Контакт

Економија

Левицата повикува в петок на протест за стечајците на „Треска“

Објавено пред

„Три децении работниците од некогашниот гигант „Треска“ се принудени да живеаат во социјална маргинализација, заглавени во правните лавиринти на неправдата. Со години корумпираните политички елити предводени од СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ, во спрега со олигархијата, манипулираат со судбината и достоинството на оваа група. Иако стечајците во текот на  годините повеќепати преку протести бараа помош од секоја влада, нивните барања остануваа игнорирани. Дури и Владата предводена од СДСМ одби средба со стечајците под изговор дека решението на нивниот проблем може да го добијат само преку адвокат. Ова однесување од СДСМ и неговиот таканаречен план за живот не само што се скандалозни – туку се и нечовечни“, соопшти Левицата.

dobivaj vesti na viber

Според оваа партија, јасно е дека станува за уште еден милионерски грабеж на државен имот, директно помогнат од владејачкиот естаблишмент во текот на годините.

„Правно решение за овој случај речиси и да не постои и тоа раководството на СДСМ многу добро го знае. Наместо Мила Царовска да ја замајува јавноста со парцијални и понижувачки социјални мерки, потребно е да се посвети на итно решавање на статусот на стечајците, кои својот живот и своето достоинство го потрошија на корумпираните и лукративни игри на сите досегашни влади. Недозволиво е, додека партиската армија зема енормни надоместоци за да не оди на работа, оние работници што чесно работеле да живеат на работ на егзистенцијата! За каква социјална политика тогаш зборува бившата министерка Царовска кога проблемите на стечајците се невидливи за неа? Токму поради тоа, Левицата, заедно со стечајците од ‘Треска’, ќе одржи протест овој петок, со почеток од 10 часот пред поранешната фабрика со седиште на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 130.

Добредојдени се сите да ги искажат солидарноста и поддршката против секојдневната неправда врз работничкиот народ. Само обединети стечајци може да се изборат за своите права, само обединета работничка класа може да се избори за подобра иднина. Правда за ‘Треска’! Правда за стечајците“, се вели во повикот.

Економија

Стратешко ширење на „Бекутан“ на европскиот пазар: македонскиот бренд достапен и во „Лидл“ Летонија и во „Лидл“ Литванија

Објавено пред

„Алкалоид“ продолжува со зајакнување на меѓународното присуство на eден од најпрепознатливите македонски брендови за бебешка нега „Бекутан“, овојпат преку влез на пазарите во балтичкиот регион, проширувајќи ја успешната глобална приказна преку малопродажната мрежа на „Лидл“.

dobivaj vesti na viber

Со внимателно планиран пласман, производите на „Бекутан“ отсега ќе бидат достапни и за потрошувачите во Летонија и во Литванија, со што се отвора ново поглавје во меѓународниот развој на брендот, зацврстувајќи го неговото позиционирање на европскиот пазар.

Присуството во 111 продажни објекти – 36 маркети во Летонија и 75 во Литванија – претставува јасен показател за обемот и значењето на првиот пласман во овој дел на Европа. Ваквиот развоен исчекор претставува дополнителна потврда за конкурентноста на македонскиот бренд и за неговата способност целосно да одговори на високите стандарди на европскиот пазар.

Реализацијата на проектот е остварена во партнерство со „Лидл“ Македонија, што претставува значаен стратешки напредок во процесот на интернационализација и пример за успешно поврзување на домашниот пазар со европската малопродажна инфраструктура.

Вклучувањето на „Бекутан“ во оваа програма на „Лидл“ претставува силен доказ за стандардите што доследно ги одржува брендот со децении – бескомпромисен квалитет, развој заснован на експертиза и доверба стекната меѓу генерации потрошувачи. Токму овие фактори го позиционираат „Бекутан“ како конкурентен европски бренд со јасен потенцијал и капацитет за одржливо присуство и надвор од традиционалните пазари.

Приказната за „Бекутан“, кој со децении ја гради својата препознатливост врз темелите на сигурноста и нежноста, денес допира до повеќе од дваесет меѓународни пазари. Од Соединетите Американски Држави и Германија, па сè до Скандинавија и Блискиот Исток, брендот континуирано ги потврдува својот углед и довербата на глобално ниво.

Како еден од најпрепознатливите македонски брендови во регионот и пошироко, од своето лансирање во 1978 година со пет основни формулации „Бекутан“ денес прерасна во портфолио со повеќе од 60 типови производи и со повеќе од 100 форми на пакувања, сите клинички и дерматолошки тестирани и развиени заедно со педијатри, неонатолози и дерматолози.

 

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем

Објавено пред

Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.

Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.

Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.

Прикажи повеќе...

Економија

Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje

Објавено пред

Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.

dobivaj vesti na viber

Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:

„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:

„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.

Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.

За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Топ16 минути

25-годишник загина во сообраќајка на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка

25-годишник загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане. Како што информираат...

Македонија17 минути

Законот за пушење следната недела пред Владата – фазната имплементација не значи одложување, појаснува Министерството за здравство

Министерството за здравство соопшти дека останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските...

Македонија1 час

Европската Унија ги одби предлозите на балканските превозници, најавени нови блокади: „Последниот состанок беше катастрофален“

Европската унија ги одбила сите предлози на превозниците од Западен Балкан со кои требало да се реши проблемот со нивниот...

Топ2 часа

Кривична пријава за „посредување во вршење проституција“ и „помагање“

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 40-годишната Г.Ш. од село Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Македонија3 часа

Поплави во повеќе региони во земјава – евакуирани 220 лица во Кичево, критично во Форино, поплавени куќи, ниви, подруми

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека поради обилните врнежи од дожд се регистрирани поплави во повеќе региони во...

Култура3 часа

Која беше Ленче Делова – актерката од „Чук-чук, Стојанче“ и „Во светот на бајките“ со која растеа генерации

За многумина, таа беше дел од најубавите спомени – насмевката и гласот што нè пречекуваа во „Чук-чук, Стојанче“ и нè...

Европа3 часа

(Видео) Чесите протестираат поради претседателот во повеќе од 400 градови и општини

Илјадници луѓе се собраа вчера во повеќе од 400 градови и општини низ Чешка во поддршка на либералниот претседател Петр...

Свет4 часа

Рубио пристигнува во Будимпешта, ќе разговара со Орбан, Сијарто: Ова е златно доба

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта, а според американскиот Стејт...

Европа4 часа

Заедничко писмо од германските и британските воени команданти: Постои морална причина за вооружување

Шефот на британските вооружени сили, Ричард Најтон, и неговиот германски колега, Карстен Бројер, се залагаат за поголеми инвестиции во одбраната,...

Европа5 часа

(Видео) Украинците жестоко нападнаа руски регион: останаа без струја и греење

Украинските напади со беспилотни летала предизвикаа делумни прекини на електричната енергија и греењето во западниот руски регион Брјанск, соопштија локалните...

Свет5 часа

Масовниот убиец од Бонди Бич се појави на суд, адвокатот: Тој живее во тешки услови

Мажот осомничен за пукањето на прославата на еврејскиот празник Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј во напад во кој...

Македонија14 часа

30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови

Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во...

Македонија17 часа

(Видео) Големи поплави во Кичево, ЦУК на терен

Според вонредните информации од Центарот за управување со кризи за состојбата до 17:00 часот со обилните врнежи, во Скопскиот Регион,...

Македонија20 часа

Во Гостивар две деца и нивната мајка останаа заробени во домот поради поплавите

Поради непрестајните врнежи и излевањето на реките, западниот дел на Македонија се наоѓа во вонредна состојба. Во Кичево, стотици семејства...

Македонија22 часа

Обилните врнежи предизвикаа поплави во повеќе региони, во Кичево евакуирани околу 180 лица

Центарот за управување со кризи информира за состојбата по обилните врнежи од дожд заклучно со 12:30 часот, при што се...

Македонија23 часа

Можни излевања на реките, критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија

Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, по...

Македонија1 ден

Измени на Законот за електронски комуникации за укинување на трошоците за роаминг

Со измени на Законот за електронски комуникации, што се поставени за расправа на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) државава...

Свет1 ден

Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен

САД му понудија на Киев 15-годишни безбедносни гаранции, но Украина сака повеќе и смета на период од најмалку 30 години,...

Топ2 дена

Петнаесет возачи се лишени од слобода во еден ден поради возење без возачка дозвола

Петнаесет возачи се лишени од слобода вчера поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под...

Македонија2 дена

Ја давел и ја претепал бремената партнерка, се спасила откако го убедила да ја носи на лекар, па побегнала додека стоеле на семафор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишен маж осомничен за кривично дело Телесна повреда според член 130 став 2...