Економија
Николовски: Не им беше доволна блокадата на законите во интерес на земјоделците, па сега тргнаа во блокада на програмите за поддршка на малите винарии и производители на храна
„Апсолутно не ми е јасно како може некој што е дополнителен заменик, или има било каква позиција, да биде и да се сврти против 2.500 мали опретаори со храна, кои што претходно ги немало, а кои што се сега се регистрирани согласно правилниците за флексибилност од праг, донесени врз база на закон со кои што сме овозможиле многу полесна регистрација“, истакна министерот Николовски одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата на дополнителниот заменик министер Трипуновски, дека програмите за мали винарии и мали производители на храна се незаконски, како и дека грантовите се доделуваат селективно.
Министерот Николовски дополни дека целиот овој пакет на поддршка и сите програми донесени за развој на малите опреатори со храна од животинско потекло, за малите опертори храна од неживотинско потекло, за малите дестилерии и за малите семејни винарии се согласно законот за извршување на буџет.
Токму во овој закон точно се предвидени средствата и процедурите врз кој е донесена секоја програма за поддршка на малите оператори со храна и вино, почитувајќи ги сите процедури и со согласност од Секретаријаот за законодавство и Министерството за финансии.
„Најмалку од се овде има некаква селективност. Нема ниту еден случај во кој што некој што е регистриран во Еднинствениот регистрар за земјоделски стопанства, некој кој што е регистриран во Агенцијата за храната и во Регистарот за вино, да биде одбиен од оваа поддршка. Нашата цел беше сите да добијат, нашата цел беше да не се делат, да нема подделби во тој дел, туку да обезбедиме повеќе средства за сите. Не разбирам како некој што претендира да биде министер се бори за помал земјоделски буџет, наместо да се бори за повеќе средства ,кои што доаѓаат токму во ресорот земјоделие“, истакна министерот Николовски.
Се гордееме на овие програми бидејќи тие се препознатливи за државата. Малите винарии се успешан приказна со која се гордееме. Јасно се гледа дека тој кој што се обидува да ги кочи и блокира законите што се предложени во интерес на земјоделците, сега сака да ги кочи и оспорува програмите за поддршка на малите винарии и малите производители на храна.
„Токму македонските семјени винарии станаа брендот, по кој што сме ние препознаени насекаде и нема тука делби, селекции. Има само еден кој што нема добиено, а тоа е човекот позади мене, кој што е раководител на секторот и неговото семјество на првиот оглас, но и сега нема добиено грант. Но имат добиено сите други, а од сабајле ми се изнајвија еден куп, да ми ги кажат, кои советници од ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, кои претседатели на комитети од целиот регион, кои градоначалници, бивши градоначалници, кандидати од целиот тој регион што имаат добиено грантови“, истакна министерот Николовски.
Тој упати порака до медиумите да ги посетат сите мали винарии ширум државата и да ги пробате нивните вина, промовирајќи ги успешните приказни на малите винарии и развивајќи го винскиот туризам.
„Ниту имало некаква селекција, ниту ќе има во реализацијата на програмите. Се обезбедија секогаш средства за сите. Сум се борел за да има средства за сите, да нема селекција, да нема рангирање. Значи ова се програми во кои што ниту имало рангирање, ниту имало селекција. Туку едноставно сите оние, кои ги исполнија условите добија поддршка, за да денеска државата биде препознаена по тоа македонско вино и заради тоа што без таа поддршка од 10.000 евра, воопшто немаше да се родат и никнат 174 нови македонски винарии кои што треба сите да ги промовираме, да ги поддржуваме и да се гордееме“, истакна министерот Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците
Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,02 п.п., при што во јануари таа изнесува 2,20%, известува Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,48 п.п. и изнесува 4,73%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска
Економија
Николоски: Растот на превезена стока во товарниот сообраќај е силен поттик за економијата и нови работни места
Вкупното количество на превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот кварат од 2025 година е за 66, 7 проценти зголемен во споредба со истиот период 2024 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, информира министерот за транспорт, Александар Николоски.
Според него, големиот раст на превезнена стока во товарниот сообраќај е силен поттик за економијата и нови работни места.
„Државната статистика забележува и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23, 7 проценти во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година. Единствено се забележува намалување на железничкиот превоз за 13,4 проценти и тоа се должи на започнатите инфраструктурни проекти на железничката мрежа долж Коридор 10“, вели Николоски.
Ток, исто така, наведе дека во истиот пресметковен период во патничкиот транспорт превезени се вкупно 925 илјади патници, додека во воздухопловниот превоз регистрирани се 889 153 патници што, како што вели, покажува засилен раст како резултат на политиките за финансиска подршка што ги спроведува Министерството за транспорт за воведување на нови авиолинии.
Најмногу од патниците во делот на авиосообраќајот се превезени преку редовни авиолинии, а раст се забележува и кај чартер летовите.
Единствено намалување во четвриот квартал од 2025 година има во железнички превоз на патници и тоа според статистиката превезени се 34 илјади патници.
Економија
Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка
Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење засилена автентикација на клиентите при извршувањето онлајн плаќања со платежни картички. Засилената автентикација има за цел да обезбеди заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите кај банките преку дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на лицето при извршувањето на плаќањата без физичко присуство.
Имајќи предвид дека граѓаните и компаниите имаат сѐ поголема потреба за извршување секојдневни онлајн купопродажби, а со тоа и плаќања преку интернет, заради нивната брзина и практичност, се зголемува и потребата од повисоко ниво на безбедност. Дигиталните напади и обидите за злоупотреба на податоците од картичките стануваат сѐ почести, па затоа се воведува дополнителна проверка на идентитетот на лицето кое го врши плаќањето, велат од Народната банка.
Засилената автентикација му овозможува на клиентот на банката, при плаќање на интернет, покрај внесувањето на податоците од картичката, да даде дополнителна потврда за трансакцијата преку официјална апликација на банката, којашто се инсталира на мобилен телефон и му овозможува безбедно да ги следи своите сметки и да одобрува плаќања. Наместо досегашната потврда со СМС-код, клиентот ќе добие известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобри трансакцијата. Потврдата се врши со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање на лице. Без оваа потврда, плаќањето нема да може да се изврши, дури и ако некој ги има податоците од картичката.
Засилената автентикација како законска обврска за давателите на платежни услуги произлегува од Законот за платежни услуги и платни системи. Таа се воведува постепено во земјава и веќе е во примена при извршувањето онлајн увид во платежните сметки од страна на клиентите, како и при извршувањето плаќања со платежни картички на физичките продажни места или со платни налози преку електронското или мобилното банкарство. Со примената на засилената автентикација и при извршувањето на плаќањата преку интернет, од 1 март 2026 година, се заокружува процесот на усогласување со правилата и стандардите што се применуваат во Европската Унија за безбедно извршување онлајн плаќања.
Со оваа промена се зајакнува довербата во дигиталните плаќања и се унапредува заштитата на корисниците, се додава во соопштението на Народната банка.

