страница на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk.

Оние земјоделци кои не можат електронски да поднесат барања или имаат потреба од помош при пополнување на електронските барања, можат да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во целата држава, кои им стојат на располагање за сè што ги интересира во врска со поднесувањето на барањата.

На веб-страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се објавени телефонските броеви на раководителите на сите подрачни единици на МЗШВ, со цел земјоделците да имаат можност и телефонски да побраат помош.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

АД ЕСМ со најповолна понуда за електрична енергија, соопшти „ЕВН хоме“

Објавено пред

ЕВН Хоме како универзален снабдувач на електрична енергија, на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јули-декември 2025 доби најповолна понуда од АД ЕСМ со купопродажна цена на електрична енергија од 62 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини, соопштија од таму.

dobivaj vesti na viber

Оваа цена, како што појаснуваат, е идентична со претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јануари-јуни 2025), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 62 евра за мегаватчас.

„Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри.

Како и секогаш, во крајната цена влегуваат: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција“, се истакнува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Економија

„Угостителскиот сектор и градежништвото со најголем раст од 7,1 отсто, зголемувањето на вработеноста, платите и на пензиите ја зголемија потрошувачката“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Во услови на сериозни економски предизвици во државата и во поширокиот регион, кога земјите од Европската унија се соочуваат со сериозни проблеми во економијата, Македонија покажа како со добро смислени мерки и политики, успешно се надминуваат предизвиците. Од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води Владата, македонската економија бележи последователен раст“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Растот од 3% на БДП во првиот квартал од годинава е продолжување на трендот на раст на економијата од втората половина на минатата година.

Широкиот опфат на мерки и на поддршка на стопанството и граѓаните кои Владата ги презема и реализира до сега, го даваат својот резултат.

Тоа може да се заклучи и по тоа што растот на БДП, не е само поради раст на само една гранка во стопанството, туку тој се заснова на широка основа во сите стопански гранки.

Двигатели на овој раст се услужниот сектор и градежништвото со по 7,1 проценти, при што со инвестицискиот циклус кој што престои, градежништвото ќе биде главен двигател и во иднина.

Како резултат на досега преземените мерки за раст на вработеноста, на платите и пензиите се зголеми и потрошувачката на граѓаните, која заедно со зголемената побарувачка поттикната од значително зголемување на бруто инвестициите за 18% и на потрошувачката за 1,9%, имаат значителен придонес во растот на БДП.

Значителен раст има и кај стручните и научни технички дејности од 4,8%, информации и комуникации 3,6%, како уметноста, забава и рекреација, како и индустријата од 2,1 проценти и преработувачката индустрија од 3,7%.

Индустријата забележа раст од 2,1 процент во услови на зголемено производство во преработувачката индустрија од 3,7%, а позитивниот тренд на раст продолжи и во земјоделството.

Сиот овој раст не е случаен, туку тој е резултат на посветена работа и на добро проектирани мерки и активности за подобрување на економската состојба во државата.

За таа цел, од почетокот на годината скоро 11 милијарди денари од Буџетот се влезени во економијата преку компаниите коишто работат на изведба на инфраструктурни проекти, близу 500 милиони денари кон компаниите кои работат на општинските проекти, над 125 милиони евра за инвестиции на домашните компании преку Развојната банка.

И овде нема да се застане. Македонија ќе продолжи со засилено темпо да се трансформира, а македонската економија ад расте и да се развива.

Крајната цел на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да ја направи земја на можности, и во таа насока посветено работи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Економија

„Влен“: Ја носиме најголемата поддршка досега за младите, за жените и за претпријатијата

Објавено пред

„Влен“ го најавува започнувањето на мерка 2.1 Вработување и раст на претпријатијата, дел од Оперативниот план за вработување, за којашто велат дека е една од најконкретните, најдиректните и најмоќните иницијативи за промовирање нови вработувања и развој на претпријатијата во нашата земја.

dobivaj vesti na viber

„Оваа мерка има за цел не само да создаде нови работни места, туку и да ги зајакне локалните бизниси, што е голем чекор кон посилна, пофер и поинклузивна економија!

Право на аплицирање имаат: Микро, мали и средни претпријатија; Граѓански организации заинтересирани за создавање нови работни места; Нови претпријатија основани преку Програмата за самовработување во 2024 година“, велат од „Влен“.

„Финансиската поддршка за секој вработен е следнава: 250.000 денари за млади лица до 29 години; 220.000 денари за жени, Роми и корисници на минимална помош; 160.000 денари за вработени над 29 години кои не припаѓаат на горенаведените категории.

Корисниците мора да потпишат договор за вработување со вработениот во период од 9 до 15 месеци.

„Влен“ продолжува да докажува дека промената не е само зборови, туку конкретни дејствија во корист на граѓаните и локалната економија“, се додава во соопштението на „Влен“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Арсовска до Елмази: Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му одговори на Мухамед Елмази од Влен, дека Градот нема надлежност во Сарај. „Мухамед...

Македонија7 часа

Мисајловски на состанок на НАТО во Брисел: Единството на Алијансата е на највисоко ниво

Mинистерот Владо Мисајловски заедно со министрите за одбрана на сојузничките земји денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествуваше на...

Македонија9 часа

За патувањето во Јапонија се потрошени 3.485.080 денари за билети, сместување и дневници, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во интерес на јавноста најостро реагираме на целосно шпекулативните информации и невистинити тврдења дека министерот за култура Зоран Љутков потрошил...

Македонија11 часа

12 повредени од пожарот во Кочани се на лекување во болница, еден е во тешка состојба, рече Клековски

Сашо Клековски од ФЗО на денешната панел-дискусија, „Кочани е нашиот приоритет“, се осврна на ситуацијата во моментот во однос на...

Македонија12 часа

(Видео) Кузеска: Власта организирано ги штити виновниците за трагедијата во Кочани

Христијан Мицкоски, Панче Тошковски и Коцевски и натаму ги штитат полициските службеници кои имаат директна вина за најголемата трагедија во...

Македонија13 часа

„Шоферот го унапредил во службеник, вработена во кабинетот ја поставил за претседател на Управен во Опера и Балет, зошто на Љутков му се дозволува аздисување“, прашува СДСМ

„СДСМ денеска алармира за сериозни злоупотреби и скандалозно однесување во Министерството за култура и туризам, под раководство на Зоран Љутков....

Македонија14 часа

Арсовска: Наредбите за девалвации и напади од штабот на ВМРО се спроведуваат

Наредбите за девалвации и напади од штабот на ВМРО се спроведуваат, објави на социјалните мрежи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска....

Македонија15 часа

СВР Скопје го расчисти убиството во обид од 1 јуни, поднесени кривични пријави против три лица

СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против Г.А.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за...

Македонија17 часа

Тројца осомничени за обид за убиство пред фитнес-клуб во Чаир

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои сомнение...

Европа17 часа

(Видео) Нови сателитски снимки го откриваат обемот на историската украинска операција

Новите сателитски снимки и снимките од нападот со дронови покажуваат сериозни оштетувања на руските авиони во неколку воздухопловни бази за...

Свет17 часа

Севернокорејскиот лидер вети безусловна поддршка за Русија на средбата со Шојгу

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се сретна со секретарот на рускиот Совет за безбедност Сергеј Шојгу во вторникот, објави државната...

Свет17 часа

Трамп им забрани на странските студенти да се запишуваат на „Харвард“

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го суспендира приемот на странски студенти на Харвард за шест месеци, наведувајќи ги загриженоста...

Свет18 часа

Американски извори: Украина уништи половина помалку руски авиони од објавеното

Двајца американски функционери изјавија дека САД проценуваат дека Украина минатиот викенд погодила до 20 руски воени авиони во напади со...

Свет1 ден

Трамп најави одмазда на Путин врз Украина: Mи стави до знаење дека ќе мора да одговори на неодамнешниот напад врз руските воени воздухопловни бази

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека разговарал по телефон со рускиот претседател Владимир Путин. Разговорот, според американскиот претседател, траел околу...

Европа1 ден

Путин бесен, жестоко го нападна режимот на Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин за прв пат ги коментираше најновите украински напади на руска територија. Тој рече дека „намерните напади...

Европа1 ден

Зеленски предлага прекин на огнот до средба со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес предложи прекин на огнот до евентуална средба со рускиот претседател Владимир Путин. „Мојот предлог, и...

Македонија1 ден

Мухамед Елмази до Арсовска: Ќе барате ли од вашите партнери да се откажат од бесправните објекти, ќе побарате ли и тука дигалка или ќе свртите глава

Мухамед Елмази од „Влен“ на прес-конференција денеска, упати неколку прашања до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. „Денес сме тука...

Македонија1 ден

Арсовска до Мухамед Елмази: Дали си ти криминалец од ДУИ или од ВЛЕН?

„Таман мислиш не може да демонстрираат поголем очај за криминалот во кој се фатени, тие наоѓаат нов првенец од ДУИ!...

Македонија1 ден

Кривична против Здружение за коњички спортови и 34-годишна битолчанка за измама и фалсификување исправа

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Здружение за коњички спортови и заштита на коњи од...

Топ1 ден

Загина 20-годишно момче, со мотоцикл удрило во бетонски столб

Дваесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Куманово – Свети Николе. Според информациите на МВР,...