Економија
„Проект Робин Худ“ – македонски стартап кој разви вештачка интелигенција
Експоненцијалниот раст на технолошки иновации во последните декади редовно го обликува општеството, придонесувајќи во промените во секојдневниот живот, па се до клучни иновации во глобалната економија, овозможувајќи моќта да се промени светот да биде кај секого.
Можеби звучи неверојатно, но и Македонија е дел од еден ваков подвиг, па така новиот македонски стартап “Проект Робин Худ” во соработка со швајцарската Финтек Компанија MW Finance, разви вештачка интелегенција која во текот на наредните години ќе помогне во зголемувањето на растот на глобалниот стандард на живеење, притоа распоредувајќи големи количества на средства низ добротворни организации и истражувачки институти.
Го прашавме основачот на Проект Робин Худ, Диме Галапчев, во кратки зборови да објасни што е нивниот продукт.
„Проектот Робин Худ на некој начин е целосно ликвидно инвестиционо решение овозможено од вештачка интелегенција, која што при отварање на стотици микро трговии на светската девизна берза прави конзистентни профити, од кои дел автоматски се распоредуваат низ добротворни организации одбрани од корисникот, и сето тоа компактно овозможено преку една едноставна за користење мобилна апликација која ќе биде достапна за сите.” објаснува Галапчев.
Според него, корисниците ќе можат во секој момент да додадат или извадат пари во/од нивната Робин Худ сметка, од која што вештачката интелегенција наречена “Квантен Скалпер” автоматски ги превзема средствата за да работи со нив, секојдневно зголемувајќи ја нивната вредност без разлика на тоа што се случува со глобалната економија.
За тоа на кој начин работи вештачката интелегенција го прашавме нејзиниот креатор, Лорент Давид, белгиски иноватор кој во последните 10 години беше клучен дел од развивањето на нови технологии не само во секторот на финансии, туку и во здраствениот сектор, како и во растечката блокчеин технологија која што веќе активно го освојува светот
„Квантниот Скалпер користи парови од 8те главни валути (USD, CAD, GBP, EUR, CHF, AUD, NZD, JPY). Покрај тоа што се најстабилните валути во глобалната економија, тие исто така доаѓаат од држави кои имаат доволен број на јавни информации кои се користат за успешно анализирање и предвидување на кратки движења помеѓу валутите набројани горе,” вели Лорент.
„Нашиот систем е насочен само кон отварање на многу мали позиции на дневна база, со тоа ефективно го намалува долготраењето на една трговија и ова ни дозволува да ги искористиме сите движења на пазарот наместо да се обидуваме некои да ги избегнеме,” додаде тој.
Иако деталната стратегија е доверлива, тимот позади Проектот Робин Худ сепак сподели одредени детали.
“Системот е автоматски прилагоден на карактеристиките на однесување на паровите, врз основа на нестабилноста на парот како и природата на движење. Нашиот систем е секогаш подготвен со план Б , бидејќи веруваме дека со алгоритамското тргување, управувањето со трговијата е 90% од победничката стратегија.”
Околу тоа како вештачката интелегенција донесува одлуки што и кога да купе/продаде, иноваторите велат дека системот е постојано поврзан со светската берза.
“Системот ја следи целата светска берза и нејзините движења, постојано прилагодувајќи и еволуирајќи. Тој е постојано поврзан со различни институции и организации од кои се собираат во живо податоци за економските настани што ги движат цените, ова вклучува податоци од Светска банка, национални статистички институции, интернационални банки, влади, невладини, медиуми, тинктенкови, и др.”
Како дел од процесот за менаџирање на ризикот, иноваторите позади Проектот Робин Худ исто така развија 5 различни вештачки интелегенции кои што се обучувани на различни бази на податоци со различни стратегии и алгоритми. Овие други системи се постојано подготвени доколку примарниот ситем не работи според стандардите, другите да ја превземаат контролата со многу побезбедна и стабилна стратегија, но поради тоа месечните профити на резервните системи би биле помали за 3 до 5 пати.
Околу тоа кој е ризикот и како системот е тестиран, Галапчев посочи кон неутралната ревизорска компанија Myfxbook, која што двојно ги проверува сите податоци за тестирањето на нивите системи, кои исто така се потврдени од нив, како и од брокерската куќа.
Според Myfxbook главната ВИ, т.е. “Квантен Скалпер”, во последните 7 месеци на активност без никакви проблеми носи средна вредност од 20% месечно, со ризик фактор помал од 0.01% за да се загуби само 10% од балансот.
Како дел од целосната транспарентност што тимот на Робин Худ ја нуди, исто така се и дополнителени тестови кои кои преку симулација на светската девизна берза од 2010 до 2021 година докажаа дека системот е стабилен и конзистентен во своите резултати.
Според Галапчев, следната фаза е довршување на мобилната апликација која што на корисниците ќе им овозможи едноставен и брз пристап, кои исто така, додека ВИ ја зголемува вредноста на балансот, ќе можат да ги следат регистрираните непрофитни проекти, инволвирајќи се во нив и одлучувајќи каде и како дел од профитот би бил распределен.
За сите оние кои сега сакаат да го зголемат својот капитал, додека истовремено донираат и помагаат таму каде што тоа значи, Проектот Робин Худ е веќе активен. Но додека апликацијата е сеуште во изработка, корисниците ќе мора да се регистрираат преку нивниот партнер, наградуваната ECN брокерска куќа и провајдер на брокерски софтвери од Сингапур, Lirunex, кој нуди еден од најдобрите услови за висок трговски обем за клиенти од целиот свет. Нивниот широк спектар на лиценци и регулативи заедно со нивната напредна платформа и софтвер за управување со пари создаваат најдобра средина за вештачката интелегенција да ги обезбеди очекуваните резултати.
Од страна на очекувања, и Галапчев и Давидс како претпазливост препорачуваат корисниците да очекуваат пораст на личниот капитал од околу 5% месечено, без разлика тоа што сите тестирања и активни резултати укажуваат дека ако се задржи трендот, корисникот може да очекува до 10% месечно, или во други зборови, дуплирање на капиталот во рок од една година.
За следните фази на развој, тимот позади Проектот Робин Худ отвара јавен повик за сите заинтересирани што сакат да се вклучат во овој потфат, од инвеститори, до девелопери, дизајнери, како и најважното, невладини, непрофитни, истражувачки, и други добротворни организации кои имаат потреба од стабилно финансирање без да бидат товар на своите донатори.
Сите заинтересирани можат да го посетат нивниот прелиминарен сајт, www.robinthehood.net, или да испратат мејл на [email protected].
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ТИТАН Усје: Работиме согласно сите закони, емисиите се мерат 24 часа со независен мониторинг – нема надминувања на лимитите
ТИТАН Усје соопшти дека повеќе од 70 години работи како одговорна компанија во земјата, придонесувајќи за националниот развој, локалната економија и снабдувањето со основни материјали за клучни инфраструктурни објекти, меѓу кои болници, брани, патна и јавна инфраструктура.
Од компанијата наведуваат дека грижата за животната средина е нивна основна вредност и дека ја следат јавната дебата поврзана со квалитетот на воздухот и заштитата на животната средина, давајќи, како што велат, транспарентен придонес кон решавање на овие прашања.
„Работиме целосно во согласност со сите важечки закони, подзаконски акти и барањата на нашата А – Интегрирана еколошка дозвола – честопати применувајќи внатрешни стандарди кои се и построги од законските обврски. Нашите емисии континуирано се мерат преку 24-часовен независен мониторинг, со податоци јавно достапни и редовно доставувани до надлежните органи и до медиумите. Редовните и ненајавените инспекции од страна на надлежните тела не констатираат никакви надминувања на законските лимити“, велат од ТИТАН Усје.
Како членка на Групацијата ТИТАН, компанијата информира дека ги следи меѓународно признатите практики и ESG стандарди, со долгорочна посветеност на заштитата на животната средина, вклучувањето на заедницата и современото корпоративно управување.
Во изминатите 15 години, ТИТАН Усје инвестирала повеќе од 29 милиони евра во одржливо производство и еколошки технологии, а дополнителни три милиони евра се планирани до 2029 година.
Од компанијата посочуваат дека нивни приоритети остануваат партнерствата, благосостојбата на вработените и континуираната поддршка на заедницата.
Економија
ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици
Финансиски резултати за 4-тиот квартал / 12 месеци од 2025 година

*Прилагодена за ефектот на вреднување на залихите
ОКТА АД – Скопје Годишни резултати за 2025 година
Во 2025 година, глобалниот пазар на деривати беше обликуван од геополитичка несигурност и еволуирачки енергетски политики, што резултираше со повремена нестабилност на цените. Ризиците по снабдувањето поврзани со регионалните конфликти и нестабилните трговски рути беа делумно компензирани со зголемено производство од главните извозници, ублажувајќи ги ценовните притисоци во споредба со 2024 година. Намалената индустриска активност на клучните пазари го ограничи растот на побарувачката и придонесе за стабилизација на цените во втората половина од годината.
Во Југоисточна Европа, геополитичките случувања и регулаторните промени продолжија да влијаат врз пазарните услови. Во Северна Македонија, воведувањето на новиот Закон за енергетика во средината на 2025 година и тековните регулаторни прилагодувања влијаеја врз динамиката на цените и конкуренцијата. По благиот пад во 2024 година, локалниот пазар покажа знаци на закрепнување во текот на 2025 година.
Во овие услови, ОКТА успешно се справи со регионалните флуктуации во снабдувањето и силните притисоци од конкуренцијата како на домашниот така и на извозниот пазар. Компанијата ја задржа својата утврдена водечка позиција во големопродажбата, додека структурата на малопродажниот пазар остана во голема мера непроменета. Во текот на целата година, ОКТА се фокусираше на дисциплинирано комерцијално извршување, разумно управување со маржите и насочени, стратешки иницијативи.
Финансиски остварувања
Приходите од продажба за фискалната 2025 година изнесуваа 38.492 милиони денари, во споредба со 44.263 милиони денари во 2024 година, првенствено поради пониските меѓународни цени на горивата и намалениот обем на извоз. Во четвртиот квартал од 2025 година, приходите од продажба се зголемија за 5% на годишно ниво на 10.179 милиони денари.
Бруто добивката порасна на 1.324 милиони денари во фискалната 2025 година од 1.169 милиони денари во претходната година, поткрепена од поголемата домашна продажба, зголемените испораки кон Државните резерви и зголемено тргување со електрична енергија. ЕБИТДА достигна 652 милиони денари, во споредба со 501 милион денари во 2024 година, што одразува поголем домашен обем, намалена изложеност на нестабилност на цените и поголема продажба на електрична енергија. ЕБИТДА во четвртиот квартал од 2025 година изнесуваше 139 милиони денари, што е намалување од 16% на годишно ниво, главно предизвикано од нестабилноста на цените на горивата и пониските маржи на електричната енергија.
Добивката пред оданочување во фискалната 2025 година значително се зголеми на 667 милиони денари, во споредба со 238 милиони денари во 2024 година. Покрај подобрените оперативни остварувања, резултатот е одраз и на помала амортизација по еднократната забрзана амортизација во 2024 година, предвидениот поврат на Данокот на солидарност од 50 милиони денари платен во 2023 година и оптимизирано управување со готовината. Во четвртиот квартал од 2025 година, добивката пред оданочување изнесуваше 177 милиони денари во споредба со 87 милиони денари во четвртиот квартал од 2024 година.
Оперативните трошоци останаа генерално стабилни на годишно ниво. Во 2025 година компанијата продолжи да работи без долг, во континуитет со претходните години. На 29 мај 2025 година, Собранието на акционери одобри распределба на дивиденда од 182,8 милиони денари, што е еднакво на 240,00 денари по акција.
Стратегија и перспектива
ОКТА ја заврши 2025 година со пазарен удел од 67% во Северна Македонија и 29% во Косово, надминувајќи ги планираните цели за профитабилност. Компанијата останува посветена на зајакнувањето на својата лидерска позиција на пазарот, оптимално користење на продуктоводот Солун – Скопје и складишната инфраструктура, како и обезбедување долгорочна сигурност во снабдувањето.
ОКТА продолжува да ја развива својата стратегија за диверзификација, при што значајно вложува и во обновливи извори на енергија. Во текот на годината, компанијата инвестираше 63 милиони денари во проекти од оваа област и се фокусира на максимално искористување на инсталираниот соларен капацитет од 12 мегавати како и идниот систем за батериско складирање. Плановите вклучуваат понатамошно проширување на фотоволтаичните системи и решенијата за складирање.
Корпоративна оштествена одговорност
Во четвртиот квартал, ОКТА дополнително ја зацврсти својата стратешка посветеност кон одржливоста, проширувајќи ги донациите на кровни фотоволтаични системи за образовни институции во Скопје, Битола и Штип. Овие инвестиции ја подржуваат националната цел за зголемување на енергетската ефикасност и обезбедуваат мерливи еколошки продобивки преку значително намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Дополнително, компанијата спроведе иницијатива за општествена одговорност кон животната средина, организирајќи акција за пошумување во Националниот парк Јасен, во склоп на тим-билдинг програмата.
Паралелно со овие иницијативи, ОКТА продолжи да го негува и промовира националното културно наследство преку поддршка на реномираните културни фестивали и продлабочена соработка со релевантните културни институции во земјата. Годината ја заокружи со засилен фокус на вклучувањето на заедницата, акцентирајќи ја поддршката за образованието и ранливите групи преку целни донации и општествени иницијативи. За да го сподели напредокот на транспарентен начин и да ја зајакне својата улога како одговорен корпоративен лидер, ОКТА одржа брифинг за медиумите на кој ги претстави клучните достигнувања во текот на годината.
ПР
Економија
Народна банка: Макроекономските движења се во рамките на проекциите
Советот на Народната банка, на редовната седница одржана во февруари, ги разгледа најновите макроекономски показатели и Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во четвртиот квартал на 2025 година.
Според Информацијата за најновите макроекономски показатели, и натаму преовладуваат оцените за стабилен светски економски раст за периодот 2025 – 2027 година, но ризиците се надолни и главно произлегуваат од трговските и од геополитичките тензии.
„Во домашната економија, најновите показатели главно се во согласност со проекциите. Во третиот квартал од 2025 година, реалниот раст на БДП изнесува 3,8% и е малку над очекувањата, а расположливите високофреквентни податоци упатуваат на раст и во текот на четвртиот квартал. Просечната стапка на инфлација, во 2025 година, изнесува 4,1% и е близу до проекциите. Во јануари 2026 година, девизните резерви забележаа раст и се на ниво коешто, согласно прифатените меѓународни стандарди, е соодветно за одржување на стабилноста на девизниот курс. Податоците од монетарниот сектор покажуваат годишен раст на депозитите од 10% и на кредитите од 13%, во декември 2025 година, што е умерено над проекциите за крајот на годината“, соопшти НБРМ.
Според Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви, во четвртиот квартал од 2025 година, девизните резерви се зголемиле и на крајот на декември достигнале 4.925 милиони евра. Во согласност со инвестициската поставеност, околу 74,2% од девизните резерви се вложени во должнички хартии од вредност, главно во државни обврзници издадени од земји членки на еврозоната, по што следуваат монетарното злато (16,5%) и депозитите и паричните средства (9,3%).
„Сигурноста и ликвидноста во управувањето со девизните резерви се обезбедуваа преку пласмани во финансиски инструменти со висок кредитен рејтинг коишто овозможуваат брза достапност до ликвидни средства, а условите на меѓународните финансиски пазари и внимателниот и врамнотежен пристап кон инвестирањето придонесоа за поволни финансиски остварувања во 2025 година“, се наведува во соопштението од Народната банка.

