Контакт

Економија

СДСМ: Инфлацијата се намали на 6,6 отсто, мерките и политиките даваат резултат

Објавено пред

„Мерките и политиките на СДСМ за намалување на трошоците на животот и опаѓање на инфлацијата даваат резултати.

dobivaj vesti na viber

Инфлацијата во септември 2023, според официјалните податоци се намали на 6,6 проценти, што се должи на мерките преземени од Владата предводена од СДСМ во изминатиот период.

Ова е најниска стапка на инфлација во последните 20 месеци, откако стапката поттикната од војната во Украина, енергетската криза и нарушените синџири на снабдување ја достигна највисоката вредност од 19,8 отсто во октомври лани.

Инфлацијата 11 последователни месеци има тренд на опаѓање, кој ќе продолжи до крајот на годината, кога се очекува да се спушти под 5 отсто, а наредната година да се врати на стапките од 2-3 проценти, како пред кризата.

СДСМ, како одговорна партија продолжува со грижа за сите граѓани, продолжува да презема конкретни мерки и чекори што значат заштита и унапредување на животниот стандард“.

Соопштение на СДСМ



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Муцунски во Виена најави унапредување на соработката: „Австрија е нашиот најголем инвеститор“

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес, престојува во прва работна посета на Австрија, во чии рамки оствари средба со сојузниот министер за европски и надворешни работи, Александер Шаленберг.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа одличните билатерални односи и високото ниво на политичка и економска соработка. На средбата, министрите ја поздравија развиената секторска соработка со заемни заложби за отворање нови поглавја за унапредување на релациите во полињата кои се од интерес на двете страни. Во тој контекст, Муцунски иницираше засилување на културната соработка, што ќе придонесе за промоција и подигнување на видливоста на Северна Македонија.

Посебен фокус беше ставен на економската соработка, со акцент на странските инвестиции. Во таа насока министерот Муцунски ги спомена растечките заложби на новата влада, за создавање позитивна бизнис клима и креирање услови за привлекување нови странски инвестиции.

„Австрија е наш најголем инвеститор, долгогодишен и докажан партнер во полето на економијата. Посветени сме на понатамошно поттикнување и привлекување нови австриски инвестиции, каде веќе бележиме континуиран позитивен тренд. Продлабочувањето на економските и трговски врски дополнително ќе ја зајакнат одличната соработка и на политички план”, истакна Муцунски.

Воедно, министерот го реафримира нашиот стремеж за искористување на добрите трговски практики на австриската Федерална економска комора за промоција на трговија, со активирање на канцеларијата во Скопје, која би послужила како катализатор на севкупната билатерална трговска размена, а исто така ќе поттикне инвестицискиот бран и ќе го подобри усогласувањето и постигнувањето на инвестициските цели како и промовирање на одржливи, долгорочни придобивки за двете земји.

Министерот Шаленберг изрази задоволство од одличните билатерални односи, истакнувајќи дека Северна Македонија има широко отворени врати за економска и културна соработка. Дополнително изрази силна поддршка за земјите од Западен Балкан и нивните евроинтегративни процеси.

Соговорниците ја потенцирана и клучната улога на Австрија во регионот на Западниот Балкан и нејзината континуирана поддршка на процесот на интеграција на нашата земја во Европската унија, како билатерално, така и преку регионалните инструменти како што е групата “Пријатели на Западен Балкан“, трилатералната иницијатива на Славков формaт, Централната европска група Ц-5, а во чии рамки Австрија е водечка земја.

“Високо ја цениме силната австриска поддршка за евроинтегративниот процес на нашата земја и регионот како целина. Владата веќе посветено работи на реформските процеси кои несомнено ќе резултираат со напредок на овој пат. Нашето членство во Европската унија нема алтернатива и оттука потребен ни е проактивен пристап во делот на евроинтеграцијата, што ќе ја направи земјава фактор за стабилност во регионот”, порача Муцунски.

Прикажи повеќе...

Економија

НБРМ: Одржана редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика, основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 проценти

Објавено пред

Вчера се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика, информираат од НБРМ.

dobivaj vesti na viber

На седницата беше оценето дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата. Со тоа, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари. И натаму се очекува дека тековното ниво на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и за задржување на стабилноста на девизниот курс. Воедно, последните промени во инструментот задолжителна резерва коишто се применуваат од јуни 2024 година, ќе придонесат за дополнителна поддршка на тековната поставеност на монетарната политика.

Во услови на стабилен девизен пазар, главниот акцент при носењето на одлуката за задржување на тековната поставеност на монетарната политика беше ставен на потребата од стабилизирање на инфлацијата и на инфлациските очекувања на потрајна основа, имајќи ги предвид присутните ризици поврзани со домашните фактори и геополитичките тензии. Годишната стапка на инфлација во јуни позначително забави, пред сѐ во делот на прехранбената и базичната компонента и изнесува 3,2%. Во однос на цените на примарните производи на берзите, најновите прогнози се ревидирани умерено надолу, но тие и натаму се доста променливи, а нестабилниот геополитички контекст и климатските фактори и натаму создаваат неизвесност и ризици за следниот период. Оттука, беше оценето дека е потребна натамошна претпазливост при водењето на монетарната политика. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), на последната седница во јули беше донесена одлука за задржување на истите основни каматни стапки (по намалувањето за 0,25 п.п. во јуни), со што и натаму се задржува затегнатоста и претпазливиот карактер на монетарната политика.

Состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на јуни изнесува 4.337,5 милиони евра, што е соодветно за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Движењата на девизниот пазар и натаму се поволни и придонесуваат за интервенции со нето-откуп на девизи од страна на Народната банка од почетокот на годината, при солиден прилив на девизи и на менувачкиот пазар. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во април и мај 2024 година е во согласност со очекувањата од априлскиот циклус проекции. Остварувањата на менувачкиот пазар во вториот квартал се малку пониски од проектираните нето-приливи од приватните трансфери.

Економскиот раст во првиот квартал на 2024 година малку забрза, во согласност со проекциите на Народната банка, но поумерено од очекуваното. Реалниот раст на домашната економија изнесува 1,2% на годишна основа, при натамошен раст и на квартална основа. Високофреквентните податоци за вториот квартал од 2024 година со кои се располага засега упатуваат на натамошно забрзување на растот под влијание на остварувањата во услужниот сектор, што е во согласност и со проекциите за вториот квартал. Така, градежништвото оствари значително повисок реален годишен раст, а мало засилување на реалната стапка на раст е забележана и кај угостителството и туризмот. Покрај тоа, и прометот во трговијата бележи значително послаб реален пад на годишна основа, меѓутоа падот кај индустриското производство се продлабочува. Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие и натаму постојат и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, но и со интензитетот на остварувањето на домашните инфраструктурни проекти.

Во монетарниот сектор, депозитниот потенцијал на банките во јуни 2024 година расте со солидна стапка, но под очекувањата, а растот на кредитната активност е малку над очекувањата. Притоа, денарското штедење и штедењето на долг рок бележат раст и во јуни, поддржан и од мерките на Народната банка.

Општо земено, најновите остварувања кај клучните макроекономски показатели засега се близу до очекувањата од последните проекции. Сепак е потребно внимателно следење на ризиците од надворешното окружување и на домашните фактори кај инфлацијата, односно понатамошна претпазливост во водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок, велат од НБРМ.

Прикажи повеќе...

Економија

Потпишан договор за заем од 26,4 милиони евра од ЕБОР за зајакнување на електропреносната мрежа

Објавено пред

Во Владата денеска е потпишан договор за заем од 26,4 милиони евра помеѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и македонскиот електропреносен систем оператор АД МЕПСО наменети за зајакнување на преносната мрежа. Потпис на договорот ставија претседателката на ЕБОР, Одил Рене Басо, и генералниот директор на АД МЕПСО, Зухди Енуз.

dobivaj vesti na viber

На потпишувањето во Владата присуствуваа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и евроамбасадорот, Дејвид Гир.

„Ми претставува особено задоволство што денеска се создаваат предуслови за реализација на капитален енергетски проект во делот на домашната електропреносна мрежа. Станува збор за реконструкција на 110-киловолтниот далновод Валандово – Струмица и изградба на нова трафостаница 400/100 кв во селото Милетково, во близина на Гевгелија. Реализацијата на овој проект ќе овозможи дополнително зајакнување на преносната мрежа на АД МЕПСО во југоисточниот дел од земјата. Во редот на придобивките би сакала да го истакнам и значителното намалување на загубите на електрична енергија и зајакнување на стабилноста и доверливоста на мрежата што директно ќе придонесе за квалитетна интеграција на дополнителен број електрани од обновливи извори на енергија на мрежата на македонскиот електропреносен оператор. Овој проект е дел од зелената транзиција на македонската енергетика затоа што, освен намалување на загубите на електрична енергија, зајакнатата преносна инфраструктура ќе овозможи да се приклучат околу 1.170 MW дополнителни обновливи извори, кои во моментот не се во функција поради ограничениот капацитет на локалната електропреносна мрежа“, изјави Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини по потпишувањето на договорот за заем.

„Проектот е значаен за преносната мрежа на АД МЕПСО затоа што ќе влијае на намалување на загубите на електрична енергија за речиси 14,5 GWh, како и на намалување на емисиите на јаглероден диоксид за 8.158 тони годишно. Дополнително, проектот вклучува поддршка за развој на главен план за кој ќе ги идентификува клучните инвестиции во мрежата потребни за распоредување нови обновливи извори и ќе обезбеди непречено преминување кон зелена енергија“, рече претседателката на ЕБОР, Одил Рене Басо.

„Инвестирањето во далноводи и воведувањето паметни мрежи е клучен политички потфат во Северна Македонија имајќи предвид дека мрежата во земјата е генерално застарена и е потребна нејзина замена. Несомнено, обновата на мрежата ќе наиде на поддршка кај бизнис-секторот, кој ќе биде поттикнат да инвестира во обновливи извори на енергија“, истакна евроамбасадорот Дејдвид Гир.

Проектот ќе биде заокружен со развој на центар за обука на електропреносни оператори во југозападниот дел од нашата земја, практично регион што е најмногу засегнат од транзицијата на земјата кон зелена транзиција.

Вкупната вредност на проектот изнесува 34,7 милиони евра. Од нив, 26,4 милиони евра ќе бидат кредит за АД МЕПСО од ЕБОР, околу 7,6 милиони евра се грант од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан и уште половина милион евра се обезбедени преку Климатскиот инвестициски фонд за забрзување на транзицијата од јаглен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

„Нема повеќе евтина храна на државна сметка“ – 50 отсто зголемени цените во владините објекти

Зголемување на цените на угостителските услуги во владините објекти за педесет отсто најави директорот на Службата за општи и заеднички...

Македонија3 часа

Филипче вели дека згрешиле со измените на Кривичниот законик, на Владата ѝ предложи да донесе нов што им бил изготвен пред шест години

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека претходната влада згрешила што ги донела измените на Кривичниот законик, со кој застаруваат...

Македонија3 часа

Таравари и со скратен буџет ќе ги вработува оние со договор на дело: Ќе најдеме решение и тие до крајот на годината да бидат редовно вработени

По одлуките за вработување на специјализантите и дополнувањето на позитивната листа на лекови, кои министерот за здравство, Арбен Таравари, ги...

Македонија4 часа

Гром предизивка пожар во општина Старо Нагоричане

Гром предизвикал пожар на сува трева и шума во село Бајловце, општина Старо Нагоричане, информираа од регионалниот центар за управување...

Топ5 часа

Пронајдено женско тело во десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“

Тело на женско лице рано утрово е пронајдено на заштитната решетка од десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“, на влезот...

Македонија6 часа

ОЈО Скопје ќе предложи спојување на постапките за обвинетите за грабнувањето и свирепото убиство на две лица

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје достави известување за завршена истрага до првоосомничениот за двојното грабнување и свирепо...

Свет7 часа

Трамп: Говорот на Бајден едвај разбирлив и многу лош, „расипаниот Џо“ и „лажливата Камала“ се срам за Америка

Републиканскиот претседателски кандидат, поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави дека првото обраќање на претседателот Џо Бајден до нацијата откако тој...

Свет7 часа

Бајден во обраќањето до нацијата: Палката ја оставам на помладите заради обединување

Американскиот претседател Џо Бајден и се обрати на нацијата за прв пат откако се откажа од трката за реизбор, ја...

Свет7 часа

Руски воен хеликоптер се урна во руската област Калуга, екипажот загина

Руски воен хеликоптер Ми-28 утрово се урна за време на редовен лет во регионот Калуга, а екипажот загина, соопшти руското...

Свет7 часа

Во пожар на аеродромот во Њујорк девет лица повредени, четворица хоспитализирани

Неколку лица се пренесени во болница откако избувна пожар на ескалатор на меѓународниот аеродром Џон Кенеди (ЏФК) во Њујорк, соопштија...

Свет7 часа

Во Кина над 150.000 луѓе севакуирани во пресрет на тајфунот Гаеми

Источната кинеска провинција Фуџијан евакуираше повеќе од 150.000 жители поради очекуваниот удар на тајфунот Гаеми, соопштија денеска властите. Суспендирани се...

Македонија17 часа

(Видео) Изгаснат пожарот во Ново Село

Хеликоптерот на МВР во 15 циклуси исфрли 22 тони вода, со што пожарот кај Ново Село е изгасен, објави Министерството....

Македонија19 часа

Сериозна загриженост за независноста на судството во Северна Македонија во извештајот на Европската комисија

Сериозна загриженост за независноста на судството во Северна Македонија изразува Европската комисија (ЕК) во годишниот извештај за владеење на правото....

Топ21 час

Разрешен директорот на затворот во Шуто Оризари, на негово место доаѓа Бобан Утковски

Владата го разреши Филип Андов кој досега директоруваше со Затворот Скопје во Шуто Оризари. Од Владата велат дека разрешувањето е по констатираните...

Македонија21 час

Владата донесе одлука за вработувања на 600 специјализанти во болниците

Владата на седница усвои информација за вработувања на 600 приватни специјализанти кои ќе работат во Јавните здравствени установи во државата....

Македонија1 ден

Тошковски: Ова што се случува во затворите е срам за Македонија, не може затвореник што наводно е во затвор да предизвика сообраќајна незгода

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, истакна дека во иднина нема да има недопирливи, без оглед на политичката или социјалната...

Топ1 ден

Битолчанец со месеци силувал 18-годишна девојка, ја уценувал со објава на интимни фотографии

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 25-годишник осомничен за кривично дело полов напад и силување од член 186 став...

Македонија1 ден

Во бегство 36-годишникот осомничен за обид за убиство на градоначалникот на Арачиново

Поради основано сомнение за кривично дело убиство oд член 123 став 2 точка 3, а во врска со член 19...

Македонија1 ден

Во овој момент немаме потреба од странска помош, успешно се справуваме со досегашните пожари, посочи Ангелов

„Потребна ни е длабока реформа на целиот систем на Центарот за управување со кризи за да се гаснат пожарите побргу...

Регион1 ден

Ден на жалост во Дарувар: на убиецот му се заканува максимална казна затвор од 50 години

Шест лица загинаа во Домот за стари и изнемоштени лица во Дарувар. На убиецот од Дарувар му се заканува максимална...