Контакт

Економија

Наумов: Од полноќ почнува аплицирањето за бескаматната линија кредити како поддршка на бизнисот

Објавено пред

Првите 5,7 милиони евра бескаматни кредити како директна помош за микро, мали и средни претпријатија во борбата со Ковид-19 од полноќ се достапни на компаниите.

Развојната банка на Република Северна Македонија денес на својата веб-страница www.mbdp.com.mk го објави јавниот повик за оваа прва кредитна линија, а аплицирањето почнува од 00:00 часот вечерва, соопшти на прес-конференција генералниот извршен директор на банката, Кире Наумов.

„Во оваа прва фаза, директно ќе ги кредитираме најпогодените сектори – угостителство, туризам и товарниот транспорт. Целта на овие кредити е да им помогне на најпогодените сектори да ги премостат иницијалните ликвидносни потреби во овој период. Кредитите се со каматна стапка од 0%, рокот на отплата е до 24 месеци и грејс период од 6 месеци“, рече Наумов.

Наумов објaсни дека износот на кредитот за кој ќе може да аплицираат претпријатијата зависи од бројот на вработени. Претпријатија до 10 вработени ќе може да аплицираат за износ до 5.000 евра, претпријатија од 11 до 50 вработени, ќе може да аплицираат за износ до 15.000 еврa, а оние од 51 до 250 вработени за износ до 30.000 евра. Најниската сума за којашто може да се аплицира е 3.000 евра.

„Почитувајќи ги препораките за заштита на јавното здравје, целиот процес за аплицирање за овие средства ќе се прави електронски и неопходната документација ќе се доставува на единствена  адреса на е-пошта објавена во Јавниот повик ([email protected]). Јавниот повик е достапен за сите на веб-страницата на Развојна банка и во него се уредени критериумите кои треба да ги исполнуваат апликантите за овие бескаматни кредити, како и неопходните документи за аплицирање“, рече Наумов.

При подготовката на директната кредитна линија Банката и Владата посветија големо внимание да го олеснат значително процесот за аплицирање. При тоа, од документи се потребни тековна состојба, завршна сметка за фискалната 2019 година, потврда за платени даноци и придонеси од УЈП, потврда дека за претпријатието не се води стечајна или ликвидациска постапка од Централен регистар, ЗП образец од Централен регистар и кредитна апликација која ја има на веб-страницата на Развојна банка, како и соодветни изјави кои треба да се поднесат во прилог. Сите информации во врска со аплицирањето за кредитна линија може да се најдат и на следните профили https://www.mbdp.com.mk/mk/vesti, https://www.facebook.com/Razvojnabanka/.

„Развојната банка ќе го следи развојот на настаните одблизу и ќе настојува и понатаму да биде поддршка на микро, малите и средни претпријатија во земјата, особено во овој период и периодот на закрепнување кој следи“, истакна Наумов.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

ЕК ги укина царините и даноците за увоз на медицинска опрема

Објавено пред

Европската комисија (ЕК) ги прифати барањата од земјите-членки на Европската унија (ЕУ) и од Велика Британија да го суспендира данокот на додадена вредност (ДДВ) и царинските давачки за увоз на медицински помагала и заштитни средства за сузбивање на пандемијата на коронавирус.

„Во наредните шест месеци нема да се наплатуваат никакви давачки или ДДВ за заштитни маски, тестови и респиратори“, одлучи ЕК.

Одлуката ќе важи ретроактивно до 30 јануари, а укинувањето може да се продолжи по шест месеци.

„Со суспендирање на ДДВ-то и царините за увоз на овие производи од земји кои не се членки на ЕУ, Комисијата ќе ги направи подостапни“, рече еврокомесарот за економија, Паоло Гентилони.

Прикажи повеќе...

Економија

Зајакната координација за одржување на финансиската стабилност

Објавено пред

Финансиските регулатори ја зајакнуваат соработката во следењето на состојбите во финансискиот систем. И во околностите коишто ги наметнува корона-кризата, со максимална посветеност на секој регулатор во рамки на неговите надлежности, координирано ќе се одржува финансиската стабилност. Ова е пораката којашто ја упатија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, министерката за финансии, Нина Ангеловска, претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, Крсте Шајноски, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Максуд Али и директорот на Фондот за осигурување депозити, Борче Хаџиев. Тие склучија нов Меморандум за меѓуинституционална соработка заради одржување на финансиската стабилност, изготвуван во текот на изминатите неколку месеци, во согласност со препораките на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Меморандумот се склучува со цел преку поголема меѓусебна координираност на регулаторите, и натаму навремено и ефикасно да се идентификуваат системските ризици и навремено и усогласено да се преземаат активности заради спречување и намалување на нивното влијание врз финансискиот систем. Со активностите коишто се предвидени со меморандумот, отпорноста на нашиот финансиски систем на шокови ќе биде дополнително зајакната и надлежните институции со уште поголема подготвеност ќе управуваат со предизвиците за системот.

Меѓу другото, согласно со одредбите на меморандумот се унапредува улогата и се проширува составот на Комитетот за финансиска стабилност, по примерот на Европскиот одбор за системски ризици. Досега Комитетот го сочинуваа само претставници на Народната банка и на Министерството за финансии. Отсега, во работата на Комитетот учествуваат сите регулатори на финансискиот систем, а негов национален координатор е гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Во рамки на Комитетот ќе функционираат и два поткомитетa, како оперативни тела – Поткомитет за следење на системските ризици и предлагање макропрудентни мерки и Поткомитет за подготовка за управување со финансиска криза. Заради остварување на поставените цели, давање препораки и преземање соодветни активности, преку Комитетот координирано ќе се следат анализите за состојбите во финансискиот систем, како и регулативата којашто може да има влијание врз финансиската стабилност.

Во натамошниот период посветено ќе се работи на зајакнување на макропрудентната рамка, заради што ќе се пристапи и кон унапредување на регулативата, со што едновремено се следат и препораките од Програмата за проценка на финансискиот сектор на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, спроведена во 2017 и 2018 година.

Прикажи повеќе...

Економија

ММФ одобри 175,2 милиони евра како брзо финансирање на мерките против коронавирусот

Објавено пред

Владата усвои Информацијата според која Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) позитивно одговори на барањето на нашата земја да ѝ биде одобрен Инструментот за брзо финансирање во висина од 175,2 милиони евра.

Како што информираат од владината прес-слижба, станува збор за помош за финансирање на мерките за здравствена и економска стабилизација, и исполнување на потребите кои произлегуваат од појавата на коронавирусот.

Владата го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Народната банка да испратат писмо за намери до ММФ за реализација на овој аранжман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет29 минути

Трамп: Следната недела ќе биде најтешка

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предупреди дека во неделата која следи бројот на смртни случаи од коронавирус во земјата постојано ќе...

Македонија12 часа

МЗ: Земјава има 4.500 тестови за коронавирус, а резервите секојдневно се надополнуваат

Анализите покажуваат дека сме втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на еден милион жители, соопшти...

Регион12 часа

Во Словенија 934 заболени од коронавирус и 22 починати, направени се 25. 921 тестови

Еден месец од првиот потврден случај и 21 ден по првиот смртен случај, во Словенија бројот на заболени од коронавирус...

Европа14 часа

Шпанија ја продолжи вонредната состојба

Владата на Шпанија објави продолжување на вонредната состојба за дополнителни 21 дена откако бројот на заразени со коронавирус достигна околу...

Македонија17 часа

ДСЗИ спроведува вонреден инспекциски надзор за смртта на починатиот велешанец

Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор во однос на причината за велешкиот пациент кој почина пред неколку дена,...

Македонија18 часа

Потврдени нови 53 случаи на коронавирус, вкупниот број на починати се искачи на 17

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483...

Свет18 часа

Излекуван најмладиот пациент со коронавирус во Италија

Најмладиот пациент заразен со вирусот Ковид-19 во Италија, едногодишно дете, е излекуван. Момчето од местото Понтеј, во близина на италијанската...

Свет20 часа

Шојбле против заедничко задолжување во ЕУ поради коронавирусот

Претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле изјави дека е против заедничко задолжување на европското семејство во борбата против последиците од...

Свет22 часа

Во Франција коронавирусот се шири во старските домови, во Белгија нови 140 починати

Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина еден милион. Утрово бројот изнесува 1.099.711. Ситуацијата е се полоша во Франција,...

Македонија22 часа

Чулев: Досега на 2.405 луѓе им се издадени решенија за изолација, а 9.793 потпишале изјава за самоизолација

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев преку Фејсбук информираше дека 1322 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето,...

Свет24 часа

(Видео) Мртви тела на улиците во Еквадор, мртовечниците преполни

Улиците во градот Гвајакил, Еквадор се пусти, можат да се видат малку луѓе, а се полни со тела од мртви...

Македонија24 часа

Филипче: Мицкоски лаже за количината на тестови за коронавирус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски свесно ја лаже јавноста за количината на тестови за коронавирус, а со тоа предизвикува паника...

Свет1 ден

Ден на жалост во Кина за жртвите од коронавирусот

Триминутно молчење за повеќе од 3,300 луѓе кои починаа од коронавирус во Кина. Точно во 10 часот по локално време,...

Свет1 ден

Трамп советува да се носат маски, но и самиот не носи

Американската влада им советува на граѓаните да носат заштитни маски за лице за да спречат ширење на заразата со коронавирус,...

Македонија2 дена

Починатиот пациент од Куманово за кој се чекаа резултати е позитивен на коронавирус

Министерството за здравство информира дека пациентот од Куманово кој доцна синоќа почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби...

Свет2 дена

(Видео) САД го сменија капетанот на носачот на авиони кој молеше за помош поради ширењето на вирусот

Американската морнарица го смени капетанот на носачот на авиони „УСС Теодор Рузвелт“, откако медиумите го објавија неговиот апел до властите...

Свет2 дена

Најсмртоносен ден во Њујорк, за 24 часа починале 562 лица

Во Њујорк во последните 24 часа починале уште 562 луѓе од коронавирус, а ова стана најсмртоносниот ден во оваа сојузна...

Македонија2 дена

Двајца доктори од Скопје и Штип ќе ја организираат работата на Инфективното одделение во Куманово

Двајца доктори од Штип и Скопје ќе работат на Инфективното одделение во Куманово, откако 11 доктори заболеа од коронавирусот, посочи...

Македонија2 дена

Целосна забрана за движење во Куманово за време на викендот

Владата донесе одлука за забрана и посебен полициски час во Општина Куманово, односно целосна забрана за движење за време на...

Топ2 дена

Притвор за двајцата насилници што тепаа девојче во Штип

Судот определи притвор за тепачите што малтретираа девојче во Штип. Тие ќе останат во притвор осум дена додека Овинителството да...

Досие