Економија
Пристигнати 691 апликација за четирите јавни огласи за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари

Пристигнати се вкупно 691 апликација на четирите јавни огласи за доделување под закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари кои ги распиша Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Вкупната површина која со овие четири јавни огласи беше ставена на располагање е 4.294 хектари распределени во 31 регион низ државата.
Намената на овие четири јавни огласи е за подигнување на долгогодишни насади и оранжерии за период до 30 години, подигнување на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигнување на маслинарници за период до 50 години, поставување на пчелни семејства за период до 15 години, ливади за период до 15 години, одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри за период до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности за рурален туризам до 30 години.
„Бележиме голем интерес кај земјоделците на сите мерки и огласи на МЗШВ. За таа цел, само преку распишаните седум јавни огласи на располагање на земјоделците и земјоделските стопанства ставивме вкупно 13.785 хектари земјоделско земјиштe со површини до и над 3 хектари, со намена за обработка на житни култури, подигнување на долгогодишни насади и производство на сточна храна“, информираат од МЗШВ.
Во тек се два јавни огласи за доделување под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари за подигнување на долгогодишни насади и за производство на сточна храна. Вкупната површина која со овие два јавни огласи се става на располагање изнесува 3.769 хектари. Рокот за аплицирање истекува на 21 јули, а огласите се достапни на следните линкови.
http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2688
http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2689
Целта на Министерство е секоја слободна и обработлива педа земја да биде дадена на земјоделците и ставена во функција за производство на храна. Исто така, МЗШВ разгледува и модел како слободното приватно земјоделско земјиште кое не се обработува да биде ставено во функција за обработка и производство на храна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.