Контакт

Економија

Пад на побарувачката за нови автомобили во Европа

Објавено пред

Измената на даночниот систем во некои земји, нешто послабата глобална економија и неизвесноста поврзана со брегзитот доведе до пад на побарувачката за нови автомобили во Европа во првиот месец од годинава, соопшти Европското здружение на автомобилски производители (ACEA).

Групацијата Рено (со Алпин, Дачија, Лада) забележа намалена испорака од 16,3 проценти, исто како и неговиот француски ривал ПСА (Пежо, Ситроен, ДС, Опел, Воксал) забележа пад од 12,9 отсто. Вкупно на патиштата на Европската Унија имало речиси 957.000 нови патнички автомобили, но притоа четирите главни пазари се во црвено: Франција (-13,4 проценти), Шпанија (-7,6 отсто), Германија (-7,3 проценти) и Италија (-5,9 отсто).

Здружението на европски производители на автомобили првпат ја објави статистиката за ЕУ, без Велика Британија, за да овозможи споредба со 2019 година. Меѓу причините за намалување на побарувачката во ACEA потсетуваат на најавеното зголемување на даноците на автомобилите во некои земји од Европската Унија поради што купувачите побрзаа да ги посетат автосалоните во декември. Воедно, тоа е причината што бројот на регистрирани нови автомобили во 27 земји од ЕУ во последниот месец од минатата година скокна дури 21,4 процент. Типичен пример за тоа е Шведска, каде што од 2020 година се воведени нови даноци по што е забележан пад на побарувачката од цели 18 проценти, што е најголем процент во земјите од ЕУ наспроти растот од огромни 109 проценти, кој беше забележан во декември.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Намален условот за фирмите што користат субвенција – вработените ќе мора да ги задржат до јули, а не до септември

Објавено пред

Фирмите кои користат субвенција од Владата нема да смеат да отпуштаат работници до јули, а не до септември како што првично стоеше во уредбата за поддршка на работодавачите од приватниот сектор.

Денеска на седница беше донесена измена на уредбата, според која е скратен условот за бројот на вработените во компаниите кои користат финансиска помош, и нивниот број ќе се задржи два месеца по користењето на мерката, односно до јули 2020 година.

Претходно, важеше условот работодавачите што ќе добијат финансиска поддршка од оваа мерка, бројот на вработени што го имале во моментот на аплицирање да го задржат заклучно со месец септември 2020 година.

Со овие измени, како што информираа од владината прес-служба, се трга и условот управители и сопственици на бизнисите вработени во истите да не може да ја користат мерката (а во насока на заштита на микро и малите фирми).

„На оваа мерка компаниите не може да аплицираат единствено за свои вработени за кои се ослободени од плаќање придонеси и персонален данок преку проектите „Македонија вработува” или доколку се одлучат да ја искористат мерката за субвенционирање на 50% од придонесите во вонредна состојба, која е дел од првиот сет на мерки за справување со кризата“, информираат од Владата.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Македонија и Европската Комисија ќе потпишат договор за заедничка набавка на лекови и медицинска опрема

Објавено пред

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од пристапување кон и потпишување на Заедничкиот договор за набавка на лекови и медицинска опрема со Европската Комисија.

За таа цел, како што информираат од владината прес-служба, задолжен и овластен е министерот за здравство да го потпише и соодветно имплементира Заедничкиот договор за набавка на лекови и медицинска опрема со Европската Комисија.

На оваа седница беше донесен и заклучок за воспоставување на централен механизам за примање, следење и распоредување на сите донации и помош што земјава ги добива, а со кој ќе раководи заменик на претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, како Национален координатор за странска помош.

Согласно заклучокот, донациите и помошта што ќе бидат примени, ќе се складираат централизирано, на едно место, и ќе се распоредуваат согласно потребите и приоритетите по доставени барања од страна на државните институции.

На предлог на Министерството за економија денеска министрите ја разгледаа и донесоа Уредбата за примена на Законот за акредитација за време на вонредна состојба, според која предвидува одложување на роковите за доставување на извештајот за реализираната програма за работа на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија за 2019 година, како и извештајот за работата на Советот за 2019 година и извештајот на Одборот за надзор на материјално-финансиска контрола за 2019 година, за време на траење на вонредната состојба.

Важноста на сертификатите за акредитација чиј рок е истечен или ќе истече за време на траење на вонредната состојба и на сертификатите за акредитација, чиј рок ќе истече во период од четири месеци по престанокот на траење на вонредната состојба, согласно оваа Уредба се продолжува до завршување на постапката за ре-акредитација од првото наредно оценување.

Телата за оцена на сообразност чиј сертификат за акредитација истекол или ќе истече за време на траење на вонредната состојба сe должни да иницираат постапка за ре-акредитација во рок од 30 дена по престанок на траење на вонредната состојба.

Надзорните над исполнување на барањата за акредитација и постапките за ре-акредитација кои требало или треба да се реализираат за време на траење на вонредната состојба се одложуваат за време на траење на вонредната состојба и ќе се реализираат по престанок на траење на вонредната состојба.

За време на траење на вонредната состојба може да се завршат постапките за акредитација, ре-акредитација и надзорните оценувања чии оценувања се реализирани и со оцена на потребните документите.

Според Уредбата, телата за оцена на сообразност за време на траење на вонредната состојба можат да достават барање и пријава за акредитација и други документи во врска со постапките за акредитација по електронски пат.

На денешната 39-та седница беше разгледана и усвоена Уредбата со законска сила за примена на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за време на вонредна состојба, чии одредби ги регулираат роковите за одлучување по барањата за одобрување на финансиска поддршка и исплата на финансиска поддршка, за склучување на договори за финансиска поддршка, намалување на финансиска поддршка поради неисполнување на договорни обврски од договорите за финансиска поддршка, за дополнување или дообјаснување на барањата за финансиска поддршка, за роковите за реализација на инвестициите предмет на договорите за финансиска поддршка, извршувањето на контроли на лице место на договорите за финансиска поддршка, кои истекуваат или ќе истечат за време на траењето на вонредната состојба, да се одложат и да се продолжат за 60 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба.

Роковите определени во договорите за финансиска поддршка за реализација на инвестицијата, престануваат да течат за време на траењето на вонредната состојба и продолжуваат да течат по истекот на траењето на вонредната состојба, но само за онолку денови колку што престанале и тоа од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.

Согласно оваа Уредба, роковите за доставување на барања за финансиска поддршка определени во јавниот повик за доставување на барања за финансиска поддршка по ИПАРД Програмата 2014-2020, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба и продолжуваат да течат по престанок на траењето на вонредната состојба.

Прикажи повеќе...

Економија

Прераспределени повеќе од 6,5 милијарди денари од буџетот за економските мерки

Објавено пред

Владата на денешната седница ја донесе одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите во согласност со која во буџетот за 2020 година, во посебниот дел во првата потколона од колоната расходи на основен буџет, се врши прераспределба на средства во износ од 6.542.000.000 денари.

„Целта на предложената одлука е обезбедување средства за имплементација на економските мерки донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија за справување со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот Ковид-19“, велат од Владата преку соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија50 минути

Намален условот за фирмите што користат субвенција – вработените ќе мора да ги задржат до јули, а не до септември

Фирмите кои користат субвенција од Владата нема да смеат да отпуштаат работници до јули, а не до септември како што првично...

Македонија3 часа

Филипче: Следната недела почнуваат подготовки за олабавување на мерките за движење

Следната недела ќе почнат подготовки за олабавување на мерките за рестрикции на движењето и враќање на животот во нормала, извести...

Македонија4 часа

Мајка и бебе од Кочани позитивни на коронавирус примени на Инфективната клиника

Мајка и нејзиното четиримесечно бебе од Кочани се примени на Инфективната клиника, откако биле утврдени дека се позитивни на коронавирусот,...

Македонија4 часа

Притвореник кој вчера починал во скопскиот затвор позитивен на Ковид-19

Притвореник во истражниот затвор во Шуто Оризари вчера починал од срцев удар, а по извршената обдукција било утврдено дека тој...

Македонија4 часа

Откриен случај на болеста њукастел во земјава, АХВ најави засилени мерки

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение за воведување заштитни, контролни и дополнителни мерки, со цел контрола и спречување на...

Економија5 часа

Светска банка прогнозира рецесија од -0,4 до најмногу -2 отсто годинава

Економската активност во земјава годинава ќе се намали за -0,4% споредено со лани и тоа во најоптимистичкото сценарио што го...

Македонија6 часа

Нови 46 случаи на коронавирус, прв случај во Пробиштип

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје...

Европа7 часа

Данска идната недела ги отвора училиштата и градинките

Данската премиерка, Мете Фредриксен, најави дека државата ќе ги отвори градинките и основните училишта за првите пет одделенија од следната...

Македонија9 часа

Донирани околу еден милион евра на сметката на Министерството за здравство

На наменската сметка на Министерството за здравство за донации за борбата со коронавирусот до сега се пристигнати  средства во висина...

Свет10 часа

Кина презема нови мерки поради страв од нов бран на вирусот како резултат на асимптоматски случаи

Кина, во која помина епидемијата на коронавирусот, презеде нови мерки за да ги спречи асимптоматските носители на вируси да предизвикаат...

Економија10 часа

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта...

Свет10 часа

САД пред Шпанија по бројот на починати од коронавирус – втор ден по ред има повеќе од 2.000 жртви

Соединетите Американски Држави регистрираа речиси 2.000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред. Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“,...

Регион11 час

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за...

Свет11 час

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство...

Европа13 часа

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано,...

Македонија22 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа1 ден

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа1 ден

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија1 ден

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија1 ден

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Досие