Економија
СДСМ: По рекордниот раст на просечната плата, расте и априлската минимална плата

По рекордниот раст на просечната плата од 8,1 процент, априлската минимална плата расте 3,3 проценти, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија.
Минималната бруто-плата од април оваа година, велат од СДСМ, се усогласува со Законот за минималната плата и се зголемува 3,3 проценрти.
„По рекордниот раст на просечната плата од 8,1 проценти, со ова усогласување и зголемување минималната плата ќе изнесува 17.943 денари, односно 12.507 денари во нето-износ. Минималната плата се усогласува со по една третина од порастот на просечно исплатената плата, трошоците на живот и домашниот бруто-производ. Растот на просечната плата во декември 2018 од 8,1 отсто е најголем раст на просечната плата во последните девет години. Просечната плата во декември 2018 година изнесувала 25.784, што се речиси 2.000 денари повеќе отколку во 2017 година“, истакнува СДСМ во соопштението.
Владејачката партија додава дека трендот на зголемувањето на платите продолжува и оваа година во сите сектори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Арсовска: Македонија ја нема на ранг листата на светски препознатливи брендови

Македонските брендови тешко се позиционираат, мала e застапеностa на нашите производи на глобалните пазари, a истото се должи генерално на непостоење национална стратегија за институционална поддршка за индивидуално јакнење на домашните брендови. Поддршката на македонските компании кои како двигател на стопанството имаат развиено квалитетни производи и услуги, преку вложување во развој и градење на силни брендови, позитивно ќе се одрази врз севкупниот раст на националната економија, но и на промоција на Македонија како земја на потекло на препознатливи бренд производи.
Согласно анализата на британската Brand Finance за 2019 година во топ 100 национално рангирањето на брендови по вредност, Македонија ја нема на листата. Од земјите во регионот Грција е на 57 место, Словенија на 60, Бугарија на 68, Србија на 76 место, а Хрватска на 78 место.
Претседателот на Сојуз на стопански комори, Данела Арсовска во најава на неделата на Македонски квалитет 2019, истакна дека покрај тоа што компаниите треба да размислуваат за својот развој, економската политика во земјата е од големо значење за поддршка во градење на домашните брендови преку стратегија за настап на странските пазари, нивна индивидуална промоција како и спречување на поголеми нарушувања на пазарот од нелојална конкуренција.
„На македонските производи индивидуално може да им се помогне во креација на уникатна додадена вредност, да се насочат на пазари каде можат да постигнат успех, да им се помогне со нови технологии, што би ја зголемило продуктивноста, да се покрене кампања на препознатливост во земјата, регионот па глобално. Голем број производи наместо да се преработуваат кај нас, се извезуваат како суровини или полупроизводи и се продаваат како дел од препознатливи брендови на други земји.
Причините за ваквата состојба се бројни, но главно се од финансиска природа, резултат на малиот пазар и малата економска моќ на компаниите да вложуваат во сопствениот бренд. Токму затоа, треба да се постават јасни цели, да се поддржат индивидуално компаниите кои имаат предуслови за развој на сопствениот бренд, преку таргетирање на овие компании, на пазарите каде треба да се пласираат производите, да им даде поддршка со информации за законската регулатива на земјата во која се извезува, за потрошувачите и конкуренцијата на тој пазар како и поддршка за пласман и позиционирање.
Сојузот на стопански комори на Македонија предлага отпочнување со пилот проекти каде би се инвестирало во поединечни компании со голем потенцијал, кои можат да дадат резултати не само да се постигне раст на поединечна компанија и бренд, туку и Македонија да се мапира и да отпочне да се препознава како земјата на потекло на тие поединечни успешни брендови” истакна Арсовска.
Јакнење на домашните брендови значи и јакнење на националниот бренд како најважен капитал на секоја држава во денешниот глобален свет, кој ги промовира инвестициите, додава вредност на извозот и ќе не постави во иднина на ранг листите, како земја од која потекнуваат препознатливи и квалитетни бренд производи.
Економија
СДСМ : Стапката на невработеност на историски најниски 17,1 отсто

„Економските политики и мерки на СДСМ даваат реални и видливи резултати. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека стапката на невработеност изнесува 17,1 отсто.Тоа е историско најниско ниво на невработеност“, соопшти СДСМ.
Според партијата, за нешто повеќе од две години отворени се над 54.000 работни места доминантно во приватниот сектор.
„Со официјалното членство во НАТО но и со активните мерки за вработување на Владата предводена од СДСМ ваквиот тренд на опаѓање на невработенсота ќе продолжи да се намалува и во следната година.На прав пат сме, продолжуваме да градиме развојна и конкуретна економија и да поттикнуваме економски раст и развој и отворање на нови работни места со што придонесуваме за дополнителен пад на стапката на невработеност“, се додава во соопштението.
Економија
Започна исплатата на МојДДВ – три милиони евра ќе им бидат исплатени на граѓаните

Од вчера започна поврат на дел од платеното ДДВ за месеците јули, август и септември кон граѓаните. Над сметките на над 16.000 граѓани исплатени се парите од повратот на 15 отсто од ДДВ, соопшти СДСМ.
Според партијата, до крајот на идната недела ќе бидат исплатени сите граѓани кои скенирале фискални сметки.
„Само преку оваа мерка над 3 милиони евра се враќааат директно кај граѓаните. Преку мерката МојДДВ за првпат државата враќа пари директно на трансакциските сметки на граѓаните. Концептот ‘Парите назад кај граѓаните’ се реализира во целост и дава одлични резултати. На прав пат сме, преку конкретни мерки и политики докажуваме што значи вистинска грижа за сите граѓани“, се додава во соопштението.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци