Економија
КOKO – детското штедно осигурување на „Кроација осигурување“ нуди сигурна иднина за вашето дете
Главна грижа на родителите е да се сигурни дека децата имаат светла иднина, а овозможувањето удобен и сигурен живот е главната цел. Родителите секогаш се трудат да им го дадат најдоброто на своите деца. Но, што ако најдоброто може да чини малку повеќе? Инвестициите и финансиското планирање на родителите треба да бидат такви што би овозможиле покритие за најдоброто за нивните деца. Од тоа произлегува дека инвестирањето за децата е најважната инвестиција што би ја направиле во текот на животот. Како и каде правилно да инвестирате, а притоа да имате максимални сигурни придобивки за вашата инвестиција?
Животното осигурување и детско штедење е форма на животно осигурување кое родителите или пак, бабите, дедовците и другите блиски роднини можат да го договорат за своите деца и внуци за да им помогнат да ги направат првите чекори во животот на возрасните. Ваквиот тип финансиски производ е план однапред изграден за да се постигне целта за финансирање на долгорочни финансиски обврски како што се високо образование, купување стан, автомобил, живот во странство, брак и слично. Конкретно, КOKO детското штедно осигурување е производ на Кроациа осигурување – живот и претставува полиса која обезбедува осигурување и воедно штедење за вашето дете, план за заштеда во корист на детето, којшто обезбедува штедење, дополнително осигурување и можност за инвестирање на дел од средствата во удели на финансискиот пазар и заштита од непредвидливи и несакани животни ситуации.
КОКО детското штедно осигурување, каде детето е единствен корисник на средствата, опфаќа деца со старост од 1 месец до 13 години, а осигурувањето може да трае најмногу до 25 годишна возраст. Разбирливо, одвојувањето парични средства не секогаш е лесно и не секој има еднакви финансиски можности, па затоа кај КОКО детското штедно осигурување постои можност за избор на динамиката на плаќање и сумата која се уплаќа. Дополнителни придобивки, покрај сигурната исплата на осигурената сума и договарање месечно исплаќање на средства по доспевање на полисата, се можноста за зголемување на осигурената сума за 3% за постигнат одличен успех во средно образование, двојна осигурена сума во случај на несреќен случај на двата родители истовремено, можност Кроациа да продолжи со плаќање на премијата согласно условите за осигурување во случај на несакани последици за Договорувачот како и можност за дополнително осигурување на детето. Повеќе информации за овој тип осигурување, како и барање за изготвување на конкретна понуда согласно барањата и можностите може да се најде на следниот линк.
Сигурноста и стабилноста на полисата ја обезбедува компанијата Кроациа осигурување, која има огромно искуство во областа на животно и неживотно осигурување и претставува одличен избор за долгорочен партнер при осигурување на она што е најважно и најдрагоцено во животот.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Народна банка: Макроекономските движења се во рамките на проекциите
Советот на Народната банка, на редовната седница одржана во февруари, ги разгледа најновите макроекономски показатели и Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во четвртиот квартал на 2025 година.
Според Информацијата за најновите макроекономски показатели, и натаму преовладуваат оцените за стабилен светски економски раст за периодот 2025 – 2027 година, но ризиците се надолни и главно произлегуваат од трговските и од геополитичките тензии.
„Во домашната економија, најновите показатели главно се во согласност со проекциите. Во третиот квартал од 2025 година, реалниот раст на БДП изнесува 3,8% и е малку над очекувањата, а расположливите високофреквентни податоци упатуваат на раст и во текот на четвртиот квартал. Просечната стапка на инфлација, во 2025 година, изнесува 4,1% и е близу до проекциите. Во јануари 2026 година, девизните резерви забележаа раст и се на ниво коешто, согласно прифатените меѓународни стандарди, е соодветно за одржување на стабилноста на девизниот курс. Податоците од монетарниот сектор покажуваат годишен раст на депозитите од 10% и на кредитите од 13%, во декември 2025 година, што е умерено над проекциите за крајот на годината“, соопшти НБРМ.
Според Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви, во четвртиот квартал од 2025 година, девизните резерви се зголемиле и на крајот на декември достигнале 4.925 милиони евра. Во согласност со инвестициската поставеност, околу 74,2% од девизните резерви се вложени во должнички хартии од вредност, главно во државни обврзници издадени од земји членки на еврозоната, по што следуваат монетарното злато (16,5%) и депозитите и паричните средства (9,3%).
„Сигурноста и ликвидноста во управувањето со девизните резерви се обезбедуваа преку пласмани во финансиски инструменти со висок кредитен рејтинг коишто овозможуваат брза достапност до ликвидни средства, а условите на меѓународните финансиски пазари и внимателниот и врамнотежен пристап кон инвестирањето придонесоа за поволни финансиски остварувања во 2025 година“, се наведува во соопштението од Народната банка.
Економија
Дизелот поскапува
Од ноќеска на полноќ, цените на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголемат за два денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,520 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Економија
АЛКАЛОИД АД Скопје ќе исплати за 14,3 % поголема дивиденда во однос на минатата година
АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 30.03.2026 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.
Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 26.02.2026 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2025 година во износ од 720,00 денари бруто односно 648,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 630,00 денари бруто односно 567,00 денари нето е поголема за 14,3%.
За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 1 милијарда денари. Во согласност со предлог одлуката, исплатата на дивидендата ќе започне од 13.05.2026 година.
(ПР)

