Економија
Објавен огласот за постројка за пречистување на вода за пиење во општина Карбинци
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го објави огласот за јавна набавка за изведување на градежни работи за изградба на постројка за пречистување на вода за пиење во општина Карбинци преку хидросистемот Злетовица.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска заедно со градоначалникот на општина Карбинци Јордан Насев и директорот на Управата за водостопанство Славе Арсовски ја посетија локацијата кадешто ќе се гради постројката. Димковски посочи дека со приклучување на општина Карбинци на водоснабдување со сирова вода преку хидросистем Злетовица, трајно ќе се обезбеди решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето, особено во летниот период, бидејќи досега населението од оваа општина се снабдуваше со вода за пиење преку локални бунари.
„Повеќенаменскиот хидросистем Злетовица е од витално значење и се состои од повеќе заеднички и посебни објекти за водоснабдување, наводнување и енергетика. Основна намена на ХС Злетовица е обезбедување со вода за пиење на околу 100.000 жители во регионот и тоа од пет општини: Пробиштип, Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци. Во овој момент со сирова вода од ХС Злетовица се снабдуваат само две општини Пробиштип и Свети Николе, но, наскоро ќе се приклучи и општина Карбинци бидејќи е прва општина која ја заврши постапката за изработка на комплетната техничка документација и затоа е и прва општина која ќе ги користи финансиските средства предвидени со Акциониот план за изградба на Филтер станица со капацитет од 30-40 литри/секунда“, изјави Димковски.
До овој момент, до локацијата на новата филтер станица изградена е излезна шахта на полиестерскиот цевковод DN300 со капацитет на проток на вода до 40 l/s, доведен е оптички кабел за комуникација со главниот SCADA центар во Пробиштип и изграден е далековод со кој се обезбедува електрична енергија за потребите на опремата од ХС Злетовица и пречистителната станица.
Димковски посочи дека со измените на Законот за земјоделство и рурален развој се зголемува неповратната финансиска поддршка за младите земјоделци до 40 години од 10.000 на 20.000 евра. Собранието ги изгласа измените на Закон за земјоделство и рурален развој со коишто се предвидуваат поволности за младите земјоделци и за корисниците на мерките од ИПАРД програмата. Со дел од измените на Законот за земјоделство и рурален развој, се овозможува да се направи исплата на дел од лозарите коишто што имаа побарувања од винарските визби Повардарие и Стефани. Станува збор за околу 600 лозари, кои не беа опфатени во претходната исплата на долгот што овие винарници го имаа кон лозарите а којшто го исплати Владата на Република Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Дизелот поскапува
Од ноќеска на полноќ, цените на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголемат за два денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,520 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Економија
АЛКАЛОИД АД Скопје ќе исплати за 14,3 % поголема дивиденда во однос на минатата година
АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 30.03.2026 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.
Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 26.02.2026 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2025 година во износ од 720,00 денари бруто односно 648,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 630,00 денари бруто односно 567,00 денари нето е поголема за 14,3%.
За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 1 милијарда денари. Во согласност со предлог одлуката, исплатата на дивидендата ќе започне од 13.05.2026 година.
(ПР)
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците
Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,02 п.п., при што во јануари таа изнесува 2,20%, известува Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,48 п.п. и изнесува 4,73%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска

