Контакт

Економија

Костадинов: Во приватниот сектор се отвораат сѐ повеќе работни места

Објавено пред

По деценија економска стагнација во времето на ВМРО-ДПМНЕ, економијата сега е стабилна и се движи во нагорна линија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Костадин Костадинов.

„Во првиот квартал од годинава бруто-домашниот производ порасна за 4,1 отсто. Tоа е највисок раст на економијата во последниве неколку години. Стапката на невработеност е намалена на 17,8 отсто. Toa е историски најниско ниво на невработеност од независноста па до денешен ден.   Со растот на инвестициите и активните мерки за вработување, за помалку од две години отворени се близу 50 000 нови работни места“, рече Костадинов.

Тој додаде дека само преку Оперативниот план за активни мерки за вработување, во 2018 биле вработени околу 6.500 лица од кои најголем број, или над 50 отсто, се млади лица до 29 години.

„Со пилот-програмата Гаранција за млади, минатата година 1.839 млади се вработиле во период од само 4 месеци по нивното евидентирање како невработени лица. Во периодот што ни претстои очекувано е ваквите позитивни трендови дополнително да се интензивираат и економијата да продолжи да расте. Позитивно и охрабрувачки е што сè повеќе работни места се отвораат во приватниот сектор“, изјави Костадинов.

Тоа е особено важно, додаде тој, бидејќи приватниот сектор е движечка сила за одржлива економија на долг рок.

 

Економија

Путин ја продолжи забраната за увоз на храна од ЕУ до крајот на 2020

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска потпиша декрет со кој руската забрана за увоз на храна од земјите членки на ЕУ се продолжува до крајот на 2020 година, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Русија од 2014 година воведе ембарго за увоз на широк спектар производи од ЕУ и други земји како одговор на меѓународните санкции наметнати врз Москва поради нејзината улога во украинската криза.

Прикажи повеќе...

Економија

Цените на златото рушат рекорди

Објавено пред

Цената на златото го надмина нивото од 1,4 илјади американски долари за унца, достигнувајќи највисока цена во последните шест години.
        
Вредноста на племенитиот метал скокна како резултат на слабеењето на доларот, загриженоста за економијата и геополитичките тензии. Побарувачката за благородни метали нагло се зголеми откако Федералните резерви на САД во средата објави дека наскоро најверојатно ќе ги намали клучните каматни стапки по 10-годишна пауза.
        
Вредноста на доларот ослабе по ваквиот сигнал кој се совпадна со олеснувањето на монетарната политика на централните банки ширум светот за да се поттикне економскиот раст.
        
Инвеститорите од целиот свет стравуваат дека економијата би можела да стане уште послаба во услови на трговска војна меѓу САД и Кина.

Прикажи повеќе...

Економија

СДСМ: До 180 илјади денари неповратни средства за жени претприемачи од рурални средини

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните и унапредување и развој на земјоделството. Обезбедени се средства за финансиска поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство, соопшти владејачаката партија СДСМ.

„Со оваа мерка, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе доделува до 180 илјади денари еднократна и наповратна финансиска поддршка за инвестиции кои ќе приоденесат за развој на руралните средини на женски член на земјоделско стопанство запишано во единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Преку реализација на оваа мерка ќе се поттикнат инвестициите во руралните делови, ќе се придонесе кон родова еднаквост и ќе се обезбедат повеќе пари во земјоделските семејства.

Зборот важи! Остануваме посветени на спроведување на мерките што се во интерес на граѓаните, што го поттикнуваат економскиот раст. инвестициите и носат повеќе пари во секое семејство“ се вели во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Герила акција: Скопските дрвја во синџири

О2 иницијативата во соработка со Институтот за комуникациски студии спроведе герила акција со цел да укаже дека е неопходна слобода на...

Топ6 часа

Две лица се обиделе да запалат кафуле во Лисиче

Синоќа во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред кафе бар на улицата „Горно Лисиче“ во Скопје две...

Македонија7 часа

Тројца стружани со државни пари точеле гориво во своите приватни возила

Полицијата поднесе кривична пријава против три лица од струшко кои се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување. Од МВР...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Атанасов направи храбар чекор и ѝ кажа „не“ на неработливата и криминална Влада

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Петар Атанасов да се повлече од функцијата заменик-министер за образование. „ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на...

Македонија9 часа

Јанкулоска не оди во затвор, Врховен ѝ го прифати барањето за одлагање

Врховниот суд ѝ го прифати барањето на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за одлагање на извршувањето на казната...

Македонија10 часа

Атанасов до Заев: Поднесувам оставка

Заменик-министерот за образование, Петар Атанасов, на „Фејсбук“ му се обрати на премиерот Заев порачувајќи му дека поднесува оставка од функцијата...

Топ12 часа

Камион поклопи маж при истовар на стока

Педесет и седумгодишен маж од село Скудриње вчера почина кога бил поклопен од неговиот камион ТАМ. Несреќата се случила кога...

Регион13 часа

Напнато на Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски провокативен настап на истокот од Медитеранот, пишува...

Регион14 часа

(Видео) Во Банат падна град со големина на тениско топче

Само во Белград во попладневните часови за помалку од еден и пол час падна повеќе дожд од просекот за овој...

Регион14 часа

(Видео) Белград под вода, бликнаа ,,фонтани” на улиците

Невреме проследено со пороен дожд, а во некои места и град со големина на тениски топчиња, го погоди северниот, западниот...

Свет15 часа

Ердоган и ја честиташе победата на опозицијата, на улиците еуфорично се славеше

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му ја честита на кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу победата на повторените избори за...

Македонија1 ден

,,Октомври е близу, наскоро ќе добиете датум”, порача Вајгл

Тројката европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, доцна вечерва заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, од законодавниот...

Топ1 ден

Трагедија во Битола – ја убил сопругата, по што се застрелал

Убиство и самоубиство се случи попладнево во Битола. По расправија, маж ја застрелал сопругата по што си го одземал животот....

Регион1 ден

Топлотен бран и се заканува на Европа со температури над 40 степени

Европејците следната недела ги очекува топлотен бран со температури кои ќе достигнат над 40 степени, кои се невообичаени за јуни,...

Македонија1 ден

Нови министри во Владата се Димковски, Нуредини, Исмаили и Милевски

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, го соопшти предлогот со имињата за нови министри како дел од реконструкцијата на Владата...

Македонија1 ден

(Видео) За 24 часа регистрирани два случаи на незаконско исфрлање медицински отпад

Инспекторатот на град Скопје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по дојава од граѓани, на 20.06.2019 и 21.06.2019 извршија вонреден...

Македонија1 ден

Заев ќе биде и министер за финансии и премиер

Премиерот Зоран Заев го соопшти предлогот на новите имиња на министри, што ќе го достави до Собранието во текот на...

Македонија1 ден

(Видео) Учесниците на Парадата на гордоста ќе бидат безбедни, гарантира МВР

Организаторите на првата парада на гордоста која треба да се случи идниот викенд во Скопје, заедно со портпаролот на МВР,...

Свет1 ден

Ким Џонг-ун доби „одлично“ писмо од Трамп

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, доби лично писмо од американскиот претседател Доналд Трамп, објавија државните медиуми. Ким го пофалил...

Регион2 дена

Повторни избори за градоначалник во Истанбул

Граѓаните на Истанбул денеска повторно избираат градоначалник, откако беа поништени претходните изборни резултати, од изборите на 31 март. На претходните...

Досие