Економија
Проблемот е решен – македонските вина ќе може да се промовираат во Хрватска
Македонските вина ќе може да се промовираат во Хрватска со нивните географски називи. Проблемот со пласманот кој неодамна се појави поради спорните одредби од новиот закон за вино на Хрватска, кои имаа рестриктивен карактер кон вината по потекло од Северна Македонија, преку комуникација со хрватските власти успешно е надминат, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Од таму појаснуваат дека одредбите не биле во согласност со Регулативата 1308/2013, која е облигаторна за Хрватска како земја членка на ЕУ, ниту со дополнителниот протокол за вино помеѓу РСМ и ЕУ како основен документ што целосно ги регулира односите меѓу РСМ и ЕУ од аспект на виното. Во решавањето и надминувањето на проблемот учествувале и претставници на Европската комисија.
„Најзасегнати од овој проблем беа винарските визби кои извезуваат вино во Република Хрватска. Имено, ним им беше забрането во која било форма да го рекламираат и промовираат виното од РС Македонија сo неговите географски називи. Ваквите рестрикции ќе предизвикаа намалување на продажбата во маркетите, кои постоеше реална опасност да престанат да го набавуваат македонското вино“, соопшти МЗШВ.
Сега вината по потекло од Северна Македонија ќе може да се рекламираат и промовираат во Хрватска. Ова е од големо значeње за винарските визби бидејќи Хрватска е втора извозна дестинација за вино во шише од Македонија.
„Со брзо надминување на проблемот винарските визби повторно го нормализираа своето работење, односно продажбата на вина на пазарот во Хрватска пред почетокот на летната туристичка сезона кога има и најголема побарувачка за вино“, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

