Економија
„Нептун Македонија“: Општествена одговорност и почит кон своите вработени по повод 8 Март
Од своето објавување во ноември 2020 година, автобиографската книга „Своја“ на авторката Ирена Чаушевска-Даниловска постави мисија да ги едуцира своите читатели, да поттикне превенција и да ја поддржи работата на Националната мрежа и нејзините членки за борба против насилство врз жените и семејно насилство преку низа волонтерски активности и издвојување на посебен фонд од секој продаден примерок.
„Нептун Македонија“, како општествено одговорна компанија која со децении несебично помага и поддржува различни иницијативи и проекти, ја препозна важноста на мисијата на „Своја“ и за 135 свои вработени, по повод 8 Март, обезбеди специјален сет подарок директно помагајќи и збогатувајќи го фондот за донација.
![]()
Укажувајќи им почит на своите вработени од понежниот пол, „Нептун Македонија“ воедно директно преку својата донација покажа почит и кон сите девојки и жени кои се борат со табуата, предрасудите и општествените осуди кога станува збор за насилството врз жените и семејното насилство.
„Оваа година одлучивме да им оддадеме признание на нашите колешки со симболично внимание со кое воедно ги подржуваме напорите сите жени во нашето општество да просперираат во безбедно опкружување исполнето со почит и радост. Почитувани дами, дозволете лично да ви се заблагодарам за сите ваши заложби во општеството. Вашата улога како мајки, сопруги, сестри, пријателки, колешки е неизмерно важна во секој сегмент од нашето постоење. Среќен 8 Март!“, изјави Горан Цветинов – генерален директор на „Нептун Македонија“.
![]()
Ваквиот тип на соработки, поврзувањето на компаниите со невладиниот сектор и индивидуалните иницијативи се најдобрите примери за воспоставување редовна практика на дарување, зголемување на филантропијата и директен придонес кон креирање промени во заедницата и во општеството воопшто.
Со поддршката од „Нептун“, како и други организации и секако многу поединци, од досега продадените над 500 примероци, обезбедени се средства кои во оваа фаза ќе бидат искористени за набавка на нова техничка опрема: компјутер и телевизор за потребите на Кризниот центар „Надеж“, граѓанска организација која има 24-часовна поддршка и СОС-телефон за жртвите.
Мисијата на „Своја“ продолжува и секако сите нови издвоени средства од продажбата на книгата ќе бидат одново плански насочени кон потребите на Националната мрежа, односно кон нивните директни корисници.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

