Контакт

Економија

Немаме мандат да ја проверуваме сопственоста на компаниите, велат од Фондот за иновации

Објавено пред

По бурните реакции во јавноста за доделените грантови, од Фондот за иновации и технолошки развој велат дека немаат мандат, ниту обврска да вршат анализа на сопственичкиот капитал на компаниите кои аплицираат, ниту да вршат проценка на нивната политичка подобност. Од таму велат дека целосно стојат зад процедурата и, како што велат, транспарентниот начин на кој е спроведен првиот јавен повик од Столб 3 на Планот за економски раст на Владата.

„Ги поздравуваме сите повици да се испита работата на Фондот и ги повикуваме сите надлежни органи да го сторат тоа неодложно. Како и досега остануваме целосно транспарентни и отворени за одговор на сите прашања и дилеми кои се поставуваат во јавноста“, се вели во сооппштението на Фондот.

Во него се додава дека Фондот никогаш не вршел дискриминација на компаниите по која било причина.

„Би сакале да потенцираме дека Фондот ни досега, ниту во иднина, вршел или ќе врши дискриминација на компаниите по било која основа. Компаниите се оценуваат единствено според квалитетот на понудените проекти и придобивките од нив. Истовремено Фондот нема мандат, ниту обврска да врши анализа на сопственичкиот капитал на компаниите кои аплицираат, ниту да врши проценка на нивната политичка подобност“, велат од Фондот.

Од таму појаснуваат дека финалната селекција ја прави Комитет за одобрување на инвестиции на Фондот кој е составен од петмина странски експерти со минимум десетгодишно меѓународно искуство во областа на инвестициите и иновациската дејност.

Македонија

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот, кога младите си заминаа во странство

Објавено пред

„Џабе ни е двојазичност, кога младите констинуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата од 500 евра“, изјави еден граѓанин во анкетата на Макфакс, на прашањето какви промени би донел законот за јазици, во животот на граѓаните .

Воглавно тие не се против ваквиот закон, но тој за нив нема значење ако не се промени економската ситација и престане иселувањето на младите.

„Не ми пречело, ниту ми пречи да зборувам и македонски и албански и било кој друг јазик. Што ако го носат тој закон, кога ние пак остануваме тука во оваа Скопје, под ова небо, со мали плати и борба за гола егзистенција“

„Тоа се приказни за мали деца. На кој политичар му е гајле за народот. Ги видовме сите, само манипулираат. Си прват што сакаат, а луѓето нека се мрзнат на снегот“, велат анкетираните за Макфакс.

На политичарите им порачаа, дека се избрани да ги решаваат реалните проблеми во државата пред се на подигање на стандардот со повисоки плати, а не да ги замајуваат со политиканство.

Прикажи повеќе...

Економија

УПОЗ бара работниот ден да трае седум часа, 2 јануари и 2 мај да бидат неработни денови

Објавено пред

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) бара воведување седумчасовен работен ден и предложи 2 јануари и 2 мај да бидат прогласени за неработни денови.

„Со седумчасовно работно време ќе има подобра распределба на трудот. Со намалување на работното време ќе се доведе до потреба од ангажман на дополнителен број работници. Исто така, ќе се зголемат можностите за грижа кон семејството, како и за рекреација“, изјави Пецо Грујовски, претседателот на УПОЗ, на прес-конференција.

Ваквата инизијатива УПОЗ ќе ја поднесе до Владата.

Прикажи повеќе...

Економија

Во 2018 година рекорден број туристи во Шпанија – речиси 83 милиони

Објавено пред

Бројот на странски посетители во Шпанија скрши уште еден рекорд во 2018 година, шести пат по ред, рече денеска министерот за индустрија, Рејес Марото.

Прелиминарните официјални податоци покажуваат дека бројот на посетители во Шпанија се зголемил 0,9 проценти во 2018 година во споредба со претходната година, односно земјата ја посетиле 82,6 милиона туристи, објави агенцијата „Ројтерс“.

Шпанија е втора најпосетена земја во светот по Франција, а туризмот е клучен сектор за домашната економија придонесувајќи со речиси 12 отсто од домашниот бруто-производ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот, кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност, кога младите констинуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија6 минути

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија13 минути

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Македонија1 час

Скопјани принудувале малолетничка на проституција

Обвинителството отвори истражна постапка за трговија со дете кога било пријавено дека двајца скопјани принудувале 16-годишно девојче да врши полови...

Македонија2 часа

(Видео) Лашкоска: СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција

СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција. Сака насилнички со ЕУ-знаме да го протурка без дебата. Третпат...

Македонија2 часа

Претседателот на грчкото собрание смета дека договорот од Преспа е историски моќен

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, рече дека пратениците со јасно мнозинство треба да го изгласаат преспанскиот договор, бидејќи, како...

Македонија3 часа

Цаноски бара 40 милиони евра отштета за уривањето на „Космос“

На денешното судско рочиште за предметот на СЈО, ТНТ, за уривањето од политичка омраза на комплексот „Космос“, бизнисменот Фијат Цаноски...

Македонија4 часа

Братот на Заев, Вице, го тужи Александар Николоски за клевета

Во Основниот суд Скопје 2 се одржа подготвителното рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Заев, Вице Заев,...

Македонија5 часа

Путин: Постои надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО

Кога станува збор за ситуацијата на Балканот, тогаш може да се каже дека тука сериозен дестабилизирачки фактор претставува политиката на...

Регион5 часа

Романија ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка, Виорика Данчила, вчера пред Европскиот парламент ги презентира приоритетите на романското претседателство со Европската Унија. „Првата фаза ќе...

Вести5 часа

Грчкиот парламент ќе гласа недоверба на владата на Алексис Ципрас

Денеска во грчкиот парламент продолжува седницата на чиј дневен ред е една точка – недоверба на владата на Алексис Ципрас....

Македонија5 часа

Владата една и пол година ги слави празниците на Груевски, Законот за празниците нечепнат

Владата една и пол година ја разгледува можноста за укинување дел од неработните денови и измена на Законот за празниците,...

Свет6 часа

Британскиот парламент ќе гласа за недоверба на владата на Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска треба да се соочи со гласање за недоверба, еден ден откако парламентот го отфрли нејзиниот...

Свет6 часа

Помпео: Иранските ракети за сателити се закана за Европа и Блискиот Исток  

Неуспешниот обид на Иран да ландира сателит во орбитата со трифазна ракета покажува дека намерата на Исламиската Република е да...

Свет7 часа

Американскиот  Стејт департмент: Американските граѓани во странство се цел на терористите од ИД и Ал Каеда

Американскиот Стејт департмент во својата најнова серија совет и препораки за своите граѓани низ светот предупреди дека американските граѓани се...

Свет8 часа

Отава побара од Пекинг помилување за канадскиот државјанин осуден на смрт

Канадскиот министер за надворешни работи, Кристија Фриленд, во вторникот информираше дека Отава официјално побарала од Пекинг да го поштеди животот...

Свет18 часа

Тереза Меј доживеа голем пораз, парламентот го одби нејзиниот предлог за брегзит

Британските пратеници вечерва гласаа против предлогот на премиерката Тереза Меј за договор за излез на Велика Британија од Европската Унија,...

Регион18 часа

Девојче од БиХ почина од сепса предизвикана од сипаници

Деветгодишно девојче од Читлук во Босна и Херцеговина починала во неделата во болница во Задар, откако настанале компликации за време...

Регион19 часа

Приштина попушти и ги повлече даноците на дел од производите од Србија и БиХ

Привремените приштински институции одлучија да ослободат од стопроцентно зголемените даноци на дел од производите од Србија и БиХ, пренесуваат српските...

Свет20 часа

(Видео) Најмалку петмина убиени во нападот на хотелски комплекс во Најроби

Најмалку пет луѓе се убиени, а четворица се повредени во напад на луксузен хотелски комплекс во Најроби, кој полицијата го...

Досие