Економија
Милевски: Преку ИПА-програмата ја реставрираме црквата „Св. Власие“ во Штип
Конзервацијата и реставрацијата на црквата „Св. Власие“ e од особено значење за подобрување на туристичката понуда на Штип. Активноста се реализира во рамките на проектот „Културен мост низ вековите“, финансиран преку ИПА-програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Северна Македонија, изјави министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.
„Направив увид на градежните активности на археолошкиот локалитет Исар, каде што со проектот од Центарот за развој на Источниот Плански Регион се реконструира и се става во функција оваа културно-историска знаменитост во Штип, се подобрува пристапност до лoкалитетот преку изградба на патека и реконструкција на црквата ‘Св. Власие’ и нејзината околина, во висина од 90 илјади евра. Со задоволство можам да констатирам дека уште една туристичка атракција ќе ставиме во функција и со тоа ќе се збогати туристичката понуда на Штип. Се надевам дека и со Центарот за развој на Источниот Плански Регион, како и со Општина Штип, ќе продолжиме успешно да соработуваме во иднина“, рече Милевски.
Градоначалникот на општина Штип, Сашко Николов, рече дека во завршна фаза е изградбата на пристапната патека што води кон ова археолошко место, каде што веќе се реконструирани темелите на црквата, која датира о0д 14 век.
Црквата „Св. Власие“ се наоѓа на археолошкиот локалитет Исар и е откриена со археолошки истражувања од страна на стручен тим од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип во 2010 година. Градежните активности предвидуваат конзервација и реставрација на сите ѕидни платна со камен и опус со надѕидување до максимум 1,5 метар од ниво на теренот.
Подот ќе се реставрира по целата негова површина со камени плочи. Вториот дел од проектот претставува изградба на пристапна патека кон црквата од западната страна, во должина од 146 метри, која целосно ќе биде изработена од камен. Третиот дел на проектот опфаќа осветление на пристапната патека и на црквата „Св. Власие“ со украсни канделабри. Во рамките на проектот ќе се реализираат и обуки за туристички водичи, како и обуки за управување со културни настани и културно наследство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

