Економија
Од април граѓаните од дома ќе може да аплицираат за услугите во државата и во приватниот сектор

Една година по потпишувањето на меморандумот за соработка со „Мастеркард“, денеска се одржа работна средба на којашто беше презентирано решението за дигитална идентификација на граѓаните на Република Северна Македонија што ќе овозможи секој процес или постапка што бара потпис и лично присуство да се направи од дома, од работа или каде било преку мобилни телефони.
Премиерот Зоран Заев истакна дека со помош на дигиталната идентификација граѓаните стануваат дел од современите дигитални комуникациски процеси на Европа и на светот.
Ова е прва услуга за електронска идентификација на граѓаните и ќе биде достапна на крајот на април. Ова значи дека за услугите за кои до сега граѓаните мораа со физичко присуство да го потврдат својот идентитет тоа ќе можат да го прават од својот компјутер, лаптоп или мобилен телефон.
„Со оваа можност, правиме голем и важен чекор во дигитализацијата на нашиот сопствен идентитет што е предуслов за многу безбедни мрежни услуги во земјата и во светот. Имено, документите што ќе бидат потпишани преку оваа апликација ќе бидат признати не само во нашата земја, но во сите земји во Европа и каде и да се продава услугата електронска лична карта на ‘Мастеркард’. Решението развиено од ‘Мастеркард’ може да го користат институциите, но и деловните субјекти кои сакаат да ги користат придобивките од технологијата, да воведат дигитализација на нивните процеси и да ги заменат хартијата и пенкалото со електронски документи, електронски потпис и одобрување преку паметни телефони. Дигиталната идентификација ќе овозможи секој процес или постапка што бара потпис и лично присуство да се направи од дома, од работа или каде било преку мобилни телефони“, рече премиерот Заев.
Тој кажа дека мобилната апликација на којашто изминатата година работат „Мастеркард“ со поддршка на нашите институции, ќе го промени начинот на работа на институциите, но уште поважно ќе го поедностави секојдневниот живот на граѓаните.
„Овој месец означуваме една година од потпишувањето на меморандумот за воспоставување услуга за дигитална идентификација за граѓаните на Северна Македонија. Можеме да имплементираме најсовремени системи за е-услуги, да инвестираме во опрема и софтвер, но без средства за електронска идентификација, граѓаните ги праќаме на шалтерите како пред десетици години. Живееме во време кога технологијата го променува нашиот живот на подобро и треба сите да придонесеме за тоа. Со воспоставување на услугата за дигитална идентификација граѓаните од нивните домови ќе аплицираат за услугите во државата и услугите од компаниите во приватниот сектор“, истакна министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири.
Посочи дека, користејќи ја услугата за електронска идентификација, јавните институции и компаниите во приватниот сектор со сигурност ќе го знаат идентитетот на лицето кое ја побарало услугата и дека истото лице го потврдува спроведувањето на таа услуга, без можност за каква било измама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Двајца Кавадарчани добија грантови од 20.000 евра за семејни винарии

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска во Кавадарци, врачи две од вкупно 27 одобрени апликации во Тиквешкиот регион за инвестиции во агро секторот преку „Мерката 113 Поддршка за поттикнување на земјоделско производство“.
Апликантите кои денеска ги добија договорите имаат одобрено неповратен грант до 20 илјади евра за набавка на опрема за семејни винарии.
„Имено, со овие средства, апликантите ќе набават пневматски преси, иноксни садови, мелачки за грозје, разладни уреди, пумпи и опрема за флаширање. Модернизирањето на производството на овие млади луѓе е најголем доказ дека нашите мерки даваат резултат, а граѓаните ја препознаваат шансата која им ја дава Владата за поддршка на младинското претприемништво. Петре и Блаже, преку своите семејни винарии ќе овозможат, домашното производство на грозје да се преработи во нивни сопствени капацитети и да се произведе сопствено вино, како нов бренд во широката македонска винска лепеза“, истакна Бачовски.
Бачовски додаде дека преку Мерките кои се реализираат преку Агецијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се создаваат нови работни места, нови брендови кои позитивно ќе се одразат на домашната еконимија. Со „мерката 113 Поддршка за поттикнување на земјоделско производство“ се опфатени 265 апликанти на возраст до 40 години, за кои се одвоени 3.1 милион евра за инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски производи.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со засилена имплементација на мерки и програми за доделување на финансиска помош како главен двигател на развојот и модернизацијата на агро секторот.
Економија
Арсовски: Оперативниот план обезбедува нови работни места и вработување на невработените

Одговарајќи на новинарско прашање за деталите за Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување што вчера беше усвоен на владина седница и поспецифично за етничката застапеност на вработувањето и во приватниот сектор, портпаролот на Владата, Душко Арсовски, соопшти дека овој план меѓу останатото се базира на принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории.
„Спроведувањето на овој Оперативен план за активни програми и мерки за вработување почива на неколку принципи, односно ќе се почитуваат неколку принципи меѓу кои и ова што го зборувавте, принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова религиозна, расна или која било друга ранлива категорија граѓани во согласност со стандардите и практиките на ОН и Меѓународната организација на трудот. Ништо надвор од тоа“, рече Арсовски.
Тој додаде дека втор принцип е справување со негативните ефекти и последици врз пазарот на трудот и вработеноста предизвикани од пандемијата и третиот исто така важен поттикнување рамномерен регионален развој согласно со податоците од бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони.
Арсовски информира дека Оперативниот план 2021 содржи мерки за лицата кои се долго време надвор од пазарот на трудот и се предвидува поддршка и за работодавачи, но само доколку тоа значи обезбедување нови вработувања и раст на правните субјекти.
Економија
Сѐ уште не си бил клиент на Credissimo? Ова е вистинскиот момент да им се довериш!

Credissimo е една од водечките Финтек-структури во небанкарскиот финансиски сектор во Македонија. Компанијата постојано се стреми да нуди нови и современи решенија за краткорочно финансирање на своите клиенти. За последните 5 години, колку што е активна оваа компанија на македонскиот пазар, може да се пофали со повеќе од 100 000 корисници и повеќе од 92 % задоволни клиенти.
Ако досега не си бил клиент на Credissimo, ова е вистинскиот момент да им се довериш!
Во текот на целиот месец, може да аплицираш за твојот прв Credissimo Плус до 30 000 ден. со период на исплата од 3 месеци со 0 % камата. Промоцијата е валидна само за нови клиенти на Credissimo кои немаат одобрен брз кредит и важи во периодот од 01.03.2021 г. до 31.03.2021 г.
Земи го твојот прв бескаматен кредит на рати во 3 лесни чекори:
- Поднеси апликација за сума од 6 000 ден. до 30 000 ден. со период на исплата од 3 месеци;
- Добиј одобрување за неколку минути;
- Парите ги добиваш на твојата трансакциска сметка.
Операторите на Credissimo се достапни да одговорат на твоите прашања во секое време преку чатот на нивниот сајт.
Промотивните услови важат за периодот од 01.03.2021 година до 31.03.2021 година и се однесуваат само за нови клиенти кои ги исполнуваат условите за одобрување кредит Credissimo Плус до 30 000 денари, со рок на враќање до 3 (три) месеци. Кредитните барања се одобруваат согласно ОУ на ФД Кредисимо ДООЕЛ Скопје.
* За одобрен кредит Credissimo Плус на нов клиент, во износ до 30 000 денари, со рок на враќање до 3 (три) месеци, фиксната каматна стапка е 0 % и таа изнесува 0 денари. Дополнителните трошоци при одобрување на кредитот, коишто се дел од стапката на вкупни трошоци (СВТ), за одобрениот рок на враќање изнесуваат исто така 0 денари.
(ПР текст)
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер