Контакт

Економија

Паметните телефони на „Виво“ влегуваат на македонскиот пазар

Објавено пред

Брендот бр. 5 на листата на смарт телефони во светот ја потврдува својата посветеност кон европските потрошувачи проширувајќи го своето присуство и во Македонија

dobivaj vesti na viber

Vivo, бренд бр. 5 на паметни телефони во светот, и официјално го објави своето присуство на македонскиот пазар. Познат по тоа што е бренд кој се фокусира на клиентите и нивните реални потреби, vivo наместо да прави иновации поради иновации, воведува некои од почетните технологии од индустријата за паметни телефони, како што се скенерот за отпечатоци на екранот или системот за камера стабилизиран со гимбал. vivo моментално е присутен на преку 60 пазари ширум светот, стекнувајќи ја довербата на повеќе од 400 милиони клиенти.

„Среќни сме што можеме да кажеме ЗДРАВО на македонски јазик на медиумите и потрошувачите во Македонија и официјално да се претставиме себеси и препознатливиот пристап на vivo. Од нашето прво „Здраво, Европа“ во октомври 2020 година, па до сега, се проширивме на 13 европски пазари од кои добивме топло добредојде од крајните потрошувачи и деловни партнери. Со нетрпение очекуваме да стекнеме нови пријатели и на овој пазар бидејќи продолжуваме да растеме водени од нашата филозофија секогаш да ја правиме вистинската работа, на вистински начин“, изјави Душан Кузмановиќ, директор за продажба во претставништвото на vivo за Северна Македонија.

Растеме чекор по чекор без да го скратуваме патот

Vivo се гордее со пристапот „чекор по чекор“. Овој пристап е поткрепен со повеќе од 10-годишно искуство во бизнисот со паметни телефони докажувајќи дека е на вистинскиот пат, бидејќи компанијата е лидер на неколку азиско-пацифички пазари вклучувајќи го и домашниот пазар во Кина. Тимот на vivo нагласи дека тоа не би било можно доколку нема постојано слушање на потребите на клиентите и силен фокус во истражувањето и развојот. Со преку 75 % од своите тимови кои работат во истражување и развој и строга контрола на квалитетот во текот на производниот процес во сопствените седум производствени бази, vivo ја заработи довербата на преку 400 милиони клиенти на повеќе од 60 пазари ширум светот.

Во текот на изминатите две години од лансирањето во Европа, vivo прерасна во тим од преку 200 локални експерти низ европските пазари со поддршка од преку 90 луѓе од 18 националности во европското седиште во Дизелдорф, Германија. Компанијата инвестира значително во клучни спортски партнерства, како што е Светското првенство на ФИФА што се одржува во Катар оваа година, фудбалското првенство на УЕФА ЕУРО што се одржа низ цела Европа минатата година, партнерството во 2024 година во Германија, локалната TIM eSerie A, женската одбојкарска лига во Италија, Ла Лига фудбалска лига во Шпанија, како и во Полската федерација за скијачки скокови. Осигурувајќи се дека смартфоните vivo се достапни за секого, компанијата исто така постојано ја зголемува листата на трговци на мало и телекомуникациски услуги на секој од пазарите, со што постигнува покриеност од преку 60 % во сите продавници низ земјите каде што е присутен брендот.

Свесни за барањата и преференциите на потрошувачите во Северна Македонија, vivo ги објави своите први партнерства со продажните мрежи на Сетек, Нептун и Риверсофт, како и со опараторот А1, осигурувајќи се дека можат да го пронајдат, пробаат и изберат смартфонот vivo кој одговара на нивните потреби и очекувања, во вистинската продавница според нивна желба.

Перфектно селфи со vivo V21 5G

Серијата V која е мошне популарна на азиско-пацифичките пазари, го имаше своето европско деби со V21 5G. Овој телефон располага со уникатна оптичка стабилизација на сликата, со камера од 44 мегапиксели на предната страна со која се добиваат јасни и висококвалитетни селфи фотографии поддржани со функции како што се: ноќен портрет, напреден автоматски фокус, како и двоен блиц за селфи во центарот и стабилизирано 4K видеоснимање со помош на предна камера. V21 5G, исто така, располага со одлична задна камера од 64 мегапиксели, што им овозможува на потрошувачите да снимаат креативни слики и видеа, како што е опцијата Dual-View која снима видеа од двете страни на паметниот телефон. Дизајнерскиот јазик е елегантен и минималистички, во елегантно куќиште кое е тенко само 7,29 милиметри и тежи 175 грама.

Snap and Play, со серијата vivo Y

Европската линија vivo располага со големо семејство на паметни телефони од серијата Y: почнувајќи од почетни уреди за оние кои го бараат својот прв паметен телефон, до уреди од средна класа за оние кои бараат целокупно избалансиран уред со најдобра вредност за парите, серијата vivo Y нуди паметен телефон од за секого.

Vivo сака да им помогне на потрошувачите да направат совршена фотографија – со паметни телефони кои секогаш ја ставаат камерата на прво место. Понудата од серијата Y се отвора со vivo Y72 5G, кој комбинира тројна поставеност на камерата на задната страна, со главен сензор од 64 мегапиксели, широкоаголна камера од 8 мегапиксели, како и макро фотограф за снимање предмети од 4 сантиметри. Камерата од 16 мегапиксели ја заокружува силната низа на камери овозможувајќи јасни селфија, дури и во моменти со слаба осветленост. За напојувањето, Y72 располага со долготрајна батерија од 5000 милиампери со брзо полнење од 18 W.

Зголемувајќи го опсегот на серијата Y, vivo ги претстави Y33s, Y21s и Y21. Секој од новите телефони ги има истите клучни карактеристики и сите го испорачуваат истиот висок стандард: батерија од 5000 mAh комбинирана со сигурна технологија за брзо полнење на vivo за да се обезбеди неограничена работа секој ден, најновиот оперативен систем Android 12, поддршка за две СИМ-картички и страничен сензор за отпечаток од прст и тенко тело од 8 милиметри со посакуван, полиран финиш со висок сјај.

Vivo Y33s може да се пофали со главна камера од 50 мегапиксели како дел од поставувањето на тројна задна камера, обезбедувајќи го вистинскиот сет за потрошувачите да ги доловат своите спомени. Поставувањето на камерата продолжува со супер макро камера за дополнителна јасност при фотографирање одблиску. vivo и овој пат се погрижи перформансите да одговараат на vivo Perfect Shot заложбите: 8GB RAM процесор напојуван од MediaTek Helio G80 SOC со што се гарантира дека сите апликации работат непречено, а сликите се обработуваат брзо.

Понатаму, vivo Y21s нуди можности за паметно фотографирање и снимање видеа исти како и Y33s, со систем од три камери со главна камера од 50 мегапиксели. Овој телефон исто така нуди функции за паметна камера кои им помогаат на клиентите да ја снимат својата совршена снимка во речиси секаква ситуација. Тие вклучуваат ноќен режим и за предните и за задните објективи, Time-Lapse и опција за бавно движење од 120 fps. Неговиот чипсет MediaTek Helio G80 вклучува пар моќни ARM Cortex-A75 процесори кои можат да работат до 2 GHz.

Дизајниран за потрошувачи кои немаат намера да ги искористуваат до крај своите паметни телефони при нивната секојдневна употреба, vivo Y21 е атрактивна алтернатива што го претставува најдобриот можен однос цена-перформанси со процесорот напојуван од MediaTek Helio P35 SoC. Најновиот Funtouch OS на vivo, има систем Multi-Turbo 5.0 кој ја подобрува конекцијата на податоци, брзината на системскиот процесор и штеди енергија, истовремено поседувајќи ажуриран режим за игри за мобилен телефон.

Цена и достапност, гаранција и услуга
Високата категорија претставувана од V21 5G, е достапна со препорачана малопродажна цена од 24.999 денари.

Средната категорија претставувана од серијата Y, ќе биде достапна за 11.999 денари за моделот Y21, а моделот Y21s ќе чини 13.999 денари. Следни се: Y33s со цена од 15.999 денари и Y72 5G за 18.999 денари. Сите модели се достапни за купување во продажната мрежа на Сетек, Нептун и Риверсофт, како и кај телекомуникацискиот партнер А1.

Бидејќи доверливоста и квалитетната поддршка по продажбата се од клучно значење за vivo, сите уреди се поддржани со 2-годишна гаранција на производителот; иако е скоро невозможно, сепак, во случај нешто да тргне наопаку, клиентите во Северна Македонија можат да се потпрат на услугата на Мобико.

###

За vivo
vivo е технолошка компанија која создава врвни производи засновани на вредност водена од дизајнот, со главен фокус врз паметните уреди и интелигентните услуги. Компанијата има цел да изгради мост меѓу луѓето и дигиталниот свет. Преку својата уникатна креативност, vivo им овозможува на корисниците сè поудобен мобилен и дигитален живот. Следејќи ги основните вредности на компанијата кои вклучуваат Benfen*, со фокус на дизајнот и корисничкото искуство, како и континуираното учење и тимскиот дух, vivo имплементира стратегија за одржлив развој со визија да прерасне во поздрава и поодржлива корпорација од светска класа.

Здружувајќи ги и развивајќи ги најдобрите таленти за да испорача извонреден квалитет, vivo е поддржан од мрежа центри за истражување и развој во Шенжен, Донгуан, Нанџинг, Пекинг, Хангжу, Шангај и Ксиан, фокусирајќи се на развојот на најсовремените потрошувачки технологии, вклучително 5G, вештачка интелигенција, индустриски дизајн, систем за фотографирање и други нови технологии. vivo, исто така, воспостави интелигентна производствена мрежа (вклучувајќи ги и оние овластени од vivo), со годишен производствен капацитет од речиси 200 милиони паметни телефони. Досега, vivo ја разграни својата продажна мрежа во повеќе од 60 земји и региони и стана посакуван бренд кај повеќе од 400 милиони корисници ширум светот.

*„Бенфен“ – термин што го објаснува ставот да се сработат вистинските работи на вистински начин – што е најдобар опис на мисијата на vivo да создаде нова вредност за општеството.

Повеќе информации и најновите вести на vivo

Економија

Од полноќ поскап бензин, цената на дизелот останува иста

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13% во однос на одлуката од 27.2.2026 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,977%, кај дизелот за 0,464%, кај екстра лесното масло за 0,370% и кај мазутот зголемувањето е за 3,965%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1035%.

Од 3.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 35,542 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,022 ден/кг и сега ќе изнесува 35,542 ден/кг.

 

Прикажи повеќе...

Економија

ТИТАН Усје: Работиме согласно сите закони, емисиите се мерат 24 часа со независен мониторинг – нема надминувања на лимитите

Објавено пред

ТИТАН Усје соопшти дека повеќе од 70 години работи како одговорна компанија во земјата, придонесувајќи за националниот развој, локалната економија и снабдувањето со основни материјали за клучни инфраструктурни објекти, меѓу кои болници, брани, патна и јавна инфраструктура.

dobivaj vesti na viber

Од компанијата наведуваат дека грижата за животната средина е нивна основна вредност и дека ја следат јавната дебата поврзана со квалитетот на воздухот и заштитата на животната средина, давајќи, како што велат, транспарентен придонес кон решавање на овие прашања.

„Работиме целосно во согласност со сите важечки закони, подзаконски акти и барањата на нашата А – Интегрирана еколошка дозвола – честопати применувајќи внатрешни стандарди кои се и построги од законските обврски. Нашите емисии континуирано се мерат преку 24-часовен независен мониторинг, со податоци јавно достапни и редовно доставувани до надлежните органи и до медиумите. Редовните и ненајавените инспекции од страна на надлежните тела не констатираат никакви надминувања на законските лимити“, велат од ТИТАН Усје.

Како членка на Групацијата ТИТАН, компанијата информира дека ги следи меѓународно признатите практики и ESG стандарди, со долгорочна посветеност на заштитата на животната средина, вклучувањето на заедницата и современото корпоративно управување.

Во изминатите 15 години, ТИТАН Усје инвестирала повеќе од 29 милиони евра во одржливо производство и еколошки технологии, а дополнителни три милиони евра се планирани до 2029 година.

Од компанијата посочуваат дека нивни приоритети остануваат партнерствата, благосостојбата на вработените и континуираната поддршка на заедницата.

Прикажи повеќе...

Економија

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

Објавено пред

Финансиски резултати за 4-тиот квартал / 12 месеци од 2025 година

dobivaj vesti na viber


*Прилагодена за ефектот на вреднување на залихите

ОКТА АД – Скопје Годишни резултати за 2025 година

Во 2025 година, глобалниот пазар на деривати беше обликуван од геополитичка несигурност и еволуирачки енергетски политики, што резултираше со повремена нестабилност на цените. Ризиците по снабдувањето поврзани со регионалните конфликти и нестабилните трговски рути беа делумно компензирани со зголемено производство од главните извозници, ублажувајќи ги ценовните притисоци во споредба со 2024 година. Намалената индустриска активност на клучните пазари го ограничи растот на побарувачката и придонесе за стабилизација на цените во втората половина од годината.

Во Југоисточна Европа, геополитичките случувања и регулаторните промени продолжија да влијаат врз пазарните услови. Во Северна Македонија, воведувањето на новиот Закон за енергетика во средината на 2025 година и тековните регулаторни прилагодувања влијаеја врз динамиката на цените и конкуренцијата. По благиот пад во 2024 година, локалниот пазар покажа знаци на закрепнување во текот на 2025 година.

Во овие услови, ОКТА успешно се справи со регионалните флуктуации во снабдувањето и силните притисоци од конкуренцијата како на домашниот така и на извозниот пазар. Компанијата ја задржа својата утврдена водечка позиција во големопродажбата, додека структурата на малопродажниот пазар остана во голема мера непроменета. Во текот на целата година, ОКТА се фокусираше на дисциплинирано комерцијално извршување, разумно управување со маржите и насочени, стратешки иницијативи.

Финансиски остварувања

Приходите од продажба за фискалната 2025 година изнесуваа 38.492 милиони денари, во споредба со 44.263 милиони денари во 2024 година, првенствено поради пониските меѓународни цени на горивата и намалениот обем на извоз. Во четвртиот квартал од 2025 година, приходите од продажба се зголемија за 5% на годишно ниво на 10.179 милиони денари.

Бруто добивката порасна на 1.324 милиони денари во фискалната 2025 година од 1.169 милиони денари во претходната година, поткрепена од поголемата домашна продажба, зголемените испораки кон Државните резерви и зголемено тргување со електрична енергија. ЕБИТДА достигна 652 милиони денари, во споредба со 501 милион денари во 2024 година, што одразува поголем домашен обем, намалена изложеност на нестабилност на цените и поголема продажба на електрична енергија. ЕБИТДА во четвртиот квартал од 2025 година изнесуваше 139 милиони денари, што е намалување од 16% на годишно ниво, главно предизвикано од нестабилноста на цените на горивата и пониските маржи на електричната енергија.

Добивката пред оданочување во фискалната 2025 година значително се зголеми на 667 милиони денари, во споредба со 238 милиони денари во 2024 година. Покрај подобрените оперативни остварувања, резултатот е одраз и на помала амортизација по еднократната забрзана амортизација во 2024 година, предвидениот поврат на Данокот на солидарност од 50 милиони денари платен во 2023 година и оптимизирано управување со готовината. Во четвртиот квартал од 2025 година, добивката пред оданочување изнесуваше 177 милиони денари во споредба со 87 милиони денари во четвртиот квартал од 2024 година.

Оперативните трошоци останаа генерално стабилни на годишно ниво. Во 2025 година компанијата продолжи да работи без долг, во континуитет со претходните години. На 29 мај 2025 година, Собранието на акционери одобри распределба на дивиденда од 182,8 милиони денари, што е еднакво на 240,00 денари по акција.

Стратегија и перспектива

ОКТА ја заврши 2025 година со пазарен удел од 67% во Северна Македонија и 29% во Косово, надминувајќи ги планираните цели за профитабилност. Компанијата останува посветена на зајакнувањето на својата лидерска позиција на пазарот, оптимално користење на продуктоводот Солун – Скопје и складишната инфраструктура, како и обезбедување долгорочна сигурност во снабдувањето.

ОКТА продолжува да ја развива својата стратегија за диверзификација, при што значајно вложува и во обновливи извори на енергија. Во текот на годината, компанијата инвестираше 63 милиони денари во проекти од оваа област и се фокусира на максимално искористување на инсталираниот соларен капацитет од 12 мегавати како и идниот систем за батериско складирање. Плановите вклучуваат понатамошно проширување на фотоволтаичните системи и решенијата за складирање.

Корпоративна оштествена одговорност

Во четвртиот квартал, ОКТА дополнително ја зацврсти својата стратешка посветеност кон одржливоста, проширувајќи ги донациите на кровни фотоволтаични системи за образовни институции во Скопје, Битола и Штип. Овие инвестиции ја подржуваат националната цел за зголемување на енергетската ефикасност и обезбедуваат мерливи еколошки продобивки преку значително намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Дополнително, компанијата спроведе иницијатива за општествена одговорност кон животната средина, организирајќи акција за пошумување во Националниот парк Јасен, во склоп на тим-билдинг програмата.

Паралелно со овие иницијативи, ОКТА продолжи да го негува и промовира националното културно наследство преку поддршка на реномираните културни фестивали и продлабочена соработка со релевантните културни институции во земјата. Годината ја заокружи со засилен фокус на вклучувањето на заедницата, акцентирајќи ја поддршката за образованието и ранливите групи преку целни донации и општествени иницијативи. За да го сподели напредокот на транспарентен начин и да ја зајакне својата улога како одговорен корпоративен лидер, ОКТА одржа брифинг за медиумите на кој ги претстави клучните достигнувања во текот на годината.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија2 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија8 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија9 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија9 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија9 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија9 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија10 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија10 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија12 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија12 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија12 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет14 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет14 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет14 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет15 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет15 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет16 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет16 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија1 ден

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...