Економија
Прв состанок на платформата „За татковината со љубов“

Политики коишто резонираат со потребите на реалниот сектор и на потребите на граѓаните, како и наоѓање на системски решенија за решавање на проблемите се вредности по кои се водам при секојдневното донесување одлуки. За да сме сигурни дека решенијата и политиките се одржливи и соодветни, сметам дека е од исклучителна важност тие да се донесени преку инклузивен процес на сите засегнати страни, кажа во своето воведно излагање на првиот состанок на платформата „За татковината со љубов“, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Платформата „За татковината со љубов“ е иницирана токму од Битиќи за поголема вклученост на експертската јавност и професионалците од сите економски сфери во носењето на државните политики и отворање на вратата за сите добронамерници коишто сакаат да придонесат за економскиот развој на Северна Македонија.
„Вредноста на инклузивноста и намерата за стратешко среднорочно и долгорочно планирање на економскиот развој е отсликана во платформата „За татковината со љубов“. Таа ќе претставува советодавно тело кое ќе служи за доброто на државата и ќе има за цел – економски развој, креирање на предвидлива бизнис клима и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Преку оваа платформа ќе се обединат и ќе дискутираат водечките економски експерти во земјава од повеќе различни области: макроекономија, јавни финансии, даноци, инвестиции, царина, претприемништво, човечки капитал, стратешко планирање и др. Оваа платформа ќе биде ризница на знаење и искуство од домашни експерти и истата нема да прави поделба по политичка, родова, етничка или било каква припадност, напротив ќе спојува, создава и движи напред во насока кон одржлив и стабилен економски развој“, нагласи Битиќи.
Вицепремиерот посочи дека идејата е преку оваа платформа да се соберат најдобрите економски умови коишто мислат добро на државата и преку заеднички влог да се креира нашата иднина.
Во ова неформално тело, покрај вицепремиерот за економски прашања, поканети се да даваат свои мислења и да дискутираат поранешни министри, универзитетски професори, економски експерти од граѓански организации и стопанственици, без разлика на нивната политичка наклонетост, родова или етничка припадност, за да се креираат најдобри можни системски решенија, стратегии, политики и мерки за побрз и одржлив економски раст и развој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Акација на Спорт лајф за најголем број погодени натпревари!

Во Sport Life стартуваше акцијата „До 50 шанси за 100 000 денари“ во која ќе се натпреваруваат играчите членови на СЛ клубот. Акцијата ќе трае од 22.01. до 22.3.2021 година, во 4 етапи од по 15 дена. Во тој период, во секоја одделна етапа, Sport Life ќе доделува вредни подароци за оние кои ќе погодат најголем број на натпревари на еден тикет, независно дали е тој добитен или недобитен.
Играчите со најмногу погодени натпревари на тикет ќе освојат 100 000 денари, за второпласираните следува вредносен ваучер од 25 000 денaри за производи од Анхоч или Техномаркет, а пак третопласираните добиваат подарок месечно обложување, со вредносни ваучери од 200 денари секој ден.
Минималната уплата на тикет е 20 денари, додека на еден тикет може да се одиграат и до 50 натпревари, со минимален коефициент од 1,30. Акциската понуда важи само за несистемските тикети, односно за тикетите со една комбинација уплатени со приложување на СЛ клуб картичката, а ги опфаќа и тикетите од понудата за обложување во живо, микс тикетите и тикетите со натпревари од Супер тип понудата.
Сите информации во врска со овој натпревар, како и тековната ранг листа можете да ги дознаете ТУКА.
Со зачленувањето во СЛ клубот играчите na Sport Life се здобиваат со екслузивно право да учестуваат во оваа и голем број други акции и натпревари како што се Типстер на месецот, Втора кеш шанса, како и да освојуваат поени за вредни подароци од СЛ маркетот.
Економија
(Видео) Милевски: РЕК „Битола“ го води принуден управник и произведува политичка струја

„РЕК ‘Битола’ работи со минимален капацитет, со тоа се доведува снабдувањето на струја среде грејна сезона. РЕК ‘Битола’ има принуден управник, в.д. управник, тутор на генералниот директор на РЕК ‘Битола’ или што има? Ова прашање се слуша последните неколку месеци во Битола откако во РЕК ‘Битола’ производството на електрична енергија од ден на ден е сè помало и понеизвесно дали ќе работи РЕК ‘Битола’ или поради немање јаглен, ќе се исклучат сите три блока“, изјави Пеце Милевски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Битола.
Според него, човекот за кој се зборува дека е принуден управник е Љубчо Кижевски, помошник-директор за производство на АД ЕЛЕМ Скопје, кој сега е во функција на генерален директор на РЕК „Битола“.
„Кижевски често шета во РЕК ‘Битола’ со придружба на физичко обезбедување за на висок тон да сее страв меѓу вработените со закани за казнувања или бркања. Вработените се сомневаат дека тој однос е последица на неговата нестручност зашто моментниот проблем е немањето јаглен, а принудниот е електроинженер. Но, сега за битолчани остануваат неразјаснети многу прашања: зошто на генералниот директор на РЕК ‘Битола’, Златко Ќурчиевски, кој има над дваесетгодишно работно искуство во комбинатот, му е испратен принуден стручњак, кој никогаш нема работено во РЕК ‘Битола’ и е кадар на РЕК ‘Осломеј’ ,кој не работи повеќе години и секогаш работел полошо од РЕК ‘Битола’ и е пред затворање? Дали Кижевски е испратен од генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Васко Ковачевски, да го контролира Ќурчиевски како директор на РЕК ‘Битола’, како претседател на општинската организација на СДСM во Битола? Дали со присуството на Љубчо Кижевски во РЕК ‘Битола’ се подобри состојбата за производството или резултатот од неговата работа е повторно поплавен рудник, празна депонија и минимално производство на електрична енергија?
ВМРО-ДПМНЕ – Битола како конструктивна опозиција му предлага на генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Васко Ковачевски, поранешен пратеник на СДСM и поранешен претседател на општинската организација на СДСM во Битола, внатрепартиските борби да ги решава во рамките на партијата, а не преку работењето на АД ЕЛЕМ и РЕК ‘Битола’, каде што жртви се стабилноста на енергетскиот систем на државата, вработените и сите граѓани на Република Македонија. Ова ќе го постигне само ако си поднесе оставка на сегашната функција од причина неспособност и комплетно да си се посвети на својата политичка кариера, која изгледа дека е на залезот, а со тоа и на РЕК ‘Битола’ ќе му обезбеди барем посветла и подобра иднина“, изјави тој.
Економија
Цените на бензините остануваат исти, дизелот поевтинува

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95, еуросупер БС-98 како и малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што се утврдени со одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.01.2021 година, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) се намалува за 0,50 денар/литар и ќе изнесува 52,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,445 ден/кг и ќе изнесува 31,268 ден/кг.
Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС – 95 61,00 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупер БС -98 63,00 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 52,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 41,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 31,268 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 0,099%, дизелот има намалување за 1,215%, екстра лесното масло исто така има намалување од 1,321 %, додека кај мазутот има зголемување од 1,124% .
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,740%.
Од Регулаторната комисија за енергетика напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 26.1.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот