Економија
За четири години преку МојДДВ кај граѓаните се вратени 107,5 милиони евра
По повод 4 години МојДДВ, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска заедно со Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска во Клубот на пратеници оддржаа брифинг за новинари.
Пред присутните се информираше дека од воведувањето на апликацијата до денеска на апликацијата МојДДВ регистрирани се 538 919 корисници и тој број континуирано расте. На почетокот на мерката во 2019 година, апликацијата имаше 213 055 корисници, во 2020 кон МојДДВ, се приклучиле нови 149 753 лица, во 2021 година апликацијата почнале да ја користат нови 74 668 лица, односно 70 314 нови корисници во 2022 година .
Во првите шест месеци од годинава, на апликацијата МојДДВ се регистрирале нови 31 129 корисници. Освен бројот на корисници, Лукаревска рече дека расте и бројот на скенирани фискални сметки на остварен промет. Во 2020 година, остварениот промет изразен во фискалните сметки изнесувал 106,5 милијарди денари, во 2021 година прометот изнесува 148,3 милијарди денари додека во 2022 година прометот од скенираните фискални сметки е 178,7 милијарди денари.
Најмногу скенирани фискални сметки се оние издадени од ланците маркети и бензиските пумпи. Најголем број односно 74866 фискални сметки скенирала Штипјанка, веднаш по неа е жителка на Валандово со 52 731 скенирана фискална сметка, а со 41 647 скенирани фискални сметки е жител на Кичево, потоа следат граѓани од Битола, Велес, Скопје, Прилеп, Кочани, Неготино и Гевгелија.
„За овие 4 години кај граѓаните вративме 6,6 милијарди денари или 107, 5 милиони евра. Исплатата за скенираните фискални сметки во второто тримесечје односно во месеците април, мај и јуни ќе се реализира во август каде се очекува да се исплатат 696 милиони денари, или 11,2 милиони евра. Тоа се сериозни средства вратени на сметките на граѓаните кои скенираат фискални сметки и на тој начин директно ги подобруваат семејните буџети.“- рече Лукаревска
Директорката додаде дека 293 348 корисници на апликацијата се жени, а 245. 571 се мажи. По однос на возраста апликацијата ја користат лица од 15 до над 90 години. Тоа е показател дека мерката е добро креирана, добредојдена е, и прифатена од сите целни групи и возрасти а тоа е и мотив плус Управата за јавни приходи да продолжи да ја унапредува и усовршува истата и партнерски заедно со граѓаните на лесен и едноставен начин да придонесува кон намалување на нелојалната конкуреција како и јакнење на даночниот морал.
Министерот за финансии Фатмир Бесими посочи: Системот на враќање на дел од ДДВ на граѓаните овозможи секој граѓанин да стане даночен контролор за своите потрошени пари, а за истото да биде награден преку враќање на дел од данокот На тој начин оваа мерка ја остварува својата цел за која е воведена, а тоа е намалување на сивата економија и зголемување на евидентираниот промет преку фискалните системи на опрема. Низ годините се евидентира зголемен број корисници и зголемени износи за враќање на дел од данокот, како и зголемени приходи од ДДВ низ годините. На граѓаните од оваа година преку оваа мерка, со донесените законски измени предложени од Министерството за финансии, им се врши и зголемен поврат, од 1.800 денари на 2.100 денари во едно тримесечје“, рече министерот Бесими.
Директорката ги потсети граѓаните дека во секој момент може да ја следат исплатата, односно со најавување на системот Е-ПДД во делот „МојДДВ“ можат постојано да следат до каде е нивната исплата, да видат дали и колку средства им се исплатени и ако не им се исплатени зошто не им е исплатено, а апликацијата нуди можност корисниците сами да ги ажурираат информациите и податоците за нивните профили. Апелираше до граѓаните кои сеуште не се регистрирани на апликацијата, да се регистрираат, а граѓаните кои веќе ја користат апликацијата редовно да ги ажурираат податоците, особено е важно граѓаните кои промениле трансакциска сметка, навеле туѓа трансакциска сметка или број на платежна картичка истото да го корегираат. На тој начин се овозможува со валидни податоци за секој корисник исплата на средства по основ на скенирани фискални сметки и поврат на дел од искажаниот ДДВ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Партнерство за енергетската иднина“: Потпишан Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УНДП“
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува јасна и долгорочна рамка за заедничко делување во областа на енергетиката, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и одржливиот развој.
Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Северна Македонија, Армен Григорјан. Со Меморандумот се зајакнува институционалната соработка меѓу двете страни и се отвора простор за координирани активности насочени кон праведна и инклузивна енергетска транзиција, зајакнување на енергетската независност и отпорност на државата, како и исполнување на националните и меѓународните климатски цели.
„Овој Меморандум претставува силна потврда на нашата заложба за модерна, одржлива и праведна енергетска транзиција. Преку партнерството со УНДП добиваме дополнителна експертиза и поддршка за креирање и спроведување политики кои носат конкретни придобивки за граѓаните, економијата и животната средина“, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
Соработката ќе се реализира во согласност со националните приоритети и Програмскиот документ на УНДП за Република Северна Македонија за периодот 2026–2030, со посебен фокус на добро управување, транспарентност и активно вклучување на јавноста во процесите на донесување одлуки поврзани со енергетиката.
„УНДП останува посветен партнер на институциите во Северна Македонија во унапредувањето на одржливиот развој. Овој Меморандум создава силна основа за заедничка работа во енергетскиот сектор, со фокус на чиста енергија, намалување на емисиите и инклузивен јавен дијалог“, истакна постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.
Меморандумот предвидува заеднички активности во развојот на енергетскиот сектор, рударството и управувањето со минералните ресурси, намалување на емисиите на стакленички гасови преку зголемена примена на обновливи извори и мерки за енергетска ефикасност, како и поддршка во изработката и спроведувањето на национални стратегии, законодавство и акциски планови во областа на енергетиката.
Особено значаен сегмент од соработката е насочен кон јакнење на институционалните, техничките и човечките капацитети, преку градење експертиза и подобрување на процесите за креирање и спроведување јавни политики, како и кон унапредување на транспарентноста и инклузивниот јавен дијалог, со посебно внимание на младите, жените и ранливите групи граѓани. Во рамки на партнерството е предвидена и заедничка организација на национални и меѓународни настани, форуми и иницијативи посветени на одржливиот развој и енергетската транзиција.
Меморандумот е склучен на период од четири години, со можност за продолжување, и претставува значаен чекор кон продлабочување на соработката меѓу Министерството за енергетика и УНДП во насока на одржлива и сигурна енергетска иднина за Северна Македонија.
Економија
Новата Ford Puma Gen-E финалист на европскиот натпревар AUTOBEST 2026!
Ford Puma Gen-E е избрана за финалист на престижниот избор AUTOBEST 2026 – признание што ја потврдува визијата на Ford за иновативна, ефикасна и достапна мобилност.
Како нова електрифицирана генерација на омилениот кросовер, Puma Gen-E комбинира динамичен дизајн, напредни технологии и практичност создадена за секојдневието. Со фокус на одржливост и паметни решенија, моделот нуди возбудливо искуство во градот и надвор од него, без компромис во удобноста и перформансите.
Ова признание од AUTOBEST е уште една потврда дека Ford Puma Gen-E поставува нови стандарди во својата класа.
👉 Вашиот глас е важен!
Поддржете ја Ford Puma Gen-E и гласајте во изборот AUTOBEST 2026 на https://autobest.org/.
AUTOBEST е еден од најрелевантните и највлијателни европски автомобилски избори, основан со цел да ги претставува интересите на реалните возачи низ целиот континент. Жирито на AUTOBEST го сочинуваат реномирани автомобилски новинари од повеќе од 30 европски земји, кои заедно претставуваат над 90% од европскиот автомобилски пазар.
Финалистите и победниците на AUTOBEST се сметаат за репер во европската автомобилска индустрија, а самото учество во финалната селекција претставува значајно признание за квалитетот и визијата на еден модел.
(ПР)
Економија
Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:
„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“

