Економија
„Опел“ проверка на системот за сопирање

Еуроимпекс, генерален увозник за брендот Opel во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија им понудува на своите клиенти -15% на системот за сопирање.
„Не се плашам да се движам напред, сè до дека можам силно да закочам“ е новиот слоган на кампањата на брендот, која повикува на безгрижно користење на својот автомобил „опел“.
Воедно брендот повикува на совесно користење на своето возило, со цел продолжување на неговиот животен век, како и поголема безбедност на патниците. Под совесно користење на возилото се подразбира редовна грижа за истото и навремена проверка на системот на сопирање. Системот за сопирање игра клучна улога во безбедноста и за возачот и за патниците и за сите други учесници во сообраќајот и како таков мора редовно и навремено да се прегледува и одржува.
Дисковите и плочките се основниот безбедносен елемент на возилото и се подложни на абење. Системот за сопирање е составен од елементи кое се трошат при сопирање и кочење, потребна е нивна проверка и доколку е потребно промена.Посебно треба да се проверат при подолго патување со повеќе патници и багаж или, пак, доколку автомобилот е во отежнати услови на работа. Па токму поради тоа од Еуроимпекс советуваат да се консултирате со овластените сервисни точки на „опел“ и да се врши редовна проверка и замена на течноста за сопирачките во одреден временски период препорачан од производителот.
Ова е одлична можност за сите сопственици на „опел“, да го проверат системот за сопирање со промотивна цена на деловите и работната рака.
Акцијата е во важност за промотивниот период во рамките на целата овластена мрежа на Opel во Македонија и истата е со времетраење до 15.11.2021 година.
Еуроимпекс им стои на располагање на своите клиенти за сите консултации и совети. Повеќе на www.opel.mk
Компанијата Еуроимпекс е основана 1990 година како мала трговска фирма за увоз-извоз. Започнува скромно и по осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија уште од далечната 1992 година, со првиот увоз на автомобили „пежо“.
Соработката со брендот Opel ја започнува кон крајот на 2020та година со што прераснува во генерален увозник и дистрибутер на брендот OPEL за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија; Овој успех го круниса 30 годишниот јубилеј на Еуроимпекс кој беше одбележан истата година.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.