Контакт

Економија

РКЕ: Приклучокот за парно се намалува 37 отсто

Објавено пред

37 отсто се намалува надоместокот за приклучување на системот за дистрибуција на топлинска енергија – ова е една од главните измени во мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија, кои ги одобри Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Клучната цел е да се поттикне што поголем број новоизградени објекти да се приклучуваат кон системот за дистрибуција на топлинска енергија.

„Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се одобруваат мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија подготвени од дистрибутерот, со што практично се намалува надоместокот за приклучување кон системот на топлинска енергија од 3.185 ден./kW на 2.000 ден./kW. Со оглед на фактот дека претходно е намален и трошокот за приклучување на електрична енергија од 30.255 денари на 22.745 денари, очекувам инвеститорите на новите згради овој тренд на намалување да го пресликаат соодветно при формирањето на цената за квадратен метар. Пониската давачката за приклучок за греење на градското парно треба да биде мотив за инвеститорите да бидат поконкурентни во цените и да покажеме заеднички дека имаме цел греењето да се префли кон еколошките енергенти. Овие чекори се само увертира кон крајната цел, а тоа е градот да биде мапиран прецизно каде ќе се грее на електрична енергија, топлинска енергија и природен гас“, изјави Марко Бислмоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Во измените е предвидено посебните технички услови за проектирање, изведба и одржување на системот за дистрибуција, што досега го носеше самостојно операторот и го објавуваше на својата веб-страница, дополнително да биде одобрен од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

„Во следниот период сите нови објекти што ќе се приклучуваат на системот за топлинска енергија е потребно да имаат вградено уреди за локално распределување на топлинската енергија. Оваа можност да се има регулација колку е потрошена топлинска енергија соодветно на потребите на станарите објектите ќе ги направи поатрактивни од економски и еколошки аспект“, посочи Бислимоски.

Економија

Владата се задолжи со 160 милиони евра со цел да се надминат последиците од корона-кризата

Објавено пред

На денешната седница, Владата ја донесе Уредбата со законска сила за задолжување на земјава кај Европската Унија со цел справување со последиците предизвикани од пандемијата на коронавирусот за време на вонредна состојба.

Со инструментот на ЕУ за макро-финансиска поддршка за справување со последиците предизвикани од пандемијата, на Северна Македонија и се одобрени 160 милиони евра за враќањето на одржлива надворешна финансиска состојба и за поттикнување на економските прилагодувања, информираат од владината прес-служба.

Прикажи повеќе...

Економија

Шпанската влада месечно ќе им дава по 462 евра на најсиромашните граѓани

Објавено пред

Шпанската влада усвои декрет со кој се воведува основен месечен приход од 462 евра за најсиромашните граѓани, дополнително загрозени од пандемијата на коронавирус.

Право на приход ќе имаат граѓаните на возраст од 23 до 65 години чијашто имотна вредност не надминува 16.614 евра кога од неа ќе се исклучат недвижнините и кредитите со намалени каматни стапки.

Минималниот приход ќе се зголеми со бројот на членовите на семејството, до максимум 1.015 евра месечно, а програмата ќе вклучува и иницијативи за наоѓање на редовна работа, рече на прес-конференција вицепремиерот Пабло Иглесијас.

Програмата треба да опфати околу 2,3 милиони граѓани, а Владата за исплата на приходот ќе издвојува три милијарди евра годишно.

Шпанија, со повеќе од 27.000 смртни случаи, е меѓу земјите кои епидемијата на коровирус ги погоди особено тешко.

Прикажи повеќе...

Економија

Царовска: Угостителите и граѓаните да го почитуваат протоколот

Објавено пред

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, денес, апелира до угостителите и до граѓаните да го почитуваат протоколот со кој се дозволува примање гости во кафулињата и рестораните во услови на коронавирусот. Вицепремиерката изјави дека инспекторите се на терен и секаде каде што ќе утврдат неправилности, тие ќе бидат санкционирани.

„Би сакала да апелирам до сите угостители да ги почитуваат протоколите, првенствено поради самите себе, но и поради здравјето на граѓаните и здравјето на нивните семејства и нивните деца. Важно е дека со секоја наша постапка денес, а и во наредниот период, треба да покажеме свесност и насочување кон новото живеење. Токму тие протоколи се начинот на кој ќе треба да постапуваме и да се однесуваме во наредниот период сè со цел, од една страна, економијата да се одржува во континуитет, но, од друга, да го заштитиме здравјето на граѓаните. Инспекторите се на терен, во текот на вчерашниот ден укажуваа, едукативно дејствуваа кај сите угостители. Секако дека тие што нема да ги почитуваат, во согласност со законот, инспекторите ќе постапат кон поригорозни мерки“, изјави Царовска.

Таа рече дека е важно овој апел за почитување на протоколот да стигне и до граѓаните бидејќи секој од нас е одговорен и за своето здравје, но и за здравјето на своето семејство и на нашите заедници.

„Ако ги почитуваме мерките и протоколите, ќе придонесеме кон тоа оваа успешна приказна што ја имавме како држава во справување со коронавирусот да продолжи и понатаму и со тоа да покажеме дека сме зрели да се справиме со сите предизвици“, рече Царовска.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

Трамп и официјално соопшти: САД ги прекинуваат сите врски со СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа објави дека Соединетите држави ги прекинуваат сите врски со СЗО. Тој...

Македонија14 часа

Над половина од новозаразените во Скопје се од Сарај, Бутел и Чаир

Шест лица од денешните 26 случаи на Ковид-19 регистрирани во главниот град се од општина Сарај, покажуваат статистиките на Министерството...

Регион15 часа

Вратите за македонските туристи во Грција отворени од 15 јуни, тестови за корона ќе се прават по случаен избор

Грција од 15 јуни ќе ги отвори своите врати за туристи од 29 земји, објави денеска министерот за туризам, Хари...

Македонија16 часа

(Видео) Пауновски: Некои угостители ги понижуваа инспекторите, се однесуваат како да нема вирус

Одредени угостители со понижување се однесувале кон инспекторите од Пазарниот инспекторат велејќи им: „Едуцирајте нè и напуштете го локалот“, посочи...

Македонија17 часа

Филипче: Да знаевме дека нема да се почитуваат мерките, немаше да дадеме препорака за отворање на кафеаните

По објавата на фотографиите од скопски кафеани, каде што, наместо почитување на препораките, се правеле забави, без одржување дистанца, без...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче: Мерките не се почитуваат, можен е карантин во некои општини

Новозаболените од коронавирусот се резултат на непочитувањето на мерките, вели министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека има информации...

Македонија18 часа

Загинувањето на планинарите на Кајмакчалан било несреќа, отфрлена кривичната пријава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање кривична пријава против водичот на планинарската тура, во која пред 2 години...

Македонија18 часа

Потврдени 52 нови случаја на заразени, починаа 4 лица

Денеска, потврдени се 52 нови случаја на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се 4 лица, информира Министерството за...

Македонија18 часа

Се бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на кожната клиника

Скопското Обвинителство денеска до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија,...

Економија19 часа

(Видео) ФИТР објави повик за финансиска помош, фирмите со добивка ќе треба да ги вратат парите

Речиси 150 домашни микро, мали и средни компании имаат можност да добијат поддршка за брзо приспособување на последиците од Ковид-19...

Македонија19 часа

(Видео) Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја

Два авиона на американското воено воздухопловство, придружувани од четири воени авиона на Грција, околу 11 часот извршија прелет над територијата...

Македонија19 часа

Бугарија го укинува задолжителниот карантин за патниците од Македонија од 1 јуни

Бугарија планира од 1 јуни да го укине задолжителниот 14-дневен карантин за патниците од Македонија и од повеќето земји на...

Свет20 часа

Нов Зеланд има само еден активен случај на коронавирус

Седум дена по ред Нов Зеланд не потврди ниту еден нов случај на коронавирус. Здравствените власти соопштија дека во моментот...

Свет22 часа

(Видео) Немири во Минеаполис поради смртта на црнецот, запалена полициската станица, прогласена вонредна состојба

Демонстрантите влегоа во полициската станица во Минеаполис, предизвикаа пожари и уништија сè што им се нјаде на патот во текот...

Регион22 часа

Хрватска го објави протоколот за свадби – најмногу 150 гости, на подиумот да се држи растојание од два метра

Хрватскиот завод за јавно здравје објави детаљни препораки за одржување свадби, кои од неодамна повторно се дозволени во Хрватска. Некои...

Свет23 часа

Кина се закани со напад на Тајван

Кина ќе го нападне Тајван ако нема друг начин да се спречи неговата независност, предупреди еден од главните кинески генерали,...

Европа23 часа

Идејата за имунитет на стадото во Британија не успеа

Речиси седум проценти од луѓето во британската покраина Англија биле инфицирани со коронавирус, покажале резултатите од тестот на антитела на...

Свет23 часа

Итна седница на ОН за спорниот закон за безбедност за Хонгконг што го донесе Кина

САД и Велика Британија побараа седница на Советот за бесбедност на ОН за спорниот закон за безбедност, кој Кина го...

Македонија23 часа

Македонија додадена на листата на земји чии граѓани може да патуваат во Црна Гора

Националното координативно тело на Црна Гора, синоќа, по предлог на Институтот за јавно здравје, одлучи дека од 1 јуни ќе...

Македонија2 дена

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Досие